Одигран ревијален ватерполо натпревар помеѓу ветераните на Вардар и Охридски бранови

Ватерполо ветераните на клубовите Вардар од Скопје и Охридски бранови од Охрид денеска, повеќе од 1 час ги брануваа водите во базенот на СРЦ „Билјанини Извори“. Во прекрасна спортска атмосфера, тие одиграа ревијален ватерполо натпревар, пред бројната публика од сите возрасти која се насладуваше на вештините и егзибициите на искусните ватерполисти. Хуманоста беше неизоставен дел од овој настан, преку кој се собираа средства за населението од скопските региони, зафатени со поплавите. И овој пат организаторите на овој настан испратија јасна порака: потенцијалот за пливање и ватерполо кој што во Охрид…

повеќе...

Официјално затворен градскиот базен „Атина Бојаџи“ за сезоната 2014

Со одигрувањето на ревијалниот натпревар во ватерполо помеѓу екипите на Охрид и Струга, официјално беше затворен градскиот базен „Атина Бојаџи“ за сезоната 2014. „ЈП „Билјанини Извори“ и оваа година како субјект кој стопанисува со градскиот базен се потруди во рамките на своите можности на граѓаните да им понуди многу спортски соджини и настани кои од година во година се повеќе ја збогатуваат понудата за сите граѓани на Охрид како и за сите гости во Охрид.“ – велат од претпријатието. ЈП „Билјанини Извори“ им се заблагодарува на сите рекреативни корисници на градскиот…

повеќе...

Ревијален ватерполо натпревар меѓу Охрид и Струга

Ватерполо екипите на Охрид и Струга, вечерва со почеток во 18 часот на пливачкиот базен „ Атина Бојаџи“ ќе одиграат ревијален натпревар . Со овој натпревар всушност завршува сезоната на пливачкиот базен, кој е дел од спортскиот центар на ЈП „ Билјанини извори“. Одигрувањето на овој ревијален натпревар треба да иницира поголемо внимание на јавноста и надлежните институции за развој на ватерполото во Охрид и Струга.

повеќе...

Ветераните во ватерполо од Охрид и Струга одиграа ревијален натпревар

Во рамките на масовниот хепенинг „Заедно да навиваме за Македонија“ за поддршка на македонската кошаркарска репрезентација, вчера попладне на старото градско пливалиште, се одигра ревијален ватерполо натпревар на ветераните од Охрид и Струга. На местото, каде како млади ги играа езерските дерби натпревари,  ветераните  ги собраа старите симпазитери но и младите надежи. Резултатот од натпреварот не беше важен, важно беше по долго време во водите на Охридското Езеро  да се фрли ватерполо топката и да се игра во ритамот на спортскиот адреналин. Ветераните порачаа дека, доколку Охрид и Струга добијат…

повеќе...