Санација на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко

До крајот на 2015 година целосно ќе биде реализиран проектот за санација на Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко, предвиден со програмата на Министерството за култура. Надлежната установа за реализација на проектите од областа на заштитата на недвижното културно наследство во велешкиот регион, Националниот конзерваторски центар, во изминатиот период реализираше повеќе активности кои беа во насока на зачувување на ова значајно спомен-обележје кое е симбол на градот Велес. Беа изведени и превентивни активности за елиминирање на прокиснувањето, кое како проблем се провлекува долги години. Исто така,…

повеќе...

Премиерот Никола Груевски на Богојавление – Водици во Велес

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска присуствуваше на Богојавленски водосвет и фрлање на животворниот крст Господен во водите на реката Вардар, Мало мовче – Велес.

повеќе...

Велес вторпат ќе ја носи титулата „Град на културата“

Велес ќе биде Град на културата за 2015 година. Општината вторпат ја добива оваа титула која Министерството за култура ја доделува 12 години. На конкурсот за 2015 стигнале пријави и од Неготино и Струмица, а Велес бил едногласно избран од комисијата. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска на прес-конференција рече дека од Општина Велес примиле комплексна програма со над 200 настани и 67 манифестации од различни дејности, сите со точно одредени термини на одржување. Рече дека за разлика од 2005 година – првиот пат кога беше Град на културата, Велес…

повеќе...

Одиграна првата премиера „Најважната работа на светот“ во Велес

На големата сцена на новиот велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ синоќа се одигра првата премиера комедијата „Најважната работа на светот“, по текст на Братислав Димитров ,а ја режира Љубиша Георгиевски … Претставата ја проследија и премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и заменик министерот Драган Недељковиќ, како и бројна публика. Министерката за култура Канческа Милевска изрази благодарност до сите актери и вработени во театарот за нивниот придонес и посветеност. „Велес е град со голема традиција и историја во областа на театарот и мислам…

повеќе...

Министерката Канческа-Милевска на проба на претставата со која ќе се отвори новиот Велешки театар

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, градоначалникот на Велес Славчо Чадиев и директорот на Велешкиот театар Јордан Витанов денеска присуствуваа на проба од подготовката на првата премиера во новата театарска зграда во Велес – претставата „Најважната работа на светот“ од Братислав Димитров во режија на Љубиша Георгиевски… Канческа-Милевска изјави дека претставата има одлична екипа која и досега покажала одлични резултати и му се заблагодари на професорот Љубиша Георгиевски кој прифати да ја режира. Оцени дека пробите се одвиваат согласно со предвидената динамика. „Во претставата ќе бидат прикажани сите можности кои ги…

повеќе...

Ученици од ОУ „Христо Узунов“ ја претставија општина Охрид на традиционалните спортски игри во Велес

Учениците од ОУ „Христо Узунов“, денес во Велес ја претставуваа општина Охрид на манифестацијата „Спортски Бон Тон“ ( Традиционални спортски игри). Проектот е концепт кој ќе се одвива во повеке општини низ цела територија на Република Македонија, а се со цел на социјализација и етичка инклузија на младите преку спортот како средство за социјализација на лугето и можност за одржување на мултиетничоста и мултифункционалноста на нашата држава. „Целта е да се промовира Спортски Бон Тон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и…

повеќе...

Отворена изложбата – Вардарскиот регион низ документите во Државниот архив на Македонија

По повод Денот на македонската револуционерна борба 23 Октомври, Државниот архив на Република Македонија – Одделение Велес, Општина Велес, денеска во Центарот за култура – „Григор Прличев“ ја отвори изложбата – Вардарскиот регион низ документите во државниот архив на Република Македонија. „Ние како државен архив на Р.М. одделение Велес организиравме и ја подготвивме оваа изложба. Јас како раководител на архивот од Велес,сум и автор на цела изложба. Изложбата односно 200 документи како што се поставени на 29 паноа и едно има воведно пано. Документите се распоредени и тематски и по…

повеќе...