Уште само два дена за пријавување на Ohrid SUPERSTAR

Oстанаа уште само два дена за пријавување на првото локално Талент шоу за реагионот на Охрид и Струга – Ohrid SUPERSTAR. „Пријавувањето тече во најдобар ред и според нашите очекувања. Во најголем дел се пријавуваат за сегментот на пеење и млади и перспективни бендови. Имаме и пријави за делот со Стенд Ап комедијата. Станува збор за претежно млади лица кои ветуваат добра забава и максимално ќе ја искористат можноста да се претстават пред јавноста. Сите кои се мислат дали да се пријават или не ги охрабруваме и им ветуваме одлично…

повеќе...

Народен собир на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Вечерва во Охрид пред општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се одржа народен собир на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Целта на собирот е да се покаже политичката сила на ВМРО-ДПМНЕ, како и да се укаже дека секогаш треба да се почитува волјата на народот и националниот интерес на Македонија.  „Се собравме во масовен број членови на ВМРО-ДПМНЕ да го крениме гласот и да кажеме дека веќе ова вака не може, дека ние веќе како граѓани на нашата држава Република Македонија нема да дозволиме разнебитувње, двојазичност, федарализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ…

повеќе...

Ohrid SUPERSTAR со богати награди во потрага по таленти во Охрид и Струга

Организаторите на новото Талент шоу: Ohrid SUPERSTAR, денес во Bistro Corner во Охрид ја одржаа првата официјална прес конференција на која ги соопштија деталите за манифестацијата. „Започнуваме нова потрага по музичари, пејачи, глумци, бендови, стенд ап комичари, водители за Тв и Радио проекти – односно по сите во регионот на Охрид и Струга кои имаат некој талент и сакаат истиот да го покажат. Талентот не признава граници и токму затоа, ако имате некој талент кој излегува од границите на она што ние го имаме предвидено, секако дека сакаме да го…

повеќе...

Кои се желбите на охридските пратеници во Новата 2017 година?!

Последните денови од старата година ги користиме за да се потсетиме на годината што изминува, но и да си посакаме уште поубави желби во Новата година која ни претстои.  Какви се предновогодишните размислувања и кои се желбите на четворицата пратеници од Охрид, Жаклина Лазаревска и Томислав Тунтев од СДСМ, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски од ВМРО-ДПМНЕ, дознаваме од одговорите на следните прашања кои им ги поставивме: По што ќе ја паметите годината која измина? Што очекувате, кои се вашите желби во Новата 2017 година? Вашата порака до граѓаните на Охрид и…

повеќе...

Терасите – привремен магацин за пелети

Терасите речиси и да не се користат толку многу во текот на зимските месеци. Па според тоа, нашите сограѓани ги преадаптираат во магацини за складирање на пелети, брикети, па дури и дрва. Таков е и овој случај кој што го регистрира нашиот објектив. Освен вратата која е слободна за спростирање алишта, останатиот дел од терасата е затрупан со пелети. WebOhrid

повеќе...

Рено Рудолф низ охридските улици

Охрид се украсува, празничната атмосфера од ден на ден се чувствува се повеќе и повеќе. Покрај вообичаените новогодишни украси, по охридските улици можеме да забележиме и еден невообичаено украсен автомобил. Еден наш сограѓанин се решил да го украси својот автомобил, па со тоа од Рено 4 направил Рено Рудолф. WebOhrid

повеќе...

WebOhrid е номиниран во три категории за „Сајт на годината 2016“

WebOhrid и оваа година учествува во трката за избор на најдобар веб сајт во Македонија. Гласањето за најдобар сајт за 2016 година започна oд 24-ти ноември и ќе трае до 9-ти декември. WebOhrid e номиниран во три категории, и тоа: Најдобар сајт за 2016 година, Најдобар дизајн и Најдобар сајт за вести и информации. Најдобрите веб сајтови за 2016 ќе се прогласат на 14-ти декември 2016 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје. Mанифестацијата „Сајт на Годината“ во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами…

повеќе...

Не е лесно да си продавач/ка

Во денешно време ниту една работа не е лесна, а камоли работа како продавач, и тоа во бутик. Луѓе влегуваат-излегуваат, гледаат, прашуваат, растуриваат, па заминуваат. Сето тоа мора да го средат продавач/ките кои најчесто се осигурани на скратено работно време, а работаат скоро и по цел ден. Во таква ситуација не помага, ниту кафето, водата, весникот, дури ни цигарите кои дополнително „убиваат“. За среќа, тука е аналгинот! WebOhrid

повеќе...

Нови бандери – идеални за огласи

Тукушто поставени бандери низ Охрид, а граѓаните веќе „ги ставија“ во употреба. На една од нив осамна оглас: „ПРОДАВАМ – ВНАТРШНИ ВРАТИ-И-ПРОZОРИ телефон-070 ххх-ххх“ Според изгледот и квалитетот на дрвената табла, тешко дека некој ќе биде заинтересиран да се јави на овој оглас. WebOhrid

повеќе...