Агенцијата за туризам со низа активности за време на саемот за туризам во Лондон, Англија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја претстави туристичката понуда на Република Македонија на најголемиот саем за туризам во Лондон, Англија (World Travel Market – WTM London 2016) кој се оддржа во период од 7-ми до 9-ти Ноември 2016. На саемот ориентиран кон бизнис заедницата, својата понуда ја претставија 50.000 компани, организаи, институции, медиуми и инвестори каде АППТ оствари бројни на состаноци со британски туроператори како што се: Thomas Cook, Flight Center Business Travel, Darrel James Travel, Gem Travel, Reliance Tours, Your Holiday Booking, Euro…

повеќе...

Во октомври непроменети цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2016 година, во споредба со септември 2016 година, остана на исто ниво. Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2015 година, е зголемен за 0.2%.

повеќе...

Позитивна оцена за безбедносната состојба за време на летната туристичка сезона

На иницијатива на СВР Охрид, денеска беше одржан работен состанок со хотелско-угостителските и туристички работници од Охрид. Пред присутните беше направен осврт на безбедносната состојба за време на летната туристичка сезона. Посебен акцент беше ставен на превентивните мерки и активности за подобра меѓусебна соработка со угостителите на безбедносен план. Раководителот не Секторот за локален економски развој, Ѓоко Апостолов посебно ја нагласи улогата и посветеноста на полициските службеници за одржување на поволната безбедносна состојба во градот. „Вложивте големи напори во борбата за постигнување поголема безбедност во градот, деноноќно работевте на подобрување…

повеќе...

Европарламентарката Петир утре на средба со охридските туристички работници

Во рамки на посетата на Република Македонија, Маријана Петир, пратеник од Европскиот Парламент, утре (04.11.2016) во 17 часот во хотел „Милениум Палас“ ќе има средба со претставници на туристичко-угостителскиот сектор. На средбата ќе се дискутира за можностите за развој на туризмот и размена на искуства во сферата на туризмот.

повеќе...

Охрид е во топ 10 најдобри туристички дестинации за 2017 година

Охрид на петто место од 10 за најдобар град за патување во светот за 2017 година, прогласен од најсилниот бренд во туризмот со масивна публика низ целиот свет – Lonely Planet. Како што соопштија од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија Охрид е дел од публикацијата Best in Travel 2017, принтана едиција, која претставува основа за љубителите на патувањето повеќе од 40 години. „Респектираниот водич, кој е најсилен бренд во оваа индустрија, се издава еднаш годишно, потенцирајќи ги дестинациите кои ќе бидат „најжешки” во годината што…

повеќе...

Традиционални македонски производи на Саем во Париз

Македонски ајвар, лутеница, макало, полнети гамби со сирење и други конзервирани производи од овошје и зеленчук произведени во Македонија се дел од палетата прехранбени производи што се презентираат на годинашното издание на Саемот „СИАЛ“ во Париз. Македонските производители од Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук (МАП) на саемот настапуваат под слоганот „Вкусот на Македонија“, а заедничкиот штанд е дизајниран во насока на препознатливост на Македонија како земја со вкусна храна, природни убавини, богата традиција и добра дестинација за започнување и развој на бизниси. Учеството на македонските производители го…

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во првите осум месеци во однос на истиот период лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2016 година изнесува 156 763, а бројот на ноќевањата изнесува 694 641. Бројот на туристите во август 2016 година, во однос на август 2015 година, е намален за 7.2%, а бројот на ноќевањата е намален за 3.9%. Бројот на домашните туристи во август 2016 година, во однос на август 2015 година, е намален за 4.5%, а бројот на странските туристи е намален за 10.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2016 година, во однос на август…

повеќе...

Награден натпревар „Македонија се сака на точак” привлече повеќе од 300 натпреварувачи

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) денес официјално доделија 14 награди за најкреативни фотографии кои вклучуваат природа и активности со велосипед на територијата на Република Македонија за наградната игра “Македонија се сака на точак”. Наградниот натпревар која траеше 3 месеци беше организирана и спроведена преку Фејзбук апликација и имаше за цел да се зголеми свесноста за користење на алтернативен превоз и промоција на убавините на Република Македонија. Сценографијата на фотографијата која беше замислено да содржи…

повеќе...

Македонија дел од најновата мобилната апликација на Гугл – Google Trips

Македонија е една од земјите која со својот туристички производ се најде на најновата мобилна апликација на Гугл – Google Trips.Најновиот производ во сферата на туризмот кој Гугл го презентираше е џебниот туристички водич – Google Trips, персонализиран водич за патување.Со помош на оваа мобилна апликација туристите ќе можат на полесен начин да го организираат своето патување во еден од 200-те топ градови во светот препорачани од Гугл. Република Македонија е застапена на апликацијата со популарните туристички атракции на Охрид, Скопје, Битола (и други градови кои се вклучени во истата)…

повеќе...

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Македонија Бренд лидер во регионот за 2016 година

Во Белград  се одржа шеста по ред Бизнис конференција за Туризам на Југоисточна Европа-СЕЕТ 2016. Награди за достигнувања на полето на туризмот беа доделени на Туристички работници и компании од целиот регион. Наградите се базираат на пазарна анализа и стандардизирани критериуми, кои вклучуваат континуиран позитивен раст, висок степен на пазарна препознатливост, влијание и придонес кон унапредување и популаризација на потенцијалите и создавање на конкурентна слика на туристичката индустрија на Регионот на Југоисточна Европа. На Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија и беше доделена Наградата за Бренд лидер…

повеќе...