Потпишани уште шест договори за реализација на Програма за инвестирање во животната средина за 2015 година во делот на подобрување на квалитетот на водите

Во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Програмата за инвестирање во животната средина и Конкурсот за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2015 година, министерот Нурхан Изаири потпиша договори за заштита и подобрување на квалитетот на водите со градоначалниците на уште четири општини. Со градоначалникот наопштина Чешиново-Облешево, Костадин Личков, потпишани се два договора и тоа за изработка на „Техничка документација за пречистителна станица на фекална канализација за с. Уларци“ и за “Техничка документација за…

повеќе...

Министерот Изаири прими делегација од Словачка компанија заинтересирана за инвестиции во секторот води

Денес, министерот за животна средина просторно планирање Нурхан Изаири оствари работна средба со министерот без ресор Фуркан Чако и претставниците на словачката компанија АДАТО. На средбата, претстaваниците на компанијата го информираа министерот Изаири за статусот на компанијата како и за нивната заинтересираност за вклучување во проекти поврзани со секторот води. На средбата беше разгледана можноста за воспоставување на соработка во заштита на водните ресурси.

повеќе...

Извештај од охридскиот екологист Наумоски по повод Светскиот ден на водите

Охридскиот екологист Лазо Наумоски испрати свој допис до медиумите, по повод 22 – ри март Светскиот ден на водите, на тема „Влијанието на Националниот парк Галичица врз Охридското Езеро и неговата флора и фауна. „Планината Галичица која се протега на источниот брег на Охридското Езеро во далечната 1958 година прогласена е за Национален парк. Зафаќа површина од 25.000 ha од која 14.000 ha се под шума. Охридското Езеро зафаќа површина од 358 км2 и образува водена маса од 58 км3 вода. Неговото напојување со вода се врши со 40 подземни и надземни извори,…

повеќе...

Состојбата во Македонија по обилните врнежи од дожд

Битолски регион Во текот на вчерашниот ден заради превентива од поголеми поплавувања и нанесувања по обемни матријални штети во општина Новаци, од страна на Координативното тело при Влада на РМ е донесена одлука за отварање пропуст на Регионалниот пат Битола-Новаци-РЕК-Мариово. Пропустот е направен после мостот пред село Новаци, во попладневните часови. Вработените во РЕК Битола и жителите кои гравитираат во тој дел ќе ги користат алтернативните заобиколни патни правци. По 17:00 часот, над отворот на патот пред с.Новаци било поставена челечна конструкција – мост за премин на пешаци. Исто така,…

повеќе...

Цветан Мицкоски го фати Светиот крст во Охрид

Многу бројни верници, од земјава и странство, претставници од дипломатскиот кор, Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски, пратеници и бројни охриѓани утрово на градското пристаниште, кејот и плоштадот го проследија чинот на осветување на езерските води и барање на чесниот крст. Охриѓанецот Цветан Мицкоски, по потекло од Белчишта, Дебрца беше најсреќниот, од над 1000 капачи: охриѓани, жители на други македонски градови и странци кои во езерските води го бараа Чесниот Крст и кој прв успеа да стигне до него. Првите честитки ги прими од градоначалникот Никола Бакрачески и кумовите Зоран Милески…

повеќе...

Инцијатива за одговорно планирање и управување со водите кои се користат во земјоделството во басенот на Охридското езеро

Гаус институтот – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење ќе одржи информативна сесија и презентација на проектот: „Инцијатива за одговорно планирање и управување со водите кои се користат во земјоделството во басенот на Охридското езеро“. Презентацијата ќе се одржи во Охрид, утре- 18ти декември (четврток), со почеток во 11:00 часот. На сесијата покрај проектот ќе бидат презентирани резултатите од уште два други проекти од страна на Еколошко друштво Грашница, Охрид и Институтот за Европски еколошки политики од Албанија.

повеќе...

Утре во Приштина ќе се одржи Форум за Води

Утре во Приштина ќе се одржува Форум за Води организиран од страна на Регионалниот центар за животна средина за Централна и источна Европа (РЕЦ), преку иницијативата за безбедност и животна средина (Environment and Security Initiative – ENVSEC). На форумот Главни теми ќе бидат ефикасното управување со води посебно во прекуграничен аспект и еко дипломатијата и дипломатијата за води како носител на процесите во регионот на Југоисточна Европа. На темата еко-дипломатија и дипломатија за води панелист ќе биде Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат кој на Форумот ќе предава за искуствата со еко -дипломатијата околу…

повеќе...

Директорот на ЈП „Проаква“, Паскалоски во работна посета на Јапонија

На покана од јапонската страна која е вклучена во проекти за рехабилитација на колекторскиот систем во охридско – струшкиот регион кој го опфаќа колекторскиот систем кој го штити од загадување Охридското езери, директорот на ЈП „Проаква“, Томе Паскалоски престојуваше во Токио каде на студиско патување се сеткнаа со претстава и презнаење за функционирањето на канализациониот и пречистителниот систем во јапонската престолнина. „Најважен сегмент на престојот се сознанијата околу тоа како во Јапонија се рехабилитира на дотраените цевки од канализациониот систем кој е еден од најстарите и најголемите во светот. Стекнатото…

повеќе...

Одржано државното првенство во кајак на мирни води

Денес во Охрид се одржа Државно првенство во кајак на мирни води. Охридските кајакари на ККК „ЕХО“ од Охрид по 20 години успеаа да го вратат приматот на Охрид за најдобра екипа во кајак на мирни води во Република Македонија. Државното првенство се одржа во организација на Комитетот за спринт (кајак на мирни води), а домаќин беше кајакарскиот клуб „ЕХО“ од Охрид. Постигнати се следните резултати: Првото место и со злато се закити екипата на ККК „ЕХО“ од Охрид, второто место и сребрен медал го освои екипата на ККК „Црн…

повеќе...

Работен состанок за спроведување проекти за изградба на пречистителни станици за отпадни води

Поглавјето животна средина е едно од најкомплексните, а воедно и најскапите поглавја за пристапување кон ЕУ, и побарува големи финансиски вложувања за достигнување на поставените стандарди. Продлабочувајќи ја анализата, сосема е оправдана констатацијата дека областите на управување со отпадот и управување со водите се најскапи области. Ова денеска го кажа министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири во своето обраќање на работниот состанок на тема „Обврските кои произлегуваат за општините и јавните комунални претпријатија пред и во фаза на спроведување на проектите за изградба на пречистителни станици за…

повеќе...