ЈП „Охридски Комуналец “ од понеделник започнува со реконструкција на дрворедот по ул. „Партизанска“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека од понеделник – 19-ти мај започнува со реконструкција на дрворедот по улицата „Партизанска“. Постоечките дрвја на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрвја од видот лигуструм. Искуството со дрворедот по улицата „Димитар Влахов“ покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен. Заради тоа, од ЈП „Охридски Комуналец“ до граѓаните упатуваат барање и апел да не ги паркираат своите возила на улицата „Партизанска“ во времетраење од 06:00 часот…

повеќе...

Започна хортикултурното уредување на бетонската жардињера на „Железничка“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ започна со реализација на втората фаза од уредувањето на бетонската жардињера на улица „Железничка“, на потегот од кружниот тек на улицата „15-ти Корпус“ до сообраќајната клучка на влезот во Охрид. Во првата фаза жардињерата беше исполнета со земја, а сега во втората фаза во која жардињерата хортикултурно се уредува, се дополнува со површински слој од плодна хумусна земја и се засадуваат декоративни зимзелени грмушки од видовите: пироканта, вибрунум, берберис и др. Активностите се одвиваат синхронизирано со МЈП „Проаква“, кои го поставуваат системот за автоматско наводнување по принципот…

повеќе...

Се асфалтираат повеќе улици во градот

Остварувањето на проектите од ветената програмата е во врвот на приоритетите на градоначалникот Никола Бакрачески. Па зато денес градоначалникот Бакрачески заедно со дел од најблиските соработници, изврши обиколка на улиците на кои се вршат инфраструктурни зафати. Градежни активности се одвиваа на повеќе улици низ градот меѓу кои се улиците „Ѓорче Петорв“ и „Железничка“. Улицата „Ѓорче Петорв“ се асфалтира со површина од 260 м2.Потоа на улицата „Железничка“ се асфалтира крак од 400 м2. Во населбата „Радојца Новичиќ“ се асфалтираат повеќе краци и тоа :  Прв крак со површина од 220 м2,…

повеќе...

Во населбата 15ти Корпус се извршија повеќе инфраструктурни зафати

Градоначалникот Бакрачески ја посети и населбата 15ти Корпус, каде во тек се повеќе инфраструктурни зафати. На улицата „Ѓорги Сугаре“ се изврши поврзување на канализациона мрежа, а се реконструира и дел од водоводната мрежа. Потоа се пристапи кон асфалтирање на улицата. Асфалтирањето се врши во две фази, во првата се  асфалтира крак со површина од 760м2, а во втората крак со површина од 700 м2 или вкупно ќе се асфалтира површина од 1 460 м2. Во наредниот период ќе се продолжи со несмалено темпо да се работи на подобрување на инфраструктурата,…

повеќе...

Се крпат ударните дупки на улицата „Абас Емин“

На барање на граѓаните, денеска Локалната самоуправа започна со санација на долгогодишниот проблем кој го имаат жителите од улцата „Абас Емин“. Имено оваа улица претставуваше долгогодишен проблем кој го имаа грѓаните и едно грдо лице на Охрид, со кое туристите се среќаваа во летниот период. Со крпењето на ударните дупки се решава проблемот на жителите од овај дел на градот и се подобрува впечатокот на туристите. Утре се отпочнува со санација на улицата „Јане Сандански“. Ваквите активности на локалната за уредување на градот пред почетокот на летната сезона продложуваат и…

повеќе...

Во Пештани се гради потпоред ѕид и се поплочуваат улици

Во рамките на програмата за комунален развој за оваа година во селото Пештани се гради потпорен ѕид покрај езерото на потегот од рибниот ресторан до поранешната зграда на  полициската станица. Покрај изведувањето на работите на овој проект градоначалникот Бакрачески  посети и неколку локации каде со бехатон плочки се покриваат  улички.

повеќе...

Се санираат ударните дупки на повеќе улици во Велгошти

Со подобрувањето на временските прилики започна и санирањето на ударните дупки. Денеска се санираа ударните дупки на повеќе улици во селото Велгошти. Според однапред утврдена динамика  на Секторот за комунален развој и сообраќај, крпење на ударни дупки ќе се врши  на повеќе улици во градот и приградските населени места.

повеќе...

Се одбележуваат дел од крстосниците во Охрид

Јавното Претпријатие „Нискоградба“ – Охрид со цел зголемување на безбедноста на возилата и пешаците денеска врши обележување на раскрсницата на улиците „Даме Груев“ и „Марко Нестороски“ (ОУ Христо Узунов) и улиците „Марко Нестороски“ и „Васил Главинов“.

повеќе...

СВР Охрид презема низа мерки на превентивен и оперативен план за вечерашниот митинг

Во функција на натамошно одржување на стабилна и поволна безбедносна состојба на подрачјето како и безбедно одвивање на вечерашниот митинг во Охрид поврзан со претседателските избори, СВР Охрид презема низа мерки на превентивен и оперативен план. Мерките првенствено се насочени кон превентивно физичко обезбедување на сообраќајниците, паркинг просторите како и централното градско подрачје каде ќе се одржи митингот. СВР Охрид ги интензивира мерките за сообраќајно превентивно обезбедување кои се одвиваат со  предупредувања на сите неправилно паркирани патнички и други моторни возила по должината на Булеварот „Туристичка“, но и во центарот…

повеќе...

Наредните 3 денови ќе биде оневозможено движење на возила по улицата „Коста Абраш“

Јавното претпријатие „Нискоградба“ – Охрид ги известува граѓаните дека, од утре (среда 19-ти март) до (петок 21 март) поради изведување градежни активности –реконструкција на дел од улицата „Коста Абраш“,  ќе биде оневозможено движење на возилата  од 08:оо до 18:оо часот.

повеќе...