Кога ќе погледнете голем број на паркирани автобуси сигурно би помислиле дека во градов почнала нова предизборна кампања и дека тоа се платени политички автобуси полни со партиски војници. Но, овојпат, за среќа не сте во право, ако така помисливте. Вистината, за среќа, е многу порадосна: веќе започнал шпицот на туристичката сезона во Охрид, а сите овие автобуси и многуте илјади возила низ градов се полни со туристи. Нека има полно вакви слики и нека ни трае подолго летото во Охрид! WebOhrid
повеќе...Tag: туризам
Два нови случаи на кражби на македонски регистарски таблички во Грција
Изминатава недела, поточно на 24 и 25 овој месец, граничната полиција евидентираше два нови случаи на кражби на македонски регистарски таблички од возила на наши државјани (во првиот случај кумановски а вториот – струмички регистарски таблички) кои биле на летување во соседна Грција, и притоа локацијата на двата настана повторно е грчкото летувалиште Ханиоти. Практично, појавата на кражби или оштетувања на македонски регистарски таблички во Грција што зачести со почетокот на туристичката сезона продолжува. Во изминатиот период заклучно со овие два случаи вкупно од страна на нашата гранична полиција евидентирани…
повеќе...Сараќини: Пред да патувате склучете договор со туристичките агенции
Министерот за економија Ваљон Сараќини, на прес конференција ја промовираше брошурата наменета за потрошувачите и нивните права при организирани туристички патувања подготвена од министерството за економија и организацијата на потрошувачи на Република Македонија. На прес конференцијата учествуваа и Претседателот на организација на потрошувачи на Република Македонија Маријана Лончар Велкова и Татјана Перовиќ-Митрова од Стопанска комора за туризам. Брошурата, која е испечатена на македонски и на албански јазик, транспарентно и јасно ги претставува правата на потрошувачите при организирани туристички патувања и обврските на туристичките агенции, кои произлегуваат од Законот за туристичка…
повеќе...Поставени подвижни јавни тоалети на шест локации во градот
На шест локации во градот, Фондот за комунален развој при Локалната самоуправа постави 24 кабини (подвижни јавни тоалети). Подвижните јавни тоалети се поставени на паркинг просторот пред Горна Порта, во близина на Домот на култура „Григор Прличев“, кај Студентскиот Дом „Никола Карев“, на крајот од градското шеталиште пред мостот кај каналот Студенчишта, во близина на скејт паркот и во кругот на спортскиот центар „Билјанини Извори“. Одржувањето, дезинфекцијата и стерилизацијата на објектите ќе се врши два пати во неделата. Подвижните тоалети на овие локации ќе останат до крајот на летната туристичка…
повеќе...Преку новите летоци на Општина Охрид – информирани даватели на услуги и нивни корисници
Во согласност со планираните рокови, заклучоците и одлуките кои беа донесени со цел решавање на проблемите и недостатоците во туристичката дејност во Охрид, а чиј што многу важен дел беше подготовката на информативни летоци за сите корисници или даватели на услуги во туризмот, Секторот за туризам и локален економски развој започна со дистрибуција на информативен материјал. Се работи за три различни информативни летоци од кои првиот се однесува на ТУРИСТИТЕ И ПОСЕТИТЕЛИТЕ, вториот леток содржи информации за СТАНОИЗДАВАЧИТЕ И ГОСТИТЕ ВО ПРИВАТНОТО СМЕСТУВАЊЕ, нивните права и обврски и леток кој се…
повеќе...Зголемен бројот на патници во првите шест месеци на аеродромите во Македонија
Во првите шест месеци од 2013 година на аеродромите во Република Македонија е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2012 година. Во првите шест месеци од 2013 година, на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје се регистрирани 443.601 патници на терминалот, што претставува 18.7% повеќе од минатата година, кога биле регистрирани 373.692 патници. На овој аеродром е зголемен и бројот на движења на воздухоплови за 8.7%, а забележано е и зголемување на обемот на карго и поштенски сообраќај за 12.7% во однос на истиот период…
повеќе...Се расчистија 4 диви депонии во Св.Стефан
Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведе акција за расчистување на диви депонии на четири локации во населбата Свети Стефан (од плажа „Горица 3“ до поранешната детска болница). И оваа акција се спроведе по налог на Комуналната инспекција и се расчистуваше градежен шут, зелен отпад и комунален отпад, кој несовени граѓани и правни субјекти, чистејќи ги своите имоти, ги деградирале горе наведените локации. Ангажирана беше специјална механизација, 4 работници и подигнати се околу 30 м³ отпад. Во интерес на туризмот и граѓаните, ниската еколошка свест на поединци, не смее да го нарушува имиџот кој…
повеќе...Заедничка контрола на надлежните институции на вршителите на туристичка и угостителска дејност
За поефикасна контрола на нелегалните агенции, превозници и организатори на разни екскурзии и тури, нерегистрираните даватели на услуги во туризмот и други чинители, a врз основа на заклучоците донесени на предходно одржаниот состанок, Секторот за Туризам и Локален Економски Развој, континуирано организира координирани заеднички контроли со сите надлежни институции, Општински инспекторат, Туристички инспектор, Државен пазарен инспекторат, Пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и МВР. Во таа насока денеска, на повеќе локации, се спроведе успешна заедничка контрола на надлежните институции, при што беа евидентирани низа неправилности кај вршителите на туристичка и…
повеќе...Успешно се одржа манифестацијата „Бело Лето“ на градскиот плоштад во Охрид
Илјадници посетители уживаа во концертот на Каролина Гочева на плоштадот „Св. Климент Охридски“, што се одржа во рамките на манифестацијата „Бело лето“, со која официјално е отворена туристичката сезона во Охрид. Забавата ја збогатија Панчо и ДНК и диџеите Лефанк и Ајсберг. Присутните ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески кој посака успешна туристичка сезона, посочувајќи дека целта е Охрид да биде центар на забавата на Балканот. Покрај забавниот дел, гостите имаа можност да се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид и со традиционалните занаети, кои беа изложени на посебни штандови на…
повеќе...„Бело Лето“ – манифестација за урбаниот имиџ на Охрид
Промоцијата на Охрид во летниот период е клучен сегмент за привлекување туристи и токму затоа за прв пат оваа година во Охрид започнува да се организира манифестацијата „Бело лето“, по примерот на повеќето светски туристички центри која ќе ја прошири туристичката понуда како од временски така и од содржински аспект. „Во областа на туризмот започнува една нова ера, која ние како локална самоуправа заедно со сите надлежни и инволвирани субјекти во овој процес сме подготвени од година во година да ја надоградуваме на повисоко ниво и како што ќе поминуваат…
повеќе...