Охриѓанец се удави кај Сараиште

Безживотно машко тело, вчера околу 17 часот и 50 минути е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Сараиште“. Телото се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десетина метри од езерскиот брег. По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е Димитри А. (61 ) од Охрид. На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена…

повеќе...

Показна вежба за извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација

Со показна вежба на извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација денес на старото градско пристаниште во Охрид, Црвен крст Охрид преку дел од своите тимови на спасители на вода и тимови на парамедици ја покажа својата подготвеност за справување со предизвиците поврзани со безбедноста на вода на капалиштата, во претстојната летна сезона. Вежбата ја следеа дваесет претставници на Црвен крст на Норвешка кои не ги криеја своите позитивни импресии од професионалноста на тимовите за спасување на Црвен крст Охрид. Напоменуваме дека од утре, 19 јуни па се до 20…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето од хотел Метропол до Пештани

ОД МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради дефект на главна водоводна линија, пукната цефка ф 300 мм, има прекин во водоснабдувањето на потегот од Хотел Метропол до Пештани. Прекинот ќе трае се до отсранување на дефектот.

повеќе...

СДСМ: „Реформите“ во водостопанството водокорисниците од Дебрца ги оставија без вода за наводнување

Општинската организација на СДСМ Дебрца испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Реформите“ што ВМРО-ДПМНЕ ги спроведуваше во водостопанството веќе втора година водокорисниците од Дебрца ги оставија без вода за наводнување. Со овие реформи беа укинати водните заедници, како здруженија на водокорисниците и со донесувањето на Законот за водостопанство, кој започна да се применува од 01 Октомври 2015 година користењето, управувањето, одржувањето и стопанисувањето со системите за наводнување од дотогашните водни заедници е пренесено на новоформираното Акционерско друштво во државна сопственост, „Водостопанство на Република Македонија“, како вршител на водостопанска дејност,…

повеќе...

Утре ќе има прекин со водоснабдувањето од хотел „Гранит“ до „Орце Николов“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид утре среда, 31ви мај поради интервенција на водоводната линија ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од Хотел „Гранит“ до „Орце Николов“ во период од 08:30ч до 13:00 часот.

повеќе...

Утре ќе има прекин со водоснабдувањето на ул. „Кеј Македонија“ и „Јане Сандански“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека утре, 23.05.2017 година ќе има прекин во водоснабдувањето на улица „Кеј Македонија“ и „Јане Сандански“ од пресекот со ул. „Партизанска“ према „Кеј Македонија“, во период од 08:00ч до 14:00 часот.

повеќе...

Во ОУ „Григор Прличев“ се одржа работилница „Изворска – извор на креативност“

Во ОУ „Григор Прличев“ Охрид, денес се одржа работилница на тема „Изворска – извор на креативност“. На работилницата учествуваа учениците од 4-то одделение. Целта на работилницата беше учениците да се едуцираатт за тоа κолκу е важно да конзумираме вода во текот на денот.  „Со глина беше изработено шише и се печеше глината и добивме магнет за на фрижидер.“ – велат од училиштето. Сеκој учениκ доби магнет изворска вода и еколошκо торбе и флаерче. WebOhrid

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на повеќе охридски улици поради нов приклучок

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради изведба на нов водоводен приклучок на ул. „Вардар“, ќе има прекин во водоснабдувањето на оваа улица како и на дел од улиците „Гоце Делчев“ (од Дрвара кон центар), Македонски Просветители (од фонтана чинар кон поранешен 1-ви Мај), Градски Пазар и дел од улиците Абас Емин, Стив Наумов и Кирил и Методи. Прекинот ќе биде во период од 08:30 часот  до 14:00 часот.

повеќе...

Македонија домаќин на Европско првенство во кајак на диви води

Европското првенство во кајак на диви води во спринт и класик за сениори ќе се одржи на патеките на реката Вардар и Матка во Скопје. 176 учесниви од 18 земји ќе продифелираат со своите кајаци во наредниве четири дена и ќе го збогатат спортскиот изглед на Скопје. „Голема е честа, но и одговорноста за организација на еден ваков настан каков што е Европско сениорско првенство во кајак на диви води во спринт и класик. Агенцијата за млади и спорт секогаш е главниот подржувач на настани организирани од кајак федерација на…

повеќе...

Прекин на водоснабдувањето на улиците „7ми Ноември“, „Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради интервенции на водоводните линии (изведба на нов водоводен приклучок за потребите на Градски Пазар и промена на вентил кај фонтана Чинар), ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„7-ми Ноември“ и дел од улиците „Гоце Делчев“ и „Климент Охридски“ во период од 08:30ч до 12:00ч.

повеќе...