Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија по втор пат го промовира туристичкиот потенцијал пред унгарски туристи за време на саемот за туризам во Будимпешта, Унгарија (HUNGEXPO). Пред публика од 32.000 посетители и бројни тур-оператори, организации и институции, преку најразлични алатки за промоција беа претставени убавините на Македонија и потенцијалот за инвестирање во туристичката индустрија. Интересот на унгарците е главно насочен кон запознавање на нашата култура и историја, а од круцијално значење за туристите од оваа држава се авто-камповите поради фактот дека поголемиот процент од нив транзитираат…
повеќе...Tag: туризам
„Охридска вечер и Охридски денови“ во Белград
Практикувајќи го новиот пристап на афирмација, промовирање и презентирање на Охрид како најпосакувана туристичка дестинација во регионот, и оваа година Општина Охрид учествуваше на најголемата туристичка смотра на Балканот, Белградскиот саем на туризмот кој се одржа од 23 до 26 ти февруари а на кој се претставија преку 1200 излагачи од целиот свет. Се со цел успешна интегрирана туристичка промоција,преку штандот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, општина Охрид ги промовираше природните, културни и историски знаменитости на градот. Во текот на четирите саемски денови претставниците…
повеќе...Македонскиот туристички производ промовиран за прв пат на саем за туризам во Данска
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, после саемот Vagabond во Копенхаген, за првпат ја претставува туристичката понуда на најголемиот интернационален саем за туризам на Скандинавија во Хернинг, Данска (24-26.02.2017). Саемот за туризам во Хернинг е организиран во 13 хали, а туристичката понуда на 1100 изложувачи е претставена пред 61 885 посетители на саемот. Агенцијата за промоција и поддшка на туризмот ги претстави природните убавини, и можностите за активен туризам, привлечувајки огромен интерес кај скандинавскиот туристичкиот сектор и посетителите. Во конкуренција од 51 земја која насаемот ја…
повеќе...Осум години во континуитет македонскиот туристички производ промовиран на саемот за туризам во Белград
Во организација на АППТРМ, македонскиот туристички производ по осми пат е промовирам на меѓународниот саем за туризам “ITF”-Србија, што се одржа во Белград од 23ти до 26ти февруари, 2017 година. Континуирано остваруваме средби со нашите долгогодишни партнери со кои ја одржуваме меѓусебната соработка, како и остварени нови контакти со Asteria travel и Balkan Break кои сакаат да ја вметнат Македонија во нивната туристичка понуда. На македонскиот штанд беа присутни претставници од приватниот туристички сектор, а се промовираамакедонските дестинации кои се доволно атрактивни и богати со понуда за да го привлечат…
повеќе...Македонија фаворит за Активен туризам во Лондон
Со штанд број 19 во конференцискиот центар Олимпиа во Лондон, Македонија се претстави на Конференцијата за Активен туризам и бизнис со понудата специјално подготвена за овој настан. На конференцијата на која се присутни 200 учесници – излагачи, тур-оператори и медиуми, Агенцијата за туризам дискутираше за предизвиците и трендовите на оваа брзо растечка индустрија. Активниот туризам во Македонија станува се поактрактивен и експлоатиран, особено после одржувањето на Регионалната конференција во мај 2016-та година во Охрид, каде 300 делегати имаа можност да се запознаат со убавините на Македонија. Агенцијата за туризам на…
повеќе...Утре во ФТУ ќе се одржи крводарителска акција „Разбуди го крводарителот во себе!“
Црвен крст Охрид ги заокружува активностите во делот на крводарителството насочени кон прибирање на доволни количества на крвни единици за 2016 година, со организирање на редовна крводарителска акција на ФТУ Охрид која ќе се реализира утре, 20 декември (вторник) од 10:00 до 14:00 часот во Факултетот за туризам и угостителство. Од Црвен крст Охрид ги покануваат студентите од двата факултети во Охрид, да учествуваат на крводарителската акција, но и сите останати хумани луѓе кои сакаат и можат да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот.
повеќе...Компанијата „Камфуд“ во преговори со познат хотелски бренд за изградба на супер модерен хотел во Охрид
Македонската компанија „Камфуд“ е во напредна фаза во преговорите со еден од најреномираните светски хотелски брендови за изградба на хотел со пет ѕвезди на брегот на Охридското Езеро. „Она што до овој момент можеме да го кажеме е дека преговорите се одвиваат според предвидената динамика. Станува збор за огромен проект и мора да се согледаат сите аспекти. Во оваа фаза можеме да потврдиме Охрид ќе добие супер-модерен објект по највисоки стандарди и ќе се најде на мапата на светски познатите хотелски брендови. Тоа ќе значи и многу вработувања и подигнување…
повеќе...„Травео Травел“ нова туристичка агенција во Охрид
Со пригодна свеченост на која присуствуваа голем број пријатели и деловни партнери, вчера во Охрид беше отворена новата туристичка агенција „Травео Травел“. „Повеќегодишното работно искуство во туризмот, професионализмот и доверливите партнери овозможија агенцијата да започне самоуверено да делува на туристичкиот пазар“, – вели Оливера Ничевска – сопственик и генерален менаџер на туристичката агенција „Травео Травел“. Агенцијата ќе има комплетна понуда со туристички аранжмани во земјата и странство, приватно и хотелско сместување, патничко осигурување, автобуски билети, рент а кар и сите други услуги од туристичката индустрија. Од „Травео Травел“ информираат дека…
повеќе...Романците најзаинтересирани за зимски туризам
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на земјава на есенското издание на саемот за туризам во Букурешт, Романија (Romexpo, 17-20 Ноември, 2016). На саемот во Романија кој е специјализиран за промоција на дестинациите и директна продажба на туристички пакети има 223 излагачи кои својата понуда ја презентираат по 36-ти пат на овој саем. Посетителите и тур операторите од Романија покажуваат голем интерес за Македонија како туристичка дестинација поради фактот близината на двете земји, а преференцата на романските туристи е во насока…
повеќе...Зголемен бројот на туристи во септември
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2016 година изнесува 84 018, а бројот на ноќевањата изнесува 197 122. Бројот на туристите во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 6.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 7.0%. Бројот на домашните туристи во септември 2016 година, во однос на септември 2015 година, е зголемен за 22.7%, а бројот на странските туристи е зголемен за 0.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2016 година, во однос на септември…
повеќе...