Обезбедени нови 1000 работни места во Велес

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес најави нова инвестиција во Велес а со тоа и нови 1000 работни места за велешани. Тој на својата Фејсбук страница напиша: „Добра вест за Велес, но и за сите населени места во близинита на Велес и одлична вест за македонската економија. Денес е потпишувањето на договорот за инвестирање, а многу брзо потоа и конкретна реализација на инвестицијата на германската компанија STS Textiles која треба, по комплетирањето на својот бизнис план, да вработи 1000 луѓе. Тоа се 1000 семејства кои ќе најдат сигурна егзистенција и…

повеќе...

Пронајден насад со марихуана

Денес по претходно обезбедена Наредба од надлежен судија, извршен е претрес во домот и помошни простории кај две лица од село Клуковец. При претресот пронајдено е и одземено едно огнено оружје- пиштол калибар 6,35мм за кое лицата немале одобрение за поседување. Во непосредна близина на објектот каде бил вршен претресот пронајден е насад од марихуана- вкупно 191 стебло со големина од еден до четири метри. Стеблата се откорнати и истите ќе бидат предадени за вештачење на Одделот за крим.техника при Министерството за внатрешни работи. Во врска со настанот, две лица…

повеќе...

Шекеринска: Ќе отвораме работни места и тие ќе обезбедуваат достоинствен живот

Заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, денес при посетата на Велес, во изјава за медиумите истакна: „И денеска во Велес ги слушаме истите заложби, истите барања и истите поплаки од граѓаните кои ги слушаме низ цела Македонија. А тоа е, дека се поголем и поголем е бројот на млади кои засекогаш ја напуштаат својата татковина. Најголемиот дел се соочуваат со проблемот број еден во нашата држава, а тоа е невработеноста. Но дури и оние коишто ќе успеат да добијат работно место мака мачат да ја прехранат фамилијата, да ги платат…

повеќе...

Спасовски: Вербата ја чувствуваме, заедно со граѓаните ја враќаме надежта

„Помогнете и на Македонија и на сите нас“ e апелот на граѓаните на Велес и велешко кои се сретнаа со генералниот секретар Оливер Спасовски и со претставници на СДСМ. Велат секој ден е сé потешко. „Нé запусти оваа власт. Не можеме крај со крај да врземе. Низ горчина говорат за искуствата со извршителите кои им го земаат последниот денар. Населените места Башино село и Горно Оризари немо сведочат за пустината. Оставено на забот на времето е недовршеното училиште уште од мандатот на претходниот градоначаник. Деца малку. Возрасни исто така. 600…

повеќе...

Германски „Маркарт“ отвори фабрика во Велес, ќе вработи 600 лица

Германската компанија „Маркарт“ официјално ја отвори својата фабрика во Македонија во индустриската зона Караслари во Велес. Во фабриката, која се протега на 15.000 метри квадратни, веќе работат 170 од планираните 600 вработени. Досегашната инвестиција е 25 милиони евра, а се планира да достигне над 35 милиони евра. Новата фабрика ја отворија премиерот Никола Груевски, сопственикот на „Маркарт групацијата“ Харалд Маркарт, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за странски инвестиции Веле Самак, градоначалникот Славчо Чадиев… „Ова е првата поголема странска инвестиција во Велес и воопшто првата поголема фабрика која по…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев во посета на велешко: Го трасираме патот заедно

„Издржи, не си сам“. Со ваква порака беше пречекан претседателот Зоран Заев во Велес, а како што следуваа ракувањата, зборовите се повторуваа. Претседателот Заев во велешко беше со потпретседателката Фросина Ременски и со членовите на Извршниот одбор Драган Тевдовски и Петар Атанасов, придружувани од општинското раководство на СДСМ. Граѓаните најмногу зборуваат за немаштијата што им ги окупира и мислите и домовите. Секој втор од нив прашува дали има спас од извршителите и арачот што ги дотолчува. „Тоа е модерна пљачка и ќе ја укинеме“, им вели претседателот Заев, а од лицата…

повеќе...

Груевски: Комплетно се подобрува железничката инфраструктура во земјава

Железничката станица во Прилеп заедно со Железничката во Скопје ќе бидат целосно обновени до крајот на годинава, најави премиерот Никола Груевски. „Во моментов се реконструира и Железничката станица во Велес. Другите железнички станици на Коридорот 10 овие недели ќе почнат да се реконструираат и треба да бидат готови до 2016 година“, изјави Груевски. Премиерот е задоволен како се одвиваат работите околу реконструкцијата на станицата која е дел од големата инвестиција од 2,5 милиони евра за реновирање на речиси сите железнички станици на коридорот 10.  „Сите овие железнички станици воопшто не…

повеќе...

Два случаи на економски криминал во Велес

Секторот за внатрешни работи – Велес, поднесе кривични пријави за два одвоени случаи од областа на економскиот криминал. Во првиот случај, СВР Велес во соработка со надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Т.Л. (1967) од Штип – претседател на Управен одбор на ДУТ „Интернационал“ Велес во периодот од 2000 година до 13.10.2005 година , С.Е. (1973) од Велес – управител на „Велешко Езеро“ ДООЕЛ Велес во периодот 2004 и денес, З.К. (1957) од Скопје – адвокат, основач и сопственик на „Велешко Езеро“ ДООЕЛ Велес од 2004 година до 2008…

повеќе...

Откажан народниот собир во Велес

Поради актуелната безбедносна ситуација во Куманово, Големиот народен собир што беше најавен за недела 10.05.2015 во Велес е откажан. ВМРО-ДПМНЕ упатува апел до сите граѓани на Р. Македонија без разлика на нивната етничка, верска или партиска определба на воздржаност и смиреност и во дејствувањето и во примањето на било какви шпекулации или информација.

повеќе...

СДСМ во Велес: Во Вистината за Македонија се гледа надеж

Денеска, дел од раководството на СДСМ беше на средби со граѓаните на Велес. Заменик претседателката, Радмила Шекеринска, генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски, членови на Избршниот одбор на СДСМ, претставници на ОО на СДСМ во градот, разговараа со граѓаните и ја споделуваа Вистината за Македонија. „Придружете се, во заедничка битка да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија“, повика заменик претседателката Шекеринска. „Вистината на Македонија, ја врати надежта за една посветла иднина во нашата држава“, рече генералниот секретар Спасовски. Граѓаните на Велес и околината даваат охрабрувачки силна поддршка за проектот…

повеќе...