Трансфер на Седат Бериша во Бурсаспор

Седат Бериша направи трансфер во Турција и е нов член на тимот на Бурсаспор. Според официјалната веб-страна на Бурсаспор, 25-годишниот  Бериша потпиша три-годишен договор со турскиот суперлигаш. Македонскиот дефанзивец минатата сезона играше за Шкендија, а има настапувано и за екипите на Металург, Милано и Слога Југомагнат. Бериша се очекува да дебитира на првиот официјален натпревар за Бурсаспор во новата сезона, на 8-ми август, кога Бурсаспор ќе игра против Галатасарај во турскиот Супер Куп. WebOhrid

повеќе...

Ученици од „Јахја Кемал“ на тридневна екскурзија во Истанбул

Деветтоодделенците од познатото основно училиште „Јахја Кемал“ од Струга, заедно со своите наставници ја реализираа традиционалната генерациска екскурзија во Истанбул, Република Турција. Во рамките на тридневната екскурзија беа посетени речиси сите позначајни места од каде со фантастично-возбудливи и незаборавни спомени се враќаат и учениците и наставниците кои уживале во убавините на некогашниот Стамбол и уште додаваат: -Навистина беше фантастично! WebOhrid им верува и на фотографиите кои ни ги доставија -проследете ги! WebOhrid

повеќе...

Потенцијални инвеститори од Турција на средба со градоначалникот Бакрачески

Претставници на познатата компанија „Fish and chips“, од Турција предводена од директорот Левент Ерсој на денешната средба со Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, најавија дека се заинтересирани за инвестирање во Охрид. Гостите од Турција го информираа градоначалникот Бакрачески дека бараат погодни локации за изградба на големи Аутлет- шопинг центри кои би се граделе на излез од градот во близина на регионалниот пат Охрид Кичево, како и површини на крајбрежјето погодни за изградба на викендици и аква паркови. На средбата гостите покажаа интерес и за руинирани објекти сместени на атрактивни локации…

повеќе...

Турција: ЕКО Конференција за климатски промени

Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири присуствуваше и зборуваше на состанокот на високи претставници на земјите членки на ЕКО Секретаријатот (Economic Cooperation Organization), на балканските држави и на интернационалните организации, што се организираше во рамките на EКO Конференцијата за климатски промени која од 25-27 март се одржува во Сафранболу во Турција. Во овој висок сегмент од конференцијата, министерот Изаири ги презентираше досегашните и идни акции на Македонија за намалување на емисиите на стакленички гасови и за справување со климатските промени, а во контекст на активности што…

повеќе...

Попоски и Чавушоглу ја потврдија добрата соработка меѓу Турција и Македонија

Македонија и Турција имаат интензивна соработка на сите полиња од заеднички интерес, потврдена и преку чести средби на високо ниво, а економските релации бележат нагорен тренд и можности за натамошно унапредување, констатирале министерот за надворешни работи Никола Попоски и неговиот турски колега и домаќин Мевлут Чавушоглу на средбата во Анкара, во рамки на официјаланата посета на Турција. Како што соопшти МНР, средбата беше искористена и за размена на мислења од аспект на регионалната и меѓународната соработка. Потенцирајќи ја успешната соработка во рамките на регионалните иницијативи и на меѓународно ниво, министерот…

повеќе...

Македонија земја на богато културно наследство промовирана на саемот за туризам во Истанбул, Турција

Успешно по четврти пат Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот учествуваше на “ЕМИТ” саем за туризам во Истанбул, Турција од 22-25ти Јануари, 2015. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година имаше успешно саемско промовирање, со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда добро позната на турските туристи. Македонија земја на богато културно наследство, Македонија како земја на Кемал Ататурк и неговиот татко Али Риза ефенди кој е роден во Коџаџик, Дебар. Туристичкото промовирање е уште една одлична можност за…

повеќе...

Продлабочување на соработката во областа на културата со Република Турција

Државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи, оствари работна средба со Хака Озчелик, аташе за култура во Амбасадата на Република Турција во Република Македонија. На средбата беше изразено заемното задоволство од нивото на соработката меѓу двете пријателски земји на полето на културата, а беа разгледани и можностите за нејзино унапредување. Државниот секретар Шехапи се осврна на соработката и реализираните проекти во партнерство со Турската агенција за развој и соработка ТИКА и ја истакна заемната потреба од проширување на спектарот на дејствување при планирањето на активностите во наредниот период. Во…

повеќе...

Турски компании заинтересирани да инвестираат во Македонија

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески вечерва во хотелот Стоун Бриџ пред претставниците на компании од Република Турција кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија ги презентираше поволностите за инвестирање во нашата земја и ги запозна со актуелната состојба. „На покана на македонско-турската стопанска комора ќе присуствувам на средба со повеќе турски компании кои веќе инвестираат во Македонија и кои сакаат да инвестираат во земјава. Ќе отвориме една дискусија за нивните проблеми, за истите да бидат надминати. Ова е добра пракса се со цел да се стекне едно пријателство…

повеќе...

АРМ прими донација од Република Турција вредна 2 милиони долари

Од осамостојувањето на Република Македонија, Турција беше првата земја која подаде пријателска рака, земја која изрази подготвеност за соработка и помош во сите сфери, а особено во областа на одбраната. Отвореноста и блиската соработка се најзначајната алка во градењето на стратешките односи помеѓу двете земји. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во своето обраќање по повод примопредавањето на донација на воено маскирни униформи и чизми од Република Турција, за Армијата на Република Македонија кое се одржа денес во кругот на Министерството. Денешната донација, додаде министерот…

повеќе...

Македонија, Турција и Бугарија ја продлабочуваат научната соработка

Министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, денеска, во Охрид се обрати на трилатералната средба за научна соработка меѓу водечките универзитети и академиите на науки на Република Македонија, Република Турција и Република Бугарија, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Средбата се одржа со цел дефинирање на заедничките приоритети за соработка во повеќе научни области, со особен фокус на заедничкото учество и искористување на меѓународните истражувачки и развојни фондови. За време на средбата водечките универзитети и академиите на науки, потпишаа петгодишен Меморандум за соработка со кој се предвидува унапредување…

повеќе...