Продолжуваат успесите на младата тенисерка Тања Стојановска од Охрид

Тања Стојановска од Охрид, која е студентка на Медицинскиот факултет и стипендист на Универзитетот во Бафало, држава Њујорк, изминатите две недели ги бранеше боите на својот Универзитет на два меѓууниверзитетски тениски турнири од Првата НЦАА Универзитетска тениска лига. Притоа, забележа одлични резултати. Имено, играјќи на првата позиција за својот Универзитет, го освои првиот турнир кој се одржа во Бафало, а на кој учествуваа четири Универзитети од Првата НЦАА тениска лига, и притоа беше прогласена за спортист на неделата на својот Универзитет. На вториот турнир, кој се одржа на терените на…

повеќе...

Доделени признанијата за најдобри спортисти во Охрид за 2013 година

Градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа во хотелот Ројал учествуваше на свечениот чин на доделувањето на признанија за најдобри спортисти  во Охрид за 2013 година. Признанија добија Нина Балабан – стрелаштво; Тања Стојановска-тенис; Бојан Ристески –бокс; Јован Јованоски- велосипедизам; Христијан Кузманоски-кошарка; Анастасија Паскали- веслање; Филип Стојаноски- фудбал; Александар Ѓоргиески- фудбал; Мартин Гоџоски- стрелаштво; Ане Спироски-кајак; Новица Велјаноски –велосипедизам; Бојан Мартиноски- рибарење; Мартина Петреска-карате; Валентина Гоџоска-стрелаштво; Цветко Попоски – најуспешен спортски работник-стрелаштво ;Мерко Агрон -Гони  –фудбал (најуспешен тренер со млади); Ристе Савин за животно дело; Кире Заров  за животно дело; Александар Маленко  за…

повеќе...

Започна со работа тенискиот клуб „Охрид“ во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти

Викендов во спортската сала „Тодор Александров“ во с.Велгошти започна со работа тенискиот клуб „Охрид“ предводен од професионалниот тренер (ИТФ сертификат) Крстески Мичо.  Термините за тренинг се следни: – сабота   14:15 часот – недела  13:15 часот Се покануваат сите заинтересирани да дојдат во спортската сала поради формирање на групи кои ќе отпочнат со тренинзи. Бидете и Вие дел од оваа програма, за да заедно ја креираме нашата спортска иднина како наш најголем амбасадор на меѓународен план. Нека овде се родат новиот Ѓоковиќ, Надал, Федерер, Шарапова, Радванска, Лисицки и останатите врвни…

повеќе...

Младата тенисерка Тања Стојановска повторно со одлични резултати

17-годишната Тања Стојановска од ТК Охрид учествуваше на Државното тениско првенство на Македонија за сениорки, кое се одржа во ТК Југ во Скопје од 21-23 октомври, и го освои второто место. Во финалето загуби од Магдалена Стоилковска со 6:3, 6:4. Забележителен успех постигна и 15-годишниот Стојан Стојановски од ТК Охрид, кој стигна до четвртфиналето на Државното тениско првенство на Македонија за сениори. Тања Стојановска во изминативе два месеци учествуваше и на четири ИТФ тениски турнири за млади тенисери до 18 години од цел свет, и постигна одлични резултати, стигнувајќи на…

повеќе...

Охридската тенисерка Стојановска ја претставува Македонија во Швајцарија

На Европското Првенство за јуниорки до 18 години во Клостерс, Швајцарија, од 22-28 Јули, 16-годишната Тања Стојановска од ТК Охрид ја претставува Македонија. Вчера забележа победа во 2 коло над Мара Аргириу од Кипар во 3 сета (2:6, 6:3,6:1). Денес во 3 коло игра против романката Јоана Дуцу. Пласманот во 3 коло и најдобрите 32 во Европа е одличен резултат за Стојановска и за македонскиот тенис.

повеќе...