Продолжуваат градежните активности во Дебрца

Дебрца не запира, продолжуваат градежните активности. Вчера градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски беше на терен во с.Оровник и увиде до каде е тампонирањето на локалните улици во селото. За оваа активност предвидени се околу 250 метри кубни тампон кој ќе биде поставен во неколку локални улици во с.Оровник. Со ваквиот потег на Локалната самоуправа од Дебрца жителите на ова село ќе се спасат од прашината која беше честа при движењето на автомобилите во летниот период, а исто така нема да газат кал за време на врнежливите денови.

повеќе...

Заврши асфалтирањето на улицата „Богомилска“

Активностите на локалната самоуправа за асфалтирање на улиците во градот и поширокото градско подрачје продолжуваат во континуитет. По завршувањето на реконструкцијата и асфалтирањето на улиците „Радојца Новичиќ“, „АСНОМ“, „Јане Сандански“ и „Сирма Војвода“ целосно е асфалтирана и улицата „Богомилска“.

повеќе...

Граѓаните можат да пријават неправилности и сугестии во врска со јавниот паркинг

Во тек е почетокот на летната туристичка сезона во Охрид, а со тоа и зголемување на обемот на работа на јавниот паркинг простор во централното градско подрачје со кој стопанисува Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид. За  таа цел, Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид ги информира сите граѓани дека можат да пријават неправилности, поплаки, сугестии како и неиздавање на фискална сметка од страна на вработените на јавниот паркинг на телефонскиот број 078/313-270 (Зоран Стевоски). Претпријатието одлучи да користи ваков начин на комуникација со корисниците на услуги со цел да се надминат…

повеќе...

Обновување на хоризонталната сообраќајна сигнализација

Обновувањето на хоризонталната сигнализација на булеварите и улиците во Охрид интензивно започна вчера во вечерните часови. Како што беше претходно најавено, обележувањето на хоризонталната патна сигнализација започна во 24 часот, а фирмата специјализирана за обележување на хоризонталната сигнализација, избрана на јавен оглас како најповолен понудувач, изведуваше активности на Булеварот „Туристичка“ и во централното градско подрачје. Во оваа акција вклучено е и јавното претпријатие „Нискоградба“ кое со соодветна механизација врши обележување на дел од улиците во градот.

повеќе...

Обележување на Булеварот „Туристичка“ со хоризонтална сигнализација, граѓаните да ги отстранат паркираните возила

Од вечерва екипи ангажирани од Локалната самоуправа ќе започнат со обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација на потегот на Булевар „Туристичка“.  За поефикасно и непречено изведување на работите, Локалната самоуправа апелира до граѓаните да ги отстранат паркираните возила на Булеварот „Туристичка“, како би се избегнале и несакани оштетувања на возилата или присилно отстранување.  Обележувањето на хоризонталната сообраќајна сигнализација ќе започне во 24 часот.  Освежувањето на хоризонталната сигнализација ќе придонесе за поголема прегледност и безбедност во сообраќајот.

повеќе...

Специјалните налепници за паркирање за жителите на Стар Град ќе се издаваат во секторот за комунални дејности, сообраќај и улици

Според одлуката на Советот на Општина Охрид за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид предвидено е во стариот дел од градот паркирањето и движењето на возила да биде дозволено само за жителите на Стар Град кои ќе добијат специјални налепници за паркирање и движење на возила. Специјалните налепници за паркирање ќе се издаваат во Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид само на жителите од Стар Град кои поседуваат важечка лична карта и сопствено моторно возило со важечка сообраќајна дозвола регистрирано…

повеќе...

Започна асфалтирањето на улиците во општина Охрид

Како што беше најавено и предвидено со програмата на Локалната самоуправа, денес започнаа градежните активности со асфалтирање на улиците во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески, претседателот на Советот Гордана Коњановска, секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески и советници од општинскиот совет, денес ја посетија населбата „Радојца Новичиќ“, каде започнаа градежните активности. Градоначалникот Бакрачески истакна дека во оваа населба ќе бидат асфалтирани повеќе улици, во вкупна должина од 2300 метри. Веднаш по завршувањето на градежните зафати во оваа населба, активностите со асфалтирање ќе продолжат на улиците “„Богомилска“, „Крум Точко“ и крак од…

повеќе...

Започнува асфалтирањето на улицата „Радојца Новичиќ“

Градежните активности на Локалната самоуправа за асфалтирање на улицата „Радојца Новичиќ“ кои беа одложени поради временските услови и на барање на граѓаните на с. Лакочереј, започнуваат денес. За таа цел, Локалната самоуправа ги информира граѓаните дека од денес па во наредните денови, поради специфичноста и техонолигијата на изведување на градежните работи, улицата ќе биде целосно затворена од 08 до 17 часот. Исто така, ќе бидат поставени и соодветни сообраќајни знаци за пренасочување на сообраќајот.

повеќе...

Се одложува асфалтирањето на улицата „Радојца Новичиќ“

Поради временските услови и на барањето на граѓаните околу активностите за претстојниот верски празник Спасовден, кој масовно се прославува во с. Лакочереј, се одложува асфалтирањето на улицата „Радојца Новичиќ“. За продолжувањето на градежните активности од страна на Локалната самоуправа ќе следува дополнително известување.

повеќе...

Општина Охрид ќе отпочне со асфалтирање на улицата „Радојца Новичиќ“

Се известуваат граѓаните на Охрид, дека на ден 12.06.2013 година, Општина Охрид ќе отпочне со градежни активности на улица „Радојца Новичиќ“. Заради специфичноста и технологијата на изведување на градежните работи, улицата ќе биде целосно затворена во текот на  денот од 08:00 до 17:00 часот во периодот од 12.06.2013 до 19.06.2013, освен во деновите од викенд (сабота-недела). Градежните работи ќе ги изведува градежната фирма АД „Гранит“- Скопје. Надлежните очекуваат од граѓаните разбирање за оваа времена состојба и придржување на изменетиот режим на сообраќај на тој потег.

повеќе...