Утре ќе биде оневозможено движење на возила по улицата „Коста Абраш“

Јавното претпријатие „Нискоградба“ – Охрид ги известува граѓаните дека, утре (петок 14-ти март) заради изведување градежни активности – реконструкција на дел од улицата „Коста Абраш“,  ќе биде оневозможено движењето на возила на потегот од  месноста Сараиште до Градското Пристаниште.

повеќе...

Се санираат улиците во стариот дел од градот

По неодамнешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески со граѓаните од стариот дел од градот, на која беа изнесени нивните проблеми од областа на инфраструктурата, денеска охридските јавни претпријатија „Градски гробишта“ и „Ниско градба“ започнаа  акција на санирање на оштетените делови низ улиците од стариот дел на градот. Градежните активности започнаа од просторот кај малиот плоштад и ќе се одвиваат по целата должина на улицата „Коста  Абраш“ до црквата Св.Софија при што ќе се   преуредуваат  коцките од калдрмата  таму каде има нејзино оштетување, а просторот околу црквата партерно ќе се…

повеќе...

Хортикултурно уреден просторот кај крстосницата „Питу Гули“ – „Марко Нестороски“

Според утврдената динамика од страна на општина Охрид за создавање  40 нови зелени катчиња на целата територија на општина Охрид,  Ј.П. „Охридски Комуналец“ хортикултурно го оплемени новоуредениот простор кој се наоѓа во УЗ. „Горна Влашка Маала“, во близина на чинарот, на аголот од крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“. Засадена е трева, 150 сезонски цвеќа и 30 декоративни садници.

повеќе...

Хортикултурно се дотерува „Булевар Туристичка“

Во текот на оваа работна недела екипите на „Паркови и Зеленило“ вршат пролетно средување на дрворедот вдолж сообраќајницата „Булевар Туристичка“. Оштетените дрвја се санираат, сувите и искршени гранки се отстрануваат, а крошните се оформуваат. Исто така се коси тревниот дел вдолж оваа сообраќајница на потегот од крстосницата кај Градскиот пазар до месноста Петља.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на терен утврдуваше како се работи на патот Вапила-Сирула

Градоначалникот Никола Бакрачески денес на терен утврдуваше до каде и како се одвиваат градежните активности за асфалтирање на патот од селото Вапила до селото Сирула кое започна пред околу 10 дена. За овој краток временски период, патот речиси е целосно тампониран, а се очекува асфалтирањето да започне идната недела. Проектот опфаќа реконструкција во должина од  1 700 метри и изработка на нов  пат во должина од 2 700 метри. Рокот  на изведба на работите ќе биде два месеци. Проектите за асфалтирање на патот од Вапила до Сирула и за асфалтирање…

повеќе...

Се асфалтираат улици во Косел

Со забрзано темпо  Општина Охрид го реализира  проектите  за асфалтирање на улици  во селото Косел  што   започна  пред десет дена. За овој краток временски период во селото Косел од вкупно 8 предвидени улички со должина од 1 000 метри и површина 3 000 метри веќе целосно асфалтирани се три улици. На почетокот од проектот на терен беше и градоначалникот Никола Бакрачески, кој истакна дека рокот за изведување на работите во село Косел е еден месец. Активностите   за асфалтирање на уличките во Село Косел и за асфалтирање на патот…

повеќе...

Утре прекин во водоснабдувањето на повеќе улици во градот

МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“ Охрид, ги известува граѓаните дека поради приклучок на главна водоводна линија, утре, среда 26-ти февруари од 07:30 до 16:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „Димитар Влахов“, „Мите Богоески“, дел од улицата „Партизанска“, „Климент Охридски“, „Цар Самоил“, „Самоилова“, „Коста Абраш“, „Петар Чауле“, дел од улицата „Климентов Универзитет“, до пресекот со „Нада Филева“, „11-ти Октомври“, „Охридска Архиепископија“, долниот дел од улицата „Илинденска“ и „Кеј Маршал Тито“.

повеќе...

Се уредува просторот кај крстосницата „Питу Гули“ – „Марко Нестороски“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ го оплеменува просторот кој се наоѓа во Урбана заедница Горна Влашка Маала, во близина на чинарот, на аголот од крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“. Овој простор ќе добие комплетно нов лик. Во почетната фаза просторот со специјална механизација се расчистува, теренот се израмнува, по што ќе следи реализацијата на партерното решение, со кое е планирано поставување на бехатон подлога, фонтана, клупи и засадување на украсни садници, информираат од претпријатието.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески и директорот на Агенцијата за патишта Георгиевски договорија уредување на влезовите во Коњско и Рача

На барање  на мештаните, денеска на лице место градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со директорот на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски во селото Коњско и населбата Рача ги согледуваа можностите за уредување на влезовите од овие две населени места. Се разговараше и за осветлување и  уредување  на пешачката патека околу  главниот пат од тунелот до хотелот Метропол. „Денес побарав од директорот на  Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски тие да го преземат осветлувањето и уредувањето на влезот од Охрид. Вакво барање никогаш не реализирало минатото локално раководство. За ова барање…

повеќе...

„Лице в лице“ ја одбележа Меѓународната недела на продавачи на уличен печат

Со мултимедијален настан на кој видовме фотографии, поезија, проза, перформанс, музика, организирана посета на компании и со работилници, „Лице в лице“ ја одбележа Меѓународната недела на продавачи на уличен печат (3-9 февруари). Глобалниот настан кој го одбележуваат членките на Меѓународната мрежа на уличен печат (ИНСП), а чиј дел е и „Лице в лице“, го слави претприемачкиот дух на продавачите на овие изданија. Во повеќе од 40 земји во светот и во над 600 градови, 122 улични весници и списанија го креваат гласот на ранливите сограѓани во борбата против сиромаштијата. Централен настан…

повеќе...