ОУ „Св.Климент Охридски“ доби нова канцеларија и училница

Поради подобрување на условите за работа, во ОУ „Св.Климент Охридски“ се изгради една канцеларија и една училница. Канцеларијата е направена за потребите на инклузивниот дефектолог, чија работа се покажа мошне успешна, и набавени се дидактички средства за таа потреба. Исто така, поради зголемениот број на ученици во изминатата година, училиштето се соочи со недостиг на училница, па оваа година се направи уште една. Училницата и канцеларијата се направени со помош на донации од Лајонс клуб „Десарети“, од Кармен Бауцентар и од училиштето со свои сопствени средства.

повеќе...

Првоодделенците од ОУ „Григор Прличев“ и годинава станаа членови на Детската организација

Традиционално првоодделенците од ОУ„Григор Прличев“ –Охрид и оваа учебна година станаа членови на Детската организација, додека останатите ученици се вклучени во активностите по повод ДЕТСКАТА НЕДЕЛА. „Вниманието е секогаш насочено кон најмладите на кои им се прочита детското ветување, им се доделија детските пасоши и беџови. Нашето училиште организираше и културно уметничка програма во која учество зедоа учениците од одделенска настава. Низ игра и музика , а потоа и читање на свеченото ветување кое првачињата го повторуваа, во опуштена атмосвера , со многу радост се одбекежа приемот на првачињата во…

повеќе...

Среќен ден за првачињата во ПОУ „Св.Наум Охридски“ во Елшани

Денес во подрачното училиште „Св.Наум Охридски“ во с.Елшани, беше особено значаен и интересен ден за најмалите ученици – првачињата. Имено на иницијатива на наставничката по германски јазик Ивана Маховска Шикалеска, со несебична поддршка од „ЛК Лихнидос“, останатите Лајонс клубови и хумани граѓани и организации, како и од страна на црквата Св.Пророк Илија и црковниот одбор во с.Елшани, на учениците им беа подарени училишни ранци и потребниот училишен прибор за претстојната учебна година. Ранчињата на првачињата им ги подели отец Атанас Казанџиски, кој воедно им посака многу здравје и успех во…

повеќе...

Бронзен медал за ученичка од ОУ „Христо Узунов“ на математичка балканијада во Бугарија

Од 24 – 29 јуни 2017 година во Варна, Република Бугарија за најдобрите математичари од 19 држави до 15,5 години (VIII, IX одд.основно и I год. средно) се одржа XXI Јуниорска Балканска математичка олимпијада (ЈБМО). Ученичката Христина Митреска ( IX одд.) од ОУ „Христо Узунов“- Охрид освои бронзен медал во конкуренција од 108 ученици. На натпреварот официјални учесници се 10 балкански држави, а другите држави се како гости натпреварувачи.

повеќе...

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ го полагаа завршниот практичен дел од матурата

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ Охрид од образовните профили келнер и готвач, го полагаа завршниот практичен дел од матурата. Пред комисијата и предметните професори во кабинетот за готварство, готвачите ги покажаа своите вештини во кујната за подготвување на специјалитети за предјадење, главно јадење и десерти, додека пак во кабинетот за послужување келнерите кувертираа маси за банкет, фламбираа и послужија морски плодови, банани, кувертираа ресторанска сала по ала карт, презентираа вештини од барменството приготвувајќи коктели и беа задолжени за нивно послужување. За матурантите последниот дел од завршниот испит не беше тежок.…

повеќе...

Златен медал за ученичката Анастасија Чутрова од ОУТУ „Ванчо Питошески“

На 12-от Меѓународен натпревар во подготовка на јадења од риба во Ниш, Србија ученичката во трета година од ОУТУ „Ванчо Питошески“, Анастасија Чутрова освои златен медал во категоријата: сениори, јадење од риба. Исто така каке дел од тимот на Македонската aсоцијација на готвачи и шефови на кујни – ГастроМак, заедно ја освоија престижната Гран-при награда како севкупен победник на натпреварот. Во различни категории, меѓу кои и филетирање риба, рибина чорба и рибин паприкаш ученичката успеа да го импресионира интернационалното жири со својата вештина и гастрономски финеси во подготовките на овој…

повеќе...

Полуматурантите од ОУ„Григор Прличев“ прославуваа

Последниот училиштен ден, полуматурантите од ОУ „Григор Прличев“ Охрид го прославија во весела атмосфера. Низ песни и игри го означија крајот на основното образование. Крај кој ја носи разделбата од своите наставници и соученици и предизвикува на моменти тага и желби за блескава животна иднина. На прославата беа прогласени најуспешните ученици: -Првенец на генерација: Ана Димоска; -Второ наградени: Искра Атанасова-Митуш и Сара Ристова; -Најдобара ученичка во ПУ-Рача: Елена Шаптеска.

повеќе...

Завршува учебната година, учениците на распуст

За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, денеска е последниот училишен ден од учебната 2016/2017 година. Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во средни училишта. Првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок е на 28-ми и 29 јуни. Матурантите, пак, утре (10 јуни) ќе полагаат тест по странски јазик. За англиски се пријавени најголем број кандидати (15.201), за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.

повеќе...

Нови успеси на учениците од ОУ „Христо Узунов“

На 29.04.2017 година се одржа Државен натпревар на народна техника во Прилеп. Ученичката Евгенија Стојановска од ОУ „Христо Узунов“-Охрид се закити со сребрен медал во областа фото-техника, под менторство на наставничката Вера Зороска. На 26-27 мај 2017 во Охрид се одржа 46-ти Државен фестивал на непрофесионален филм. ОУ „Христо Узунов“ – Охрид испрати три самостојни филмови и тоа: „Билјана платно белеше“ од ученичката Ивана Пројческа, „Живот и дело на Христо Узунов“ од ученичката Христина Митреска во категоријата документарен филм и „Охрид – место на природна убавина“ од ученичката Ивана Ванкоска…

повеќе...

Четири признанија на литературен конкурс за учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“

На државниот литературен конкурс – Творам за Македонија на тема „За тебе пеам, за тебе пишувам“ во организација на Меморијалниот центар фондација – Никола Кљусев, менторот и учениците Дајана Сиљаноска, Сергеј Костовски и Марија Петреска освоија четири признанија за нивните поетски творби под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски. Учениците за награда се застапени како автори со своите литературни творби во книгата идзадена од организаторот. И во иднина учениците заедно со менторот ќе продолжат да го негуваат убавиот пишан бор и грижата кон македонскиот литературен јазик…

повеќе...