ЈП „Охридски Комуналец“ со повеќе активности низ градот

По налог на општинскиот инспекторат извршено е расчистување на речното корито на Велгошка река по нејзиното течение во с.Велгошти. Речното корито е расчистено од дивата вегетација и наносите од натрупан разновиден комунален отпад, информираат од ЈП „Охридски Комунаец. „Завршено е реконструирањето на дрворедот по ул.„Димитар Влахов“ до централната градинка „Јасна Ристеска“, останува да се заврши потегот до пресекот со ул.„Јане Сандански“.“– велат оттаму. Екипите на „Паркови и зеленило“  при ЈП „Охридски Комуналец“ ги заменуваат цвеќата во парковските површини со нови цветни расади кои ќе ги красат парковите во есенскиот период.…

повеќе...

По 27-ми пат одржана манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти

Вечерва во селото Велгошти во близина на манастирот „Света Петка “ по 27-ми пат се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.  Годинешната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ се организира под покровителство на општина Охрид. На споменикот на „Живко Чинго“ свежо цвеќе положија градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески со претставници од Локалната самоуправа, претставници на Месната заедница од Велгошти, делегација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, како и делегации од  ОК на ВМРО-ДПМНЕ и  ОО на СДСМ Охрид. Пред присутните се обрати градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.…

повеќе...

Утревечер ќе се одржи „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти

Годинешната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која се организира под покровителство на општина Охрид, ќе се одржи утревечер  во атарот на црквата „ Св. Петка“ во селото Велгошти со почеток во 20 часот. На манифестацијата, по повод 80 годишнината од раѓањето на Живко Чинго, еден од најбележитите претставници на современата македонска литература, беседа ќе одржи академик Милан Ѓурчинов, а пригодно обраќање ќе има претставник на Локалната самоуправа. На чествувањето, на Димитар Димоски од Охрид ќе му биде врачена наградата „Живко Чинго“ за најдобар кус расказ, која во конкуренција на…

повеќе...

Димитар Димоски е авторот на наградениот расказ од конкурсот „Живко Чинго“

Охриѓанецот Димитар Димоски е авторот на расказот „Мојата куќа во крс’ џамија“ што годинава беше награден на конкурсот за краток расказ „Живко Чинго“. Расказот беше испратен под шифра „Куќа“, а жирито во состав Смиле Наумоски – претседател и членовите Тоде Илиески и Милчо Јованоски од вкупно 73 токму овој расказ го избраа како најдобар. Младиот Димоски ќе биде награден со 30.000 денари, а наградата ќе му биде врачена на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која ќе се одржи на 13-ти август во охридското село Велгошти. Димитар Димоски е…

повеќе...

„Мојата куќа во крс’ џамија“ е годинешниот награден расказ од конкурсот „Живко Чинго“

Расказот „Мојата куќа во крс’ џамија“ под шифра „Куќа“ е годинешниот награден расказ од конкурсот „Живко Чинго“. Од вкупно 73 раскази пристигнати комисијата во состав Смиле Наумоски – претседател и членовите Тоде Илиески и Милчо Јованоски, одвоија пет најдобри раскази, од кои во понатамошната селекција беше избран еден. „Пристапивме кон методот на споредбен начин на прегледување и од петте го издвоивме оној расказ кој што се издигна над сите други, со една прекрасна композиција како структура на расказ со еден прекрасен израз уметнички и тука имаше толку доволно слики за…

повеќе...

Финишираат градежните активности во ОУ „Живко Чинго” – Велгошти

Во основното училиште „Живко Чинго” во Велгошти финишираат работите со градежниот зафат на ѕидовите на влезот од училиштето, информира директорот, Ѓоко Чингоски. „На радост од родителите и учениците се доби нов и свеж изглед на училиштето. Исто така поставени се ракохфати со што е овозможена поголема сигурност и безбедност на учениците, а тоа е и приоритет на училиштето „Живко Чинго”. Ние правиме се и ќе сториме се за да им овозможиме на учениците што подобри и побезбедни услови за настава“ – вели Чингоски. Градежните работи ги иврши фирмата ДООЕЛ „Баки градба” од…

повеќе...

Вечерна богослужба и света литургија за празникот „Св. Петка“

По повод манастирската слава на манастирот „Света Петка“ – с. Велгошти, Дебарско-кичевската епархија ги известува сите православни верници дека вечерва, во манастириот „Света Петка“, с. Велгошти, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот. Утре (сабота), во манастирот „Света Петка“, – с. Велгошти, ќе се служи света литургија, по повод празникот на „Св. Преподобна маченичка Параскева Римска (Св. Петка)“, со почеток во 8:30 часот. Света архиерејска литургија, по повод празникот на „Света Петка“, ќе се служи во…

повеќе...

Илинден одбележан во „Св.Илија“ – Велгошти

Во манастирската црква „Св.Илија“ во Велгошти денес се одбележа големиот христијански празник Илинден. Многу верници од Велгошти, но и од околните места палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Mанастирот „Св.Илија“  се наоѓа на околу еден километар над  Велгошти. За многу години! WebOhrid

повеќе...

Положено цвеќе пред споменикот на илинденските борци во Велгошти

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на илинденските борци во селото Велгошти вечерва започна одбележувањето на големиот празник Илинден. Пред споменикот се поклонија членови на МЗ Велгошти, претставници на Месниот комитет и претставници од Сојузот на борци од Охрид. Пред присутните, се обрати претседателот на Месната Заедница, Велгошти, Јонче Арнаудоски. На свеченоста, оваа година немаше ниту еден претставник од Локалната самоуправа. WebOhrid

повеќе...

Градежни активности во ОУ „Живко Чинго“- Велгошти

Во ОУ „Живко Чинго“, Велгошти започна градежен зафат за средување на надворешните ѕидови кај влезот на училиштето, со што училиштето ќе добие свеж и подобар изглед. Имено, во ова училиште покрај реконструкцијата се направи и опреми училница за првоодделенците, со што се реши деценискиот проблем првоодделенците да учат во иста смена поради нивна подобра социјализација и комуникација. Се адаптира и среди нов простор за училишната библиотека, се набавија нагледни средства за одделенска настава за Кембриџ наставата, се изградија училишни кабинети, информира директорот Ѓоко Чингоски. На прашањето од WebOhrid за мотивот…

повеќе...