Се санира дефектот со електричната мрежа за осветлување на „Туристичка“ на влезот од Охрид

Надлежните служби на Општина Охрид, започнаа акција  на санирање на дефектот на електричната мрежа на влезот од Охрид и по должината на Булеварот „Туристичка“. По решавање на проблемот наредниве денови  на овој простор ќе бидат заменети сите прегорени учлични светла  со нови.

повеќе...

Нискоградба реализира бројни градежни активности

Јавното Претпријатие „Нискоградба“, периодов реализира низа активности. Улицата „Крум Точко“ се копа во длабочина од 20 см и двослојно се тампонира. По целата должина на улица „АСНОМ“ се поставува бекатон, се подига потпорно ѕитче и се одбележуваат пешачки зони. Привршуваат и активностите околу заштитната ограда на тротоарот непосредно пред ОУ „Христо Узунов“. На патниот простор од населбата „Црногорци“ до селото Лакочереј каде веќе е поставена нова канализациона мрежа, деновиве се прават шахтите и прелазите. Инаку претпријатието го заврши тампонирањето и останатите градежни активности на улицата „Петрино“ и се очекува таа…

повеќе...

Поради одржување на кружна велосипедска трка, во среда ќе биде затворен сообраќајот на повеќе улици низ Охрид

Од Општина Охрид ги информираат граѓаните на Охрид, дека поради одржувањето на Кружната велосипедска трка, на 23 октомври (среда) во времето од 10 часот и 30 минути до 12 часот, за сообраќај ќе бидат затворени делови од  кејот „Маршал Тито“, Булеварот АСНОМ,  улиците „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“ и „Македонски просветители“. Општина Охрид, воедно ги моли граѓаните за разбирање и трпеливост, поради кусиот прекин на сообраќајот во дел од централното градско подрачје.

повеќе...

Уредување и чистење на локалните улици низ општина Дебарца

Со зголемено темпо продолжува уредувањето и чистењето на локалните улици низ општина Дебарца. Во пресрет на зимата со цел да не дојде до прекин на сообраќајот поради паднатите гранки од тежината на снегот, како што беше во изминатите години каде претходната Локална власт ги остави жителите на селата на милост и немилост отсечени од светот. И за да не се повтори таа ситуација ЈПК „Дебрца“ со поддршка на градоначалникот Игор Трајкоски вложија напори за решавање на овој проблем. Акцијата продолжува во континуитет низ цела Дебарца.

повеќе...

Проширување на дел од улицата „Ристо Чадо“

Во рамки на активностите за асфалтирање, санирање и реконструкција на улиците во градот, деновиве интензивно се работи на проширување на дел од улицата „Ристо Чадо“. Проширувањето ќе биде во должина од 200 метри. Според планираното на улицата се поставуваат ивичници каде ќе се изгради тротоар со што ќе се зголеми безбедноста на пешаците.

повеќе...

Улицата „Петрино“ се подготвува за асфалтирање

„На улицата „ Петрино“ поставена е нова водоводна мрежа во должина од 200 метри, во моментов се тампонира прекопаниот дел на оваа сообраќајница и по завршување на оваа работа ќе се започне со асфалтирањето“, – најави денеска градоначалникот Никола Бакрачески. Градоначалникот Бакрачески, при обиколката на оваа улица, објасни дека определбата на новата Локална самоуправа е при изедувањето на инфраструктурните објекти, тие комплетно да се извршат, за да нема повторно прекопување или други интервенции кои претходно можеле да се направат. Со тоа, како што рече Бакрачески, се штедат средства, а објектите…

повеќе...

Отстранети времените објекти наспроти „ЕВН“

Сопствениците на времените објекти што се наоѓаа наспроти подружницата на „ЕВН“, изминатите неколку дена ги отстранија објектите. Согласно со новиот детален урбанистички план за Седмата урбанистичка заедница, кој е во фаза на донесување, на овој простор е планирано ново сообраќајно решение. По отстранувањето на времените објекти, екипи од  Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ денес започнаа со дорасчистување на просторот.

повеќе...

Санација на улиците во населба „Исток“

 Од вчера, по налог на Локалната самоуправа, започнаа градежните активности во населбата „Исток“.  Екипите кои работат на теренот вршат крпење на ударните дупки и асфалтирање на улиците.  Со ваквите активности ќе се продолжи и во текот на утрешниот ден.

повеќе...

Се уредуваат тротоарите и зелениот појас на „Булевар Туристичка“

Екипите на Јавно зеленило и Јавна хигиена деновиве интензивно работат на  уредување на пешачката зона на „Булевар Туристичка“, како и на обновување на зелениот појас на потегот од градскиот пазар до сообраќајната клучка при влезот во Охрид. Овие активности се спроведуваат по налог на општина Охрид. Во делот од пешачките патеки од двете страни на „Булеварот Туристичка“, темелно се чистат тротоарите од наносите од песок, земја и трева со рачно отстранување. Зелениот појас помеѓу двете коловозни ленти на овој потег се реконструира со нивелирање на земјените наноси и засадување на…

повеќе...

Пријавување на дефекти на уличното осветлување

Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици ја известува јавноста дека за пријавување дефекти на уличното осветлување односно електрични светилки ќе можат да се обратат во Одделението за сообраќај и улици при општина Охрид на телефонскиот број (046) 250 – 778 или на е-маил: komunalen.razvoj@ohrid.gov.mk

повеќе...