Ех да сум птица, или подобро не !?

Многумина би рекле „Ех да сум птица“. Но дали е така?! Кога ќе поминете на улицата „Даме Груев“ и кога ќе ја видите оваа слика, сигурно ќе се согласите дека и на птиците не им е лесно. WebOhrid

повеќе...

И желките засегнати од состојбата со паркинзите во градот

Оспорен, раскинат или пак Договор во процес на раскинување. Тоа воопшто не им е важно на возачите. Секој гледа да најде сигурно место за паркирање, а секако по можност и бесплатно. Со оглед на тоа дека се наплаќа на паркинзите во централното градско подрачје возачите избегнувајќи ги овие места, најчесто паркираат на поранешниот полигон, односно сега познат како „паркингот кај Европа“. Деновиве објективот на WebOhrid регистрираше една желка која очигледно е засегната од состојбата со паркинзите во градот. WebOhrid

повеќе...

Започнува првата фаза од програмата за асфалтирање на градските улици

Од денес започна првата фаза од програмата за асфалтирање на градските улици. Екипите на градежната компанија „Гранит“, започнаа со теренските подготовки на улиците „Радојца Новичич“, „Петрино“, „Богомилска“, „Крум Точков“ и крак од „Васил Стефоски“, на кои во теков на неделава ќе биде поставен нов асфалт, а на некои и партерно ќе се интервенира. Најнапред ќе се асфалтира улицата „Радојца Новичич“ во целата должина, за веднаш потоа да се прејде на асфалтирање на улицата „Петрино“. Се очекува градежните активности да завршат до крајот на месец јуни.

повеќе...

Екипите на Ј.П. „Нискоградба“ со активности за чистење на сливниците на сообраќајниците и улиците во градот

Одделението за одржување  на канализационата и атмосферска мрежа при Ј.П. „Нискоградба“, во наредниот период ќе извршува активности за чистење на сливници на сообраќајниците и улиците кои се опфатени со мрежа за одведување на атмосферската вода низ градот. Денеска екипите  работеа на улицата „Даме Груев“.

повеќе...

По пат одам, за пат прашам, кој пат води…?!?!

Добро се распеавте, убава песна одбравте, уште да знаете која улица каде беше! Можеби ќе ви помогнеа таблите со патокази, ако некој (непознат сторител) не ги беше украл?! А крадат… особено ако тоа е метално и ако може да се продаде во отпад. А, којзнае, можеби и некои други крадат и за некои други цели?! Којзнае!!! читател на WebOhrid

повеќе...

Санација на тротоарите на улицата „Никола Карев“

Екипите на ЈП „НИСКОГРАДБА“, денеска започнаа со градежни зафати за промена на оштетената подлога на тротоарите на улицата „Никола Карев“. Оштетените делови ќе се санираат со бехатонска подлога, а со тоа ќе се  подобри инфраструктурата и  безбедноста при движењето на пешаците.

повеќе...

Изградба на тротоар на улицата „Никола Карев“

Екипите на ЈП „Нискоградба“ започнаа со изградба на тротоар со бекатонска подлога на улицата Никола Карев, со цел зголемување на  безбедноста на пешаците. Станува збор за досега неуредена градежна јавна површина и истата се уредува за да се зголеми сигурноста во сообраќајот. WebOhrid

повеќе...

Санација на дел од улицата Бистрица

Поради претходно изведување на работи на фекалната и атмосферската мрежа на улицата Бистрица, екипите на јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска ќе вршат времена санација на прекопите на дело од улицата кај маркет „Десарет“.

повеќе...

Нови дрвореди на „Кленоец“ и „Карпош Војвода“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжи со акциите за озеленување на околината и подигнување на нови дрвореди на територијата на општина Охрид, со посебен акцент на периферните делови од градот. Деновиве се засадени 30 садници од видот јасен на улиците „Кленоец“ и „Карпош Војвода“. Јасенот е отпорен на температурни разлики и формира убава крошна со што дрворедите ќе имаат не само заштитна туку  и естетска функција.

повеќе...

Стадо овци на влезот од Охрид кон „Железничка“!

Многу често може да се случи патот да ви биде попречен од некое животно, и тоа најчесто на регионалните патишта. Во овој случај, WebOhrid наиде на стадо овци кои преминуваа преку патот, на самиот влез од Охрид, на почетокот од „Железничка“. Автомобилите кои учествуваа во сообраќајот беа принудени да застанат. За жал, ова е честа појава во Македонија, каде што слични ситуации завршуваат со несакани последици, особено кога видливоста е намалена. WebOhrid

повеќе...