Трајкоски: Нашата цел отсекогаш била подобрување на животниот стандард на жителите на Општина Дебрца

Кандидатот за градоначалник за Општина Дебрца, Игор Трајкоски денес одржа прес-конференција пред фудбалското игралиште за голем фудбал во Волино. На прес средбата беа презентирани досега реализираните проекти од областа на спортот, како и проектите од новата програма кои ќе бидат реализирани во новиот мандат од областа на спортот. „Нашата цел отсекогаш била подобрување на животниот стандард на жителите на Општина Дебрца. Со таква мисла и со такви планови ја започнавме и оваа кампања. Можеме денес да се пофалиме со многу, но исто така знаеме дека не чека макортпна работа за…

повеќе...

Жител од Волино нападнал полициски службеник

Утрово во 02:30 часот во ПС Охрид, при приведување по претходно нарушен ЈРМ А.Т.(26) од с.Волино–Дебрца, физички нападнал полициски службеник удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Истиот бил приведен и задржан во ПС за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Во Волино од 9-ти до 28-ми август ќе се одржи турнир во мал фудбал „Богородица куп 2014“

Фудбалскиот клуб „Сатеска” Волино и оваа година го организира 17-тиот Турнир во мал фудбал „Богородица Куп 2014-Меморијал Зоран Митрески (1970-2013 ) ”, кој што се одржува во Волино, од 09 до 28 Август. Турнирот во мал фудбал „Богородица Куп“ е традиционална спортска манифестација која во чест на верскиот празник  „Успение на Пресвета Богородица”-28 Август, Голема Богородица, заштитничка на Волино, ја организира Фудбалскиот клуб „Сатеска” Волино, а под покровителство на Црквата „Успение на Пресвета Богородица” и Месната заедница-село Волино. Турнирот е со спортско-натпреварувачки карактер и придонесува за промоција на фер плејот…

повеќе...

„Богородица Куп 2014“ во чест на Зоран Митрески – Бутрагењо

Фудбалскиот клуб „Сатеска“, на вчерашниот состанок на кој се расправаше за организацијата на 17-то издание на Турнирот во мал фудбал „Богородица Куп“ с.Волино едногласно одлучи годинешното издание на „Богородица Куп 2014“  да биде во чест на прерано починатата легенда на „ФК Сатеска“, Зоче  Бутрагењо и да има меморијален карактер, односно „Богородица Куп 2014 – Меморијал Зоран Митрески (1970 – 2013)“. „Името на Зоран Митрески – Бутрагењо со златни букви засекогаш ќе биде врежано во богатата историја на ФК „Сатеска“, како најдобриот стрелец  на Клубот на сите времиња. Повеќе од две…

повеќе...

Јавна расправа за изградба на интерконективен надземен вод

Утре, 7-ми мај, во просториите на Општина Дебарца со почеток во 11 часот ќе се одржи јавна расправа за Студијата за ОВЖС на проектот „Изградба на интерконективен надземен вод 400KV ТС Битола 2 – македонско-албанска граница и ТС 400/110 KV Охрид“. Јавната расправа е организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и МЕПСО заедно со консултантот кои ќе ги презентираат оправданоста на проектот и Студијата за ОВЖС. Сите заинтересирани жители на општина Дебарца може да присуствуваат на јавната расправа, а од особено значење е за жителите…

повеќе...

Градоначалникот Трајкоски оствари средба со жителите на с.Волино

Градоначалникот Игор Трајкоски оствари средба со жителите на с.Волино, на која што беа презентирани активностите на Општина Дебарца конкретно за с.Волино, што е до сега реализирано и што се планира да се реализира. Од страна на градоначалникот присутните се запознаа за активностите кои беа реализирани за с.Волино, меѓу кои се реконструкцијата на полигонот за мал фудбал, изградбата на новото училиште каде што Општината вложи дополнителни 600.000 денари за приклучување на електричната и водоводната мрежа како и партерното уредување. Од планираните активности градоначалникот посочи дека ќе се изработи урбанистички план за…

повеќе...