Со блескава изведба на претставата „Фортуна“ означен почетокот на театарскиот фестивал „Вдиши театар“

Синоќешната „Фортуна“ ги разбранува срцата и ги исполна градите на бројните охриѓани и гости кои вдишаа театар на сцената во предворјето на црквата Св.Софија. Со блескава изведба на претставата „Фортуна“, театарската група при Црвен крст Охрид, го означи почетокот на овогодинешниот меѓународен младински театарски фестивал ВДИШИ ТЕАТАР, кој во организација на Црвен крст Охрид по трет пат се реализира во Охрид, од 1-4 јуни. Под менторство на авторите на оваа претстава Маре Ристеска и Весна Терзиоска, младите талентирани актери-аматери на вешт начин, преку бројни комични сцени, ја пренесоа животната приказна…

повеќе...

Почнува третиот Mеѓународен младински театарски фестивал „Вдиши театар“

Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви го најавува одржувањето на третиот по ред Меѓународниот Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“. Целта на овој Театарски Фестивал е поттикнување на младите за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст Охрид, но и поттик за останатите да се приклучат и ги стекнат и…

повеќе...

„Импровокација“ утревечер пред охриѓани

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар утревечер повторно ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“, со почеток во 20:00 часот. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. Билетите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба по цена од 150 денари, а на денот на изведба по цена од 200 денари. WebOhrid

повеќе...

???????? ????? – ???????? ?? ?????? ????????

?? ?????? ??????? ????????, ? ?? ????? ????? ?? ????????, ?????? ???????? ????????? ?? ?????? ??????????? ???????? ????? ?????? ?????? ?? ????? ?????, ?? ?????????? ?? ????? ???????????????? ?? ????????, ? ?? ?????? ?? ???? ???????? ?? ????? ? ???????????. ??????????? ?? ???? ????????????? ? ???????????? ?? ??????? ????????? ????????-???????? ? ???? ???????? ?? ?????? ???????? ?? 2016 ?????? ?? ???????? ?? ?????????????? ?? ???????. ??????? ???? ?? ????????? ????????? ????????? ???? ????????? ?? ????? ?????????? ???????? ???? ?????? ?? ?????? ?????, ???????? ?? ??????? ????? ????????. ?? ???????????, ??????…

повеќе...

„Случајот Хармс“ – премиера на Театар Комедија

За својот четврти роденден, а по повод Денот на театарот, Театар Комедија премиерно ја изведе претставата „Случајот Хармс“ според делата на Данил Хармс, по адаптација на Жељка Удовичиќ–Плештина од Хрватска, а во режија на Дино Мустафиќ од Босна и Херцеговина. Претставата на која присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска е прва премиера на Театар Комедија во 2016 година со поддршка од Министерството за култура. Станува збор за современа театарска претстава која изобилува со силна колективна актерска игра водена од самиот Хармс, толкуван од актерот Илија Илијоски. Во претставата, покрај…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден на театарот во Македонија

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска по повод Светскиот ден на театарот го посети објектот во изградба на Турскиот театар и притоа на сите актери и театарски работници им посака многу премиери, многу театарски креации и многу уметност. „Театарот е највозвишена сила и енергија во Република Македонија. Со изградбата на инфраструктурата за театарската дејност, како и на многу други објекти од областа на културата се оправдаа нашите заложби во таа насока, бидејќи Македонија има голем број врвни актери и уметници кои го трасираа патот на државата на секаде низ светот…

повеќе...

Театарот за деца и младинци го одбележа 26-от роденден

Театарот за деца и младинци денеска одбележа 26 години постоење. Единствениот национален театар за најмладата публика почна да работи пролетта 1990-та со претставата „Силјан Штркот“ во Универзална сала изведена пред две илјади деца, а три години подоцна доби и свој простор во кој работи и денес. Оттогаш е и амблемот на овој театар – два прегрнати штрка. Директорот на Театарот за деца и младинци Братислав Димитров рече дека прославата на роденденот е убав повод за средба и оддавање почит на сите претходни генерации кои, како што рече, својата фантазија и…

повеќе...

Минстерката Канческа-Милевска го посети Театар Комедија

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го посети Театарот Комедија, во чиј објект во моментов функционираат Албанскиот и Турскиот театар и се сретна со директорите Јелена Жугиќ, Адем Карага и Атила Клинче. „Во Македонија има голем број инвестиции во театарската уметност. Во моментов се градат нови театри. Почната е реконструкцијата на Албанскиот театар, а се гради Турскиот театар. По вселувањето на Македонскиот народен театар во новиот објект и по добивањето на овој простор на Театар Комедија, и овде се направија голем број реконструкции,“ рече Канческа-Милевска. Додаде дека со директорите разговарале…

повеќе...

Нов објект за Драмски театар и шест премиери во јубилејната година

Драмскиот театар – Скопје, кој годинава прославува седум децении постоење, ќе добие нов објект на местото на постојниот. Министерството за култура веќе го објави тендерот за изведувач и понудите ќе бидат отворени по еден месец … „Има доста заинтересирани фирми, отворањето на тендерот е на 4 април, така што доколку биде успешен, може да очекуваме на крајот на април, почетокот на мај, да почне изградбата на нов театар на местото на сегашниот Драмски. Објектот ќе биде доста функционален, со најсовремена сценска технологија по сите светски стандарди. Сите проекти се изработени…

повеќе...

Прикажување на театарска импровизација – „Импровокација“

Охридскиот народен театар на 25ти февруари ќе ја прикажува театарската импровизација „Импровокација“, која ќе ја изведат охридските актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. За „ИМПРОВОКАЦИЈА“ не може да се зборува додека не се одговори на прашањето: што е тоа театарска импровизација? Театарска импровизација, или скратено „Импров“, е форма на театар каде што заплетот, карактерите, дијалогот и приказната се измислуваат и играат во истиот момент од страна на актерите, според претходно зададени задачи и сугестии од публиката. Во „Импровот“ актерите и публиката се тим кои што заедно креираат за…

повеќе...