Мултимедијална изложба на „Лице в Лице“

Автентично толкување на улицата со сите нејзини лица и асоцијациите на неа – слобода, среќа, љубов, копнеж, протест, надеж, тага, сиромаштија, страв, неизвесност, се дел од мултимедијалната изложба „Улица“ која „Лице в лице“ ќе ја отвори на седми февруари во 20.30 часот во „Концепт 37“ во Скопје. Изложбата ќе биде достапна за публиката уште 10-тина дена по отворањето, а е дел од одбележувањето на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат (3-9 февруари), глобален настан кој опфаќа повеќе програми и активности кои ја слават работата на уличните продавачи. Во рамки…

повеќе...

Македонија се вклучува во одбележувањето на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат

Глобалниот настан, Меѓународна недела на продавачи на уличен печат и годинава ќе го слави претприемачкиот дух и ќе го дигне гласот на ранливите групи во борбата против сиромаштијата. Одбележувањето започнува на трети февруари и ќе трае до крајот на неделата (седми февруари) а во фокусот ја става борбата на луѓето на маргините преку работа во улично списание или весник и преку развој на своите вештини да ѝ застанат на патот на бедата, но и да го свртат вниманието на јавноста кон социјалните проблеми. Уличните списанија и весници ширум светот (во…

повеќе...

Ќе се отстрануваат хаварисаните возила

Oпштинскиот инспекторат при Општина Охрид ги известува граѓаните дека според годишната програма, а со цел за почист и поубав Охрид започна акција за евидентирање и отстранување на хаварисани возила, оставени на јавни површни. Се молат сопствениците на хаварисани возила кои се оставени на јавна површина да ги отстранат истите во рок од 5 (пет) дена, во спротивно тоа ќе го извршат надлежните служби, а трошоците за отстранувањето  и складирање ќе паднат на товар на сопствениците на возилата.

повеќе...

За Божиќ бесплатен паркинг во централното градско подрачје

ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Божиќ донесе одлука утре, 7-ми јануари (вторник) користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници. „Убедени сме дека граѓаните на Охрид и сите гости ќе ја поздрават оваа одлука која е донесена се со цел ЈП „Билјанини Извори“ да се приклучи во чествувањето на големиот празник секако промовирајќи ги нејзините христијански вредности“. – велат од претпријатието. ЈП „Билјанини Извори“ воедно ги потсетува сите граѓани на Охрид дека на претпоследната седница на Советот на Охрид се донесе…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ продолжува со миење на улиците

Деновиве со зголемување на температурите продолжи акцијата за миење на улиците. ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид заради почист град пред претстојните празници започна со интензивно миење со што би се вратил сјајот на улиците. Деновиве се миеше централното градско подрачје, а во наредите ќе се продолжи и со периферните улици додека дозволуваат температурните услови. Во изминатиов период се работеше интензивно со максимално искористување на работната сила со цел хигиената да биде на високо ниво, со што Охрид кај гостите кои ќе го посетат во престојниот период би го задржал впечатокот за…

повеќе...

Заврши реконструкцијата на улицата „Крум Точко“

Улицата „Крум Точко“ е целосно реконструирана и подготвена за употреба. Во реконструкцијата беше опфатена водоводната мрежа во должина од 319 m, поставување на атмосферска канализација во должина од 230 m и асфалтирање на улицата во должина од 1940 м. Улицата „Крум Точко“ се наоѓаше во слична ситуација како и улицата „Петрино“ пред нејзиното реконструирање, односно без реконструирана водоводна мрежа и атмосферска канализација. Во изминативе неколку месеци беа изведени инфраструктурни работи со помош на ЈП „Нискоградба“ и ЈП „ПРОАКВА“  за  денес да добиеме целосно инфраструктурно реконструирана улица, според стандарди кои го налагаат…

повеќе...

Од утре задолжителна зимска опрема во возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (член 404, став1), од утре (15.11) ќе започне примената на законската обврска за задолжително поседување на пропишаната зимска опрема за моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, а која ќе биде во сила во периодот од 15 ноември до 15 март идната година. Во таа насока, истовремено, МВР информира дека со членот 11 од  -“Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило…

повеќе...

Комплетно реконструирана улицата „Петрино“

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска беше во обиколка на комплетно реконструираната и асфалтирана улица „Петрино“. „После подолг временски период жителите на Петрино можат конечно да се движат по уредена и асфалтирана улица. Во неколку мои претходни изјави кажав дека нема да дозволам како до сега да се спроведува пракса улиците да бидат асфалтирани само за изборни цели, без претходно да се спроведат сите стандарди кои ги налага секторот за комунален развој при Општина Охрид, односно да се асфалтираат улици без задоволување на комплетните стандарди и токму од тие причини исти таков…

повеќе...

Внимавајте – „стока“ на патот!

Ова на сликава не е кенгур и не се случува во Австралија, но кај и да е тука е некаде во охридскава околија, во нашава Македонија. Коњ ли е, магаре ли е – не е важно, но важно е: опасно е! Опасно по возачите и по патниците на нашите патишта! Затоа, возачи, внимавајте! Си имате работа со непредвидливо и не многу паметно суштество за кое не важат сообраќајните знаци ниту известувањата на патоказите. Инаетот и тврдоглавоста му се поголеми и над се! И по цена на неговиот живот, а богами…

повеќе...

Контејнерите од „Бул​евар Туристичка“ дис​лоцирани по споредни​те улици​

Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, контејнерите од „Булевар Туристичка“ не се повлечени, туку истите се дислоцирани. Заради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека во целата должина на „Булевар Туристичка“, контејнерите од оваа сообраќајница се дислоцирани во најблиските комплекси и споредни улици околу „Булевар Туристичка“. Дежурниот телефон во Р.Е. „Механизација“ 046/265-353 им стои 24 часа на располагање на граѓаните, каде може да се информираат детално за новата локација на контејнерите.

повеќе...