Атрактивни камп-приколки ја исполнија Туристичка

Летото во Охрид трае. Туристи има уште и тоа странски и полски и холандски, но и француски. И тоа забележително и атрактивно! Пример и доказ за продолженото охридско туристичко лето се и овие француски камп-приколки и камп-камионети кои ја исполнија Туристичка! WebOhrid

повеќе...

Писмо: Кој и зошто ја заборава НОБ ?

По осамостојувањето,за жал,имаше и има периоди во кои се омаловажува НОБ и борбата против фашизмот,а некогаш и сега се негираат и нејзините успеси и нејзините херои. Со пепел не можат да се покријат за да се заборават 24 илјади млади луѓе кои ги дадоа животите(највредното кај човекот) свесни за своето загинување,но уште посвесни дека со нивната жртва ќе се создаде македонска држава кон која се стремеле нивните прадедовци,дедовци и татковци во последните стотина години.Република Македонија дефинитивно треба да ја напушти’’инвалидската количка’’во која е сместена,не може да остане трајно нејасно,по чија…

повеќе...

Доделени дипломи за завршен веб-курс на ученици од социјално загрозени семејства

Во рамките на активностите за општествена одговорност на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ се реализираше проектот наменет за лица од социјално загрозени семејства. Во рамките на овој проект, ученицитена возраст од 16 до 18 години од оваа социјално ранлива категорија имаа можност бесплатно да стекаат знаења и вештини за веб програмирање, како опција повеќе при нивното идно вработување. Основната цел на курсотсо работен наслов „Learn the web“бешеоспособување на учениците самите да креираат едноставна веб – страна, како поттик при нивната определба за нивното идно образование и кариера или како потенцијален извор…

повеќе...

Се продава куќа или…!?!

Охрид, Охрид, убав мил, отсекогаш рај бил, особено во летните месеци кога доаѓаат туристи од сите краеви на светот. Период кога буквално сè е достапно за изнајмување, а зошто да не и за продажба!? Во овој случај се продава куќа веднаш до црквата „Св.Никола“ во „долна Влашка маала“. Сигурно секој би се запрашал што се продава, куќата или локацијата. Едно е сигурно – локацијата е атрактивна. WebOhrid

повеќе...

Медиумска (не)писменост

Сигурно не се чудите и нема да се чудите ако прави грешки некое порталче или медиумче во нашава „голема“ Македонија. Но, дали е тоа нормално за голем (национален) медиум!? Конечно се воспостави бродската линија Охрид-Поградец! Значи да потенцираме ПОГРАДЕЦ, без Д кое го имаат Подгорица или Подгорци, Подгор и.т.н. Утре во Поградец ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро, и… погодете што! Сите си најавуваат дека Денот ќе се одбележи во Подградец. Јасно е дека голем дел од новинарството во Македонија работи на принципот copy-paste, па сега… ако згреши еден, односно…

повеќе...

Само Рајот може да има толку многу рајски птици

Пауните, често наречени рајски птици, претставуваат симбол на Св.Наум. Иако, според некои кажувања, пауните биле донесени на овој простор пред век и половина, тие изгледаат како отсекогаш да живееле овде, од самиот почеток, кога Бог го создал овој Рај. Ги има насекаде: во парковите, на дрвјата, на кровот од манастирот, а често и пред самата порта од овој храм, што претставува вистинска атракција за посетителите на ова свето место. WebOhrid

повеќе...

Македонскиот кириличен домен .мкд регистриран во ICANN

Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN) го објави успешното завршување на регистрацијата на предложениот интернационален кириличен домен за Македонија (.мкд). Извршниот директор на ICANN, Фади Шехаде, му честита на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, за регистрацијата и му посака успешна промоција и афирмација на доменот во меѓународниот интернет простор. Со националниот домен (.мкд) отсега ќе можат да се регистрираат веб страници на кирилично писмо, односно ќе бидат опфатени карактеристичните букви од македонската азбука како што се Љ, Њ, Ѓ, Ж, Ч, Ш и Џ.…

повеќе...

Писмо: Радиодифузна или радиоконфузна такса!?

Денес ми стигна „честитка“ – сметка за радиодифузна такса за месец јануари 2014, со рок за плаќање до 15 февруари 2014. На сметката јасно се гледа дека печатот за испраќање е „удрен“ на 20 февруари, значи цели 5 дена покасно од предвидениот рок за плаќање. И убаво си пишува дека на износот што нема да се плати во пропишаниот рок се пресметува и наплатува камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување. Ова ми звучи како намерно задоцнување, да се доцни што е можно повеќе денови, за каматата да…

повеќе...

Да се биде советник во општина Охрид претставува голема чест, меѓутоа и огромна одговорност – Интервју со Климе Шешоски

Интервју со Климе Шешоски, советник во охридскиот Совет. WebOhrid: Кога човек ги набљудува активностите на Локалната самоуправа за Охрид во изминатава година, неодминлив лик на фотографиите од настаните е г.Климе Шешоски, еден од најзабележителните советници во Охридскиот Совет. Тоа значи дека сте дел од потесниот круг на соработници во кои верува градоначалникот?! Која е улогата на Климе Шешоски во Советот на град Охрид?  Кои се, конкретно, Вашите задачи во тимот ?! Шешоски: Да се биде советник во општина Охрид претставува голема чест меѓутоа и огромна одговорност. Посебно за да се биде дел од…

повеќе...

PRV.mk мобилна апликација за информации за вработување и пракса

Пракса, работа и волонтирање PRV.mk е првата мобилна апликација наменета за млади, на која можат да се најдат информации за вработување, стекнување работно искуство, волонтирање, но и за активните мерки и обуки за вработување. „Денеска промовиравме една алатка со која што на младите невработени лица ќе им се овозможи брз пристап информациите за слободните места на пазарот на трудот. Не случајно тргнавме од девизата „од информација до кариера“. Идејата е да им помогнеме на младите преку и со информација да започнат кариера. Токму затоа промовираме една многу интересна и комуникациска…

повеќе...