Зајков позајмен во Шарлерој

Ѓоко Зајков во новата сезона ќе игра како позајмен играч во Белгија, во тимот на Шарлерој. 20-годишниот македонски дефанзивец минатата сезона не доби шанса да игра за првиот тим на францускиот прволигаш Рен, додека пак за вториот тим на Рен одигра 15 натпревари. По завршувањето на позајмицата, Шарлерој ќе има можност целосно да го откупи договорот на Зајков. WebOhrid

повеќе...

Тричковски потпиша за Легија Варшава

Иван Тричковски е нов играч на Легија Варшава. Тој со полскиот клуб потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на уште две. „Сакав повторно да играм во Лигата на шампиони или Лигата на Европа, токму затоа со Легија ми се оствари сонот. Легија е најголемиот клуб во Полска, голем предизвик и голем чекор во мојата кариера. Сакам да му помогнам на тимот во освојувањето на шампионатот, купот и што е можно подалечна фаза во Европското натпреварување“. – изјави Тричковски за официјалната веб-страна на Легија Варшава. 28-годишниот Тричковски минатата сезона играше…

повеќе...

Пандев потпиша со Џенова

Горан Пандев се врати во Италија и потпиша договор со тимот на Џенова. Пандев минатата сезона играше за Галатасарај во Турција, а по завршувањето на договорот, како слободен играч тој повторно се враќа во Италија каде играше од 2001 година во Специја, Анкона, Лацио, Интер и Наполи. Горан Пандев е најтрофејниот македонски фудбалер. Тој има 1 трофеј во Серија А, 5 трофеи од Купот на Италија, 2 трофеи од Супер Купот на Италија, 1 трофеј од Лига на шампиони, 1 трофеј од Светскиот клупски Куп, 1 трофеј од Турската Супер…

повеќе...

Стефан Ристовски потпиша за Ријека

Македонскиот 23 годишен дефанзивец Стефан Ристовски е нов член на хрватскиот прволигаш Ријека. Изминатите 5 години, како член на Парма, Ристовски беше позајмуван во Кротоне, Фросиноне, Бари и Латина, а минатата сезона настапуваше во Серија А за тимот на Парма. Откако Парма објави банкрот и се пресели во најниска лига на натпреварување, Ристовски по истекот на договорот замина како слободен играч. За Ријека, Ристовски потпиша три годишен договор со можност за продолжување на уште една година. Тој изјави дека „Ријека и публиката го заслужуваат трофејот оваа година.“ Минатата сезона Ријека заврши…

повеќе...

Трансфер на Седат Бериша во Бурсаспор

Седат Бериша направи трансфер во Турција и е нов член на тимот на Бурсаспор. Според официјалната веб-страна на Бурсаспор, 25-годишниот  Бериша потпиша три-годишен договор со турскиот суперлигаш. Македонскиот дефанзивец минатата сезона играше за Шкендија, а има настапувано и за екипите на Металург, Милано и Слога Југомагнат. Бериша се очекува да дебитира на првиот официјален натпревар за Бурсаспор во новата сезона, на 8-ми август, кога Бурсаспор ќе игра против Галатасарај во турскиот Супер Куп. WebOhrid

повеќе...

Трансфер на Александар Трајковски во Палермо

Александар Трајковски направи трансфер во Италија во тимот на Палермо. Според официјалната веб-страна на Палермо, Трајковски потпиша петгодишен договор. Изминатите неколку сезони од 2011 година наваму Трајковски беше член на белгискиот Зулте-Варегем, а настапуваше и за Мехелен како позајмен играч во сезоната 2013/2014. WebOhrid

повеќе...

Трансфер на Муарем Муарем во Ескисехирспор

Македонскиот фудбалер со турско потекло Муарем Муарем направи трансфер во Турција во тимот на Ескисехирспор. Муарем потпиша тригодишен договор со турскиот суперлигаш, а веднаш по потпишувањето на договорот тој се враќа во Македонија каде ќе му се приклучи на тренинг-кампот на македонската репрезентација пред квалификацискиот натпревар против Словачка, кој ќе се игра на 14 јуни во Жилина. Муарем веќе играше во Турција во сезоната 2010/2011, но тогаш заедно со Јован Костовски за тимот на Ордуспор во Првата лига, кога Ордуспор успеа да обезбеди промоција во Турската Суперлига. Потоа Муарем една полусезона…

повеќе...

Кристијан Наумовски се врати во Динамо Букурешт

По неколку месеци поминати во Бугарија во тимот на Левски Софија, Кристијан Наумовски повторно се врати во Динамо Букурешт во Романија. За тимот на Динамо, Наумовски бранеше четири сезони од 2010 до 2014 година кога ги освои романскиот Куп, како и Супер-купот на Романија во 2012 година. За официјалната веб-страна на Динамо Букурешт, Наумовски изјави дека е среќен што е повторно назад во тимот, и дека ќе даде се од себе повторно да го види тимот на врвот од табелата во Првата Лига во Романија.  WebOhrid

повеќе...

Ристовски се враќа во Латина, Јакимовски на проба во Варезе

Стефан Ристовски се врати во Латина, поточно Парма повторно го прати на позајмица во Серија Б во тимот на Латина до крајот на оваа сезона. Никола Јакимовски моментално се наоѓа на проба во Варезе. Тој е моментално слободен играч откако беше ослободен од Јагодина. Ристовски и Јакимовски ќе ги спасуваат своите тимови во борбата за опстанок во Серија Б лигата. Тимот на Латина е на 21 место, додека пак тимот на Варезе се наоѓа на 18 место во Серија Б. WebOhrid

повеќе...

Пандев и официјално во Галатасарај

Горан Пандев потпиша двегодишен договор со турскиот суперлигаш Галатасарај. Откако тренерот на Наполи, Рафа Бенитез не му укажа доволно доверба и шанса да се докажува во Наполи, неизвесна беше судбината на Пандев кој побара нов клуб. Многу клубови покажаа интерес, но не и конкретна понуда. Најзаинтересирани за неговите услуги беа Галатасарај и Милан. Во последните денови од трансфер периодот голем интерес за Пандев покажа германскиот бундеслигаш Херта од Берлин, што се покажа можеби како поттик повеќе за Галатасарај да направи посериозен пристап и да го доведе нашиот интернационалец во своите…

повеќе...