Во селото Велгошти во манастирот „Св. Петка“ се одржа чествување по повод 114 години од формирањето на првата охридска чета. По тој повод свежо цвеќе положија претставници на МК на ВМРО–ДПМНЕ – Велгошти и Месната заедница на с. Велгошти. И оваа година Локалната самоуправа не покажа интерес за организирање на овој настан. Свое обраќање имаше и претседателот на Месната заедница Јоне Арнаудоски. „Ние како Велгоштани и понатака ќе продолжиме да го негуваме чествувањето на овој настан.“– истакна Арнаудоски. Инаку на формирањето на четата присуствувале: Христо Узунов, мајката на Христо Узунов, Наум…
повеќе...Tag: велгошти
Конкурс за наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ
По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за наградата за најдобар расказ. Услови за учество на Конкурсот: 1. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија 2. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул.„Димитар Влахов“бр.57 со назнака : ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ; 3. Авторското право се докажува со четвртиот примерок; 4. Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2015…
повеќе...Велосипед на плин или плин на велосипед!?
Сме слушнале за „Супер Бабичка“, но очигледно постои и „Супер Дедо“! Во неговата длабока старост, овој наш сограѓанин вози велосипед на кој има плинска боца која е простум поставена и се разбира добро врзана. Сигурно е лесно човек да се симне со велосипед до бензиските пумпи со празна боца, но за враќање со полна плинска боца, и тоа на угорницата кон Велгошти… е тоа е кондиција! WebOhrid
повеќе...Основци од „Живко Чинго“ во посета на Општина Охрид
Ученици од четврто и петто одделение од Основното училиште „Живко Чинго“ од селото Велгошти, денеска во рамките на нивните наставни програми, ја посетија општина Охрид. Тие имаа средба со заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев и дел од администрација , при што се инетересираа за работата и надлежностите на локалната самоуправа.
повеќе...Училиштето во Велгошти од септември со кабинетска настава
Основното училиште „Живко Чинго” oд Велгошти откако неодамна заврши со реконструкцијата на училишната зграда, деновиве заврши со изградбата на наменски наставни кабинети, со што од септември започнува со т.н. кабинетска настава. „Можам да кажам дека по долго очекување на моја и на радост и задоволство на наставниот кадар, изградивме кабинети во нашето училиште. Целта е подобрување на наставата и постигнување на поголеми резултати на учениците“ – изјави за WebOhrid, директорот Ѓоко Чингоски, кој уште додаде: „ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти континуирано води грижа и сметка за модернизација на училиштето. Ова…
повеќе...Полициски службеници предаваа во ОУ „Живко Чинго“ на тема „Борба против дрогата“
СВР Охрид во рамките на проектот „Превенција од зависности“, преку полициски службеници-едукатори денес во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, оствари видео презентации и разговори со учениците на тема „Борба против дрогата“. Предавачи беа м-р Благојче Стевоски и Игор Петрески. Целта на овие предавања е на учениците да им бидат претставени опасностите од злоупотребата на наркотиците кои негативно влијаат врз младата популација. Вакви слични предавања и видео презентации, СВР Охрид ќе оствари утре во подрачното основно училиште во населбата Рача како и во основното училиште „Григор Прличев“, додека во текот на неделава, предавања ќе има и…
повеќе...Претставници од ОУ„Живко Чинго“ и Општина Охрид учествуваа во одбележување на патронатот на ОУ „Фаик Коница“ во Доброште
Во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, денес претставници од наставничкиот кадар и Советот на родители од ОУ „Живко Чинго“, Велгошти и Општина Охрид учествуваа во одбележувањето на патрониот празник во ОУ „Фаик Коница” во село Доброште. За време на посетата беа договорени заеднички активности кои на 15-ти мај ќе се реализираат во ОУ „Живко Чинго“ село Велгошти. По повод Велигденските празници од страна на учениците од ОУ „Живко Чинго“ на присутните на настанот им беа поделени Велигденски јајца. Во знак на поддршка на проектот на патрониот…
повеќе...Велигденски натпревар во ОУ „Св. Наум Охридски“ во организација на Р.Ш. Седмерец
Во очи на најголемиот Христијански празник Велигден во ОУ „Св. Наум Охридски“, Пештани, се одржа ревијален натпревар помеѓу екипите на Седмерец од Пештани и Седмерец од Велгошти. Пред почетокот на натпреварот, пред членовите на ракометната школа „Седмерец“ и родителите се одржа предавање на тема „Оралното здравје важен дел од целокупното здравје“ од страна на др. Кристина Стојаноска Алоска. „По повод вчерашниот интернационален ден на здравјето одлучивме да биде одржано предавање за важноста на оралното здравје во соработка со др. Кристина Стојаноска Алоска. Децата беа презадоволни од интерактивното предавање во кое…
повеќе...Кривична пријава за велгоштанец кој возел со фалсификувана бугарска регистарска таблица
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против И.Ш.(25) од охридското село Велгошти. Пријавениот, во текот на јануари 2013 година, нелегално набавил возило марка „опел монтереј“ 3.1 Д, кое на противправен начин и без соодветна документација го ставил во свое владение, сопственост и користење и како странска стока било ставено во нелегален промет во Република Македонија. Сега пријавениот И.Ш. на возилото противправно ставил лажна бугарска регистарска таблица и во периодот август 2013 — септември 2014 година, употребувајки ја…
повеќе...ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти го одбележа Меѓународниот ден на спортот
Основното училиште „Живко Чинго“ – Велгошти активно се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот. Во спортската сала „Тодор Александров“ беа организирани повеќе активности и спортски игри, во кои беа вклучени ученици од одделенска и предметна настава. „Играта и спортот се неопходни за правилен физички, ментален, психолошки и социјален развој на децата“– велат од училиштето. WebOhrid
повеќе...