Ефикасно одржување и инвестирање во уличното осветлување

Согласно програмата за развој и работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид јавното осветлување претставува еден од клучните приоритети. Нормалното функционирање на јавото осветлување на територијата на општина Охрид е основната појдовна точка по која се раководи Секторот  за комунални дејности,сообраќај и улици. Во изминатиот период на полето на јавното осветлување секторот за комунални дејности сработи многу,но значајно е да напоменеме дека согласно зацртаната програма остануваат уште неколку важни аспекти за комплетирање на истата на полето на јавното осветлување. Според договорот за јавно-приватно партнерство со економскиот…

повеќе...

Се уредуваа Антички, Грашница, ул.Железничка, 15-ти Корпус и Туристичка

Пред отворањето на годинешното издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“ , екипите на „Паркови и зеленило“ го расчистија и уредија тревниот дел кој се наоѓа над трибините од Антички театар. Активно се вклучивме во акцијата која заеднички се реализира по иницијатива на Црвен крст-Охрид и претставник на Лајонс клубот од Гетеборг. Се чистеа плажите кои не се дадени под концесија на потегот од Грашница до населба Далјан, како и делот од крајбрежјето кај Холандскиот парк. Во оваа акција се собрани над 30 вреќи отпад. Екипите на „Јавна хигиена“ , во…

повеќе...

Охридските улици подготвени за летниот режим на сообраќај

Деновиве, екипи на Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици  при Општина Охрид во координација со екипи на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“, со помош на стручни лица и механизација го воведуваат летниот режим на сообраќај на територијата на општина Охрид. Со жардинјери се ограничува просторот на  улицата „Кеј Маршал Тито“ која  во оваа летна туристичка сезона ќе биде вистинско шеталиште. Се поставува и соодветна вертикална сигнализација која укажува на летниот режим на сообраќај и одредбите кои произлегуваат од него а се обврзани да ги почитуваат пешаците и учесниците во…

повеќе...

Се освежува хоризонталната сообраќајна сигнализација

Како пред секоја туристичка сезона, така и пред оваа, се освежува хоризонталната сообраќајна сигнализација, односно се бојадисуваат осовинските линии и пешачките премини. Уредувањето го врши Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид, а акцијата се спроведува согласно годишното одржување на патиштата. WebOhrid

повеќе...

Од утре стартува летниот режим на сообраќај

На 1-ви јули стартува летниот режим на сообраќај. Предлог одлуката за организирање на режимот на сообраќај во лето денес на 25-та седница, го аминуваа и советниците во Советот на Општина Охрид. Улици затворени за сообраќај ќе бидат: „Кеј Маршал Тито“ од пресекот со кружниот тек на сообраќај до пресекот со улица „Ванчо Николески“; улица „Ванчо Николески“ од пресекот со улица „Партизанска“ до улица Кеј „Маршал Тито“’, пешачката патека од Центарот за обука на вода до Горица. На плоштадот „Св. Климент Охридски“,  на улица „Цар Самоил“,улица „Коста Абраш“ и улица „Илинденска“…

повеќе...

Заврши „Баскерфест“ 2014

Со настапот на самба бендот „BARBAROSA“ , синоќа заврши „БАСКЕРФЕСТ“. Со овации, Охрид, го испрати уличниот фестивал. Трите плоштади, викендов, беа исполнети со ведри и насмеани лица кои уживаа во перформансите на артисти дојдени од целиот свет.  Охриѓани и туристите беа сведоци на еден несекојдневен перформанс и со овации го проследија секој перформанс.

повеќе...

Охриѓани и гостите кои се во Охрид ги почувствуваа позитивните вибрации на „Баскерфест“

Караванот за кого велат дека носи среќа, синоќа пристигна во Охрид. Со неколку часовен настап на  магионичарите, пантомимичарите, претстави во живо, улични танчари започна „БАСКЕРФЕСТ“ 2014.  Ширењето на позитивната енергија на „БАСКЕРФЕСТ“ продолжува и вечерва со почеток во 20.00 часот.

повеќе...

Викендов во Охрид ќе гостува најпознатиот и најпосетуваниот уличен фестивал „Баскерфест“

За првпат оваа година во Охрид утре, 28-ми и на 29-ти јуни ќе гостува најпознатиот и најпосетуваниот уличен фестивал во регионот „Баскерфест“. На Градскиот плоштад, малиот плоштад, плоштадот кај чинарот и низ охридската чаршија со своите несекојдневни перформанси, овој фестивал ќе ги забавува охриѓани и туристите кои престојуваат во нашиот град. Со повеќе од 150 улични артисти, музичари и театри „Баскерфест“ на посетителите ќе им понуди несекојдневно искуство и незаборавна забава, пантомима перформанси, претстава, музика во живо, улични танчери, ликовни изложби, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и…

повеќе...

Во Охрид се одржа ревијално возење моторцикли

По повод воспитно-едукативната акција „Недела за безбедност на моторциклистите во Република Македонија“ денес напладне во Охрид  се одржа ревијално возење моторцикли. Целта на акцијата е испраќање порака за поголема безбедност на моторциклистите во сообраќајот поради нивната се поголема присутност во сообраќајот. Идејата за денешното ревијалното возење моторцикли низ градот е да се покаже заложбата на членовите на моторциклистичките клубови и здруженија на моторциклисти од Охрид за безбедно и внимателно управување моторцикл, почитување на сообраќајните правила и прописи и задолжително користење на заштитните шлемови. Членовите на неколку моторциклистички клубови и здруженија…

повеќе...

Во Охрид утре ќе се одржи ревијално возење моторцикли

По повод воспитно-едукативната акција „Недела за безбедност на моторциклистите во Република Македонија“ утре напладне во Охрид ќе се одржи ревијално возење моторцикли. Целта на акцијата е испраќање порака за поголема безбедност на моторциклистите во сообраќајот поради нивната се поголема присутност во сообраќајот. Утрешното ревијалното возење моторцикли низ сообраќајниците на Охрид што ќе почне од градскиот плоштад, треба да ја покаже заложбата на членовите на моторциклистичките клубови и здруженија на моторциклисти од Охрид за безбедно и внимателно управување моторцикл, почитување на сообраќајните правила и прописи и задолжително користење на заштитните шлемови.…

повеќе...