Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Денес е празник посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија. Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но…

повеќе...

Светата маченичка Људмила

Светата маченичка Људмила Таа му е баба на Св. Вацлав, кралот чешки. Беше мажена за чешкиот кнез Боривој. Многу ревнуваше за Христовата вера и мнозина ги обрати од незнабоштво во христијанство. Снаа ѝ ја мразеше, па испрати луѓе што ја удавија старицата Људмила. Вацлав го погреба телото на Св. Људмила во црквата на Св. Георгиј во Прага. Од нејзините мошти се случија многу чуда. Пострада во Течино во 927 година. Св. Вацлав, големиот ревнител за православната вера, беше убиен од својот брат Болеслав.

повеќе...

Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст)

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина…

повеќе...

Верниците се упатуваат кон манастирот „Пресвета Богородица“ во Калишта

Во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта денеска се одбележува големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица. По тој повод од синоќа голем број верници од Охрид, Струга и околните места палат свеќи и се молат за здравје и среќа. Утрово беше отслужена света празнична литургија. Манaстирот го посетуваат и граѓани од други религии кои веруваат во исцелителната моќ на Пресвета Богородица. Денес е Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта Во манастирот на Пресвета Богородица близу селото Калишта, западно од Струга, Пресвета Богородица ја…

повеќе...

Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта

Во манастирот на Пресвета Богородица близу селото Калишта, западно од Струга, Пресвета Богородица ја покажуваше својата сила и милост низ могубројни чуда. Мнозина болни беа исцелени чудотворно, а разбојниците што намислуваа да го ограбуваат или осквернат манастирот беа луто казнувани од невидлива сила. Во храмот се наоѓа и чудотворна икона на Пресвета Богородица, а во близина има две исцелителни води: на Свети Петар и на Свети Ананија. Недалеку од главниот храм има пештера и во неа параклис посветен на Свети Атанасиј.

повеќе...

Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица

Денес е празник, посветен на Рождеството на Пресвета Богородица – Мала Богородица. Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се…

повеќе...

Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил

Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Ерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога Светиот апостол Јован Богослов со Филип го проповедаше Евангелието во Ерапол, тој погледна на она место и прорече дека таму ќе се отвори извор на чудотворна вода од која многумина ќе добијат исцеление и дека тоа место ќе го посети великиот Божји Архистратиг Михаил. Наскоро потоа ова пророштво се исполни, се отвори извор којшто заради својата чудесна сила се прочу на сите страни.…

повеќе...

Преподобен Давид

Преподобен Давид Беше разбојнички водач околу Хермопол во Мисир и дури на постари години си дојде на себеси, се покаја и се замонаши. Нему му се јави Светиот Архангел Гавриил, којшто му даде сила на чудотворство. Се упокои мирно во 6 век, откако со голем подвиг се удостои со Царството Божјо.

повеќе...

Светиот свештеномаченик Вавила

Светиот свештеномаченик Вавила Овој голем и прекрасен човек, ако може да биде наречен човек, како што се изразува Свети Јован Златоуст за него, беше архиереј во Антиохија во времето на скверниот цар Нумеријан. Нумеријан заклучил мир со некој варварски цар којшто бил многу поблагороден и помирољубив од самиот Нумеријан. Во знак на својата искрена желба за траен мир, варварскиот цар го даде своето помало синче на дворецот кај царот Нумеријан за да се воспитува таму. Еден ден Нумеријан со свои раце го закла тоа невино детенце и им го принесе…

повеќе...

Светата маченичка Василиса

Светата маченичка Василиса Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија недолго после смртта на Свети Антим. Мачителите ѝ го прекрија со рани целото тело, но таа Му остана верна на Христа. Бог ја зачува во огнот и пред ѕверовите неповредена. Нејзиниот мачител Александар откако го виде тоа се покаја и ја прими верата Христова. Василиса излезе во полето, падна на колена да Му се помоли на Бога и да Му заблагодари за претрпените маки и го предаде духот свој на Господа околу 309 година.

повеќе...