Хортикултурно уредена улицата „АСНОМ“

Екипите на „Паркови и зеленило„ денес, извршија расчистување на левата и десната страна по ул. „АСНОМ“ , од пресекот со ул. „Кеј Маршал Тито“ до пресек со ул.„Карпош Војвода“, како и потегот на ул. „Булевар Туристика“ од бензиската пумпа до кружната сообраќајница. „Појасот покрај тротоарот и коловозот се расчистуваше од високите треви, а беа отстранети и гранки кои го попречуваа движењето на пешаците.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. Оттаму апелираат до Советите на станари и инвеститорите, самите тековно да ги одржуваат дворните површини .

повеќе...

ЕВН ќе замени оштетено броило за осветлување на три градски улици

Општина Охрид  денеска од  надлежните служби на ЕВН Македонија  побара  во најскоро време да го заменат броилото за улично осветлување кое е во дефект со ново, затоа што истото е причина деновиве без улично осветлување да се три градски улици „Марко Цепенков“ од кружниот тек 2 до Стобекс, улица „Прва Македонска бригада“ од Стобекс до воениот магацин и улица „Момчило Јорданоски“ од кружен тек 2 до населбата „Бараки“, лево и десно, како и до Охрид 2 односно до таканаречената 110-ка. Од ЕВН Македонија  велат дека во најскоро време ќе го…

повеќе...

Ново асфалтирана улица до Долно Лакочереј

Поставен е нов асфалт на улицата која од населбата „Радојца Новичиќ“ води до селото Долно Лакочереј со должина од 1 400 метри. Проектот е на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид, а се изведува во соработка со Агенцијата за државни патишта. На асфалтирањето му претходеше подготовка на теренот и поставување на нова канализациона мрежа во должина од 1 200 метри. Во наредниов период се  подготвува за асфалтирање  вториот дел од патот што ги поврзува  селата Долно и Горно Лакочереј.

повеќе...

Продолжува акцијата на пополнување на ударните дупки низ улиците во Охрид

Продолжува акцијата на пополнување на ударните дупки низ охридските улици. Денес ќе се пополнуваат дупките низ улиците во населба Воска и на кеј  „Маршал Тито“.  Во рамки на проектот за пополнување на ударните дупки досега е поставен асфалт на површина од  450 метри квадратни. Акцијата  за пополнување на ударните дупки Секторот за комунални дејности ,сообраќај и улици при попштина Охрид ја започна пред околу 10 дена. Најпрво се санираат  дупките низ централните градски улици, „Партизанска“ и „Димитар Влахов“, по што следеше санација на оштетените делови на  „7 –ми Ноември “,…

повеќе...

Се уредува тротоарот на улицата „Карпош Војвода“

Екипа на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово го средува тротоарот на улицата „Карпош Војвода“ кој беше прекриен со трева. Беа исечени и исушените остатоци од дрворедот, каде за жал, од страна на несовесни граѓани беа искршени младите дрвца. Покрај ова беше исчистен и тревникот (сoпственост на станарите), кој во минатото беше неуреден и полн со отпадоци.

повеќе...

Продолжи асфалтирањето на ул. „Ѓорги Сугаре“

Во насока на подобрување на патната инфраструктура Локалната самоуправа со забрзано темпо во пресрет на летната туристичка сезона ја реализира програмата за комунален развој. Изминатиот период се вршеа повеќе инфраструктурни зафати во населба 15-ти Корпус.  Асфалтирање на улицата „Ѓорги Сугаре“ се врши во две фази. Во првата фаза се асфалтираше крак со површина од 760 м2, а во втората фаза се асфалтира крак со површина од 700 м2 или вкупно се асфалтира површина од 1 460 м2. Претходно на оваа улица се изврши поврзување на канализационата мрежа, а се реконструира…

повеќе...

Позитивните вибрации на „Баскерфест“ ќе се почувствуваат во Охрид

Караванот за кого велат дека носи среќа, за првпат оваа година ќе гостува во Охрид. Најпосетениот уличен театар „Баскерфест“ на 28-ми и 29-ти јуни, на Градскиот плоштад и низ охридската чаршија со своите несекојдневни перформанси ќе ги забавува охриѓани и туристите. Со повеќе од 150 улични артисти, музичари и театри „Баскерфест“ на посетителите ќе им понуди несекојдневно искуство и незаборавна забава, пантомима перформанси, претстава, музика во живо, улични танчери, ликовни изложби, креативни активности – вистински сплет на културни, забавни и уметнички содржини.  Уличните фестивали се значајна културна атракција во многу…

повеќе...

Завршена обновата на дрворедот по „Партизанска“ – следи поставување на штитници

Замената на дрворедот од липи по ул. „Партизанска“, на потегот од поштата до „Комерцијална банка“, „Охридски Комуналец“ го заврши по предвидениот план. „Отстранети беа 50 липи, а засадени се нови стебла од видот лигустрм, вкупно 64 садници.“– информираат од претпријатието. Активностите околу формирањето на новиот дрворед продолжуваат со поставување на заштита на новите стебла. „Се поставуваат метални декоративни штитници од сопствено производство со кои лигуструмите ќе се заштитат од механички повреди и ќе се спречи искривувањето на стеблата.“- додаваат оттаму.

повеќе...

Се пополнуваат ударните дупки

Општина Охрид денес започна акција за пополнување на ударните дупки низ охридските улици. Најпрво се санираат  дупките низ централните градски улици, „Партизанска“ и „Димитар Влахов“, по што ќе следи санација на оштетените делови на  „7 –ми Ноември “, „Бекир али Риза “ и на останатите улици низ Охрид каде има потреба од  ваков зафат. Во акцијата бехатон плочките се  отстрануваат а на нивно место се става асфалт.   Со проектот е предвидено   асфалтен материјал да се стави на  површина од околу  1 500 квадрати.   

повеќе...

Новоасфалтирани улици и потпорен ѕид во Пештани

Градоначалникот Никола Бакрачески денеска во туристичката населба Пештани направи увид на инфра-структурните работите кои што  во  изминатите околу  три месеци  ги реализира   Општина Охрид. Во Пештани еќе  е изграден потпорниот ѕид, асфалтирана е улицата „Стевче Илоски“, а реконструирани се и две помали улички.   „Задоволен сум од реализираните активности. Потпорниот ѕид  кој се  простира  од рибниот ресторан до објектот на некогашната полициска станица во должина од 200 метри е целосно изграден. Во тек се активности за уредување на инсталациите односно инфраструктурата  и веднаш после тоа просторот хортикултурно ќе се…

повеќе...