Изложба по повод патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“

Во Галеријата при Центарот за култура „Григор Прличев“ од викендов, за прв пат на еден патронен празник, е отворена ликовна изложба по повод патронатот на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. „Изложбата, во чест на великанот Живко Чинго,  ја подготвија ликовни педагози и слободни уметници, таленти. Се покануваат сите љубители на уметноста да ја посетат изложбата во наредните 5 дена во изложбениот салон во Центарот за култура“, – изјави директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски. Изложбата ќе биде отворена до петок, 27-март. WebOhrid

повеќе...

Со свечена прослава одбележан патронатот на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти

Вечерва во преполна сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа свечена прослава по повод патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. Овогодинешната програма за свечената приредба беше на тема: „Звуците и бојата на пролетта“. Пред присутните во салата се обрати директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски. „Веќе 139 години ОУ „Живко Чинго“ е расадник на образовани и воспитани млади генерации, кои понатаму успешно чекорат во животот, притоа следејќи ги современите трендови и промени во образовниот систем. Во изминатиов период значително се подобрија уловите за настава и работа во нашето училиште, нагледноста…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти со свеченост ќе го одбележи патрониот празник

Со свечена прослава, утре (20-ти март) во Центарот за култура „Григор Прличев“, ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, ќе го одбележи патрониот  празник на училиштето. На свеченоста, свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, како и најмалите ученици со свои музички точки. Директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски, на најуспешните ученици ќе им додели награди, како и благодарнци на заслужните субјекти. ОУ „Живко Чинго“ годинава одбележува 139 години од своето постоење. Во минатото, а и сега, учениците од ова училиште постигнуваат одлични резултати во нивното школување, а од ова училиште…

повеќе...

Интензивни подготовки за одбележување на патрониот празник на ОУ „Живко Чинго“

Учениците од ОУ „Живко Чинго“, с. Велгошти, Охрид, заедно со своите наставници – ментори интензивно се подготвуваат за одбележување на патрониот празник на ова училиште. Свечената прослава ќе се одржи на 20-ти март (петок), со почеток во 18:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“. На свечената прослава свој настап ќе имаат училишниот хор, учениците од погорните одделенија, како и најмалите ученици со свои музички точки. Оваа прилика директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски ќе ја искористи за доделување награди на најуспешните ученици и благодарнци на заслужни субјекти. ОУ „Живко Чинго“…

повеќе...

Во спортската сала „Тодор Александров“ се одржува општински натпревар помеѓу охридските средни училишта

Покрај многубројните настани што се одржуваат во спортската сала „Тодор Алексанров“ која е во рамките на ОУ „Живко Чинго“ Велгошти, денес се одржува општински натпревар во ракомет помеѓу средните училишта од Охрид. Покрај натпреварувачкиот карактер, целта на натпреварот е и дружење меѓу учениците, промовирање здрав живот и негување на спортскиот дух. Спортската сала „Тодор Александров“ се почесто се користи за поддршка на спортските активности во Охрид и јакнењето на спортскиот дух кај младите. Победник на натпреварот е „Св.Кирил и Методиј“ – Економско кој во финале го совлада „Ванчо Питошески“ –…

повеќе...

Доделени наградите на најдобрите во спортот на „Спортски ден“ во Велгошти

Традиционално одржан Спортски ден во Велгошти по повод роденденот на Тодор Александров. По повод роденденот на Тодор Александров, денес во спортската сала во Велгошти, која го носи неговото име, беа доделени награди на најдобрите во спортот, на спорсткиот турнир именуван како „Спортски ден“. Вклучени беа сите основни и средни училишта од Охрид како и Основното училиште од Општина Дебарца. Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини, шах, пинг – понг, мал фудбал, кошарка. На најдобрите во шах (машки и женски) наградите- медали им ги додели советникот Коста Трифуноски. Првото место го освои Јован Љаткоски…

повеќе...

Традиционално одржан Спортски ден во Велгошти по повод роденденот на Тодор Александров

По повод роденденот на Тодор Александров,  денеска во Спортската сала во Велгошти која го носи неговото име, традиционално, се одржа „Спортски Ден“. На настанот учествуваа над 200 ученици од сите основни училишта од општина Охрид, како и ученици од основното училиште од општина Дебарца. Настанот имаше натпреварувачки карактер. Децата се натпреваруваа во повеќе дисциплини, мал фудбал, кошарка, пинг – понг и шах. WebOhrid

повеќе...

Ученици од ОУ „Живко Чинго“ учествуваа на општински натпревар по математика

Како и секоја учебна година, така и оваа 2014/15, ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, учествува на повеќе натпревари во знаење и спорт. Во саботата, ученици од IV до VIII одд. од ОУ „Живко Чинго“ учествуваа на општинскиот натпревар по математика на ниво на општина Охрид, што се одржа во просториите на ФТУ – Охрид, при што постигнаа солидни резултати. Ученикот Јован Маркоски од IVб одделение, под менторство на наставничката Гордана Цановска, освои второ место, а ученичката Анастасија Кецкароска од IVа одделение, под менторство на наставничката Билјана Пулеска, освои трето место.…

повеќе...

Реализиран проект „Недела на информатиката“ во ОУ „Живко Чинго“

По повод „Светскиот ден за безбеден Интернет“ во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти – Охрид беше одржана „недела на информатиката“ под менторство на наставникот по информатика Дубравка Сершиќ. „Спроведовме работилница со родители на тема „Креирање подобар и безбеден Интернет“. Покрај предностите кои ги има користењето на интернет дискусијата ја фокусиравме на опасностите кои демнат и заеднички заклучивме дека освен мерките кои можеме да ги спроведеме, најважно е учениците да водат разговори со родителите, наставниците и отворено да дискутираат за потенцијалните опасности. Беше проследено едукативно видео за злоупотреба на интернетот, каде што родителите активно се вклучија во дискусијата поврзана…

повеќе...

Новогодишна приредба во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Во предновогодишен зимски амбиент по повод пристигнувањето на Новата Година, Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, организираше новогодишна приредба пред учениците и нивните родители. На приредбата настапија учениците од одделенска и предметна настава со драматизации и музички точки. „За најмалите ученици –првачињата во посета им дојде и Дедо Мраз кој им подари пакетчиња донирани од Црковниот одбор од с.Велгошти. Радоста и насмевките на детските лица им ги стоплија срцата на нивните родители, баби и дедовци кои не ги штедеа дланките за громогласни аплаузи после секоја изведена точка.“ – информираат од училиштето.…

повеќе...