Ете бидна Бадник, Божик, на сите Бог нек ни поможит. По нив идет Стара Нова, шо да прајш, да славиш морат. За Водици крст се фрлат, скокет луѓе во мраз вода. Дупнат чорап, нозе камен, ракивче на стомак гладен. Крстот ќе дојт пак во Варош, ќе не пцует цел народ. Ај кј и да е ќе дојт и лето, ете ти го и Скопјето. А до тогаш зима пуста, имат дури и магла густа. Кајче веслам, со весла мафтам, е не, низ чаршија ќе се пафтам. Кј да одам, морам…
повеќе...Tag: веб
ОХ стрипови кои ја одбележаа 2013 година
ОХстрип – Вашиот охридски стрип на Вашиот објективен прозорец… Погледнете ги стриповите што ја одбележаа 2013-та година. Продолжуваме и понатаму со нови и интересни стрипови. Не пропуштајте, бидете со нас и во 2014! WebOhrid
повеќе...WebOhrid Ви посакува Среќна Нова 2014 година!
Нека Новата 2014 година Ви биде посреќна, поуспешна и побериќетна!
повеќе...НОВОГОДИШНА АНКЕТА: „Шчо напраифме во 2013 и шчо требит да праиме за однапред во 2014“?
Времето пред Нова година е добра временска постојка за да застанеме, да одмориме и да се прашаме како што би рекол Мисирков „шчо напраифме и шчо требит да напраиме за однапред“. Секој од нас на крајот на годината ги сумира своите резултати и ефекти од планираното и реализираното…. Некој со големи планови и големи приноси, некој за жал не… но тоа е тоа… постојат и разни фактори на влијанија… кај секој од нас различни… Ние се прошетавме меѓу охриѓани и меѓу оние со помали и со покрупни планови… 2013 е…
повеќе...Јавните телефонски говорници одамна заборавени
Јавните телефонски говорници одамна се заборавени. Ги има, постојат, ама како да не постојат. Тука се во централното градско подрачје: по „Партизански одреди“, „Димитар Влахов“, „Јане Сандански“… Ги има, а во нив најмногу што има е прашина напластена со години, од времето на првите мобилни во Македонија, а можеби и од порано, зашто голем дел од овие говорници и во времето кога беа во мода долго време не беа функционални, „благодарение“ на вандалите. Граѓаните реагираа на ваквата состојба и бараа од надлежните да ги отстранат овие некогаш модерни и убави, а…
повеќе...Интервју со градоначалникот на Општина Дебарца – Игор Трајкоски
Управувањето со промените е храбра и машка работа. Особено кога тоа се прави со една општина која речиси сета независност ја помина во владеење и во владение на една сосема спротивна политичка опција за што и не беше баш во подемните и напредни општини. Денес, по само неколку месеци промени, состојбата со „борбена“ Дебрца е навистина поинаква. И навистина се води борба за брз напредок и за фаќање чекор со модерното време со современите барања. Овие позитивни промени во Дебрца се и наш повод да разговараме со првиот човек, со…
повеќе...Не се нежни, ама се неизбежни „слатките пријателчиња“ – лутите пипериња
Кај и да ги посадиш и кај да не ги посадиш – ќе те изненадат секаде никнуваат: лути, ама корисни! И за побрзо уфрлање на исхраната и за побрзо исфрлање на негативната енергија: лути пиперчиња и тоа посебно вакви, посебо одгледани и во посебни услови: во „подвижна бавча“, во неизбежната количка чиј сопственик очигледно има посебна пасија кон овие лути, а „слатки пријателчиња“ – лутите пиперчиња! WebOhrid
повеќе...Интервју со директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ – Елена Скрческа
Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ има одлична можност во следниов период да го оправда претходно донесеното мото: „Охрид – препознатливо чист“. Причина повеќе за тоа не се само промените на Локалната власт, туку и промените на раководното место во ЈП „Охридски Комуналец“. Од оваа година прв човек на претпријатието е жена! Жена која повеќе од три децении е сврзана со ова јавно претпријатие од кое зависи и впечатокот за убавиот Охрид. Разговараме со госпоѓа Елена Скрческа, вршител на должноста директор на ЈП „Охридски Комуналец“… WebOhrid: Најпрво, како се чувствувате како прв човек…
повеќе...Кучињата – редовни капачи во Охридското Езеро
Капењето на кучињата во Охридско Езеро сеуште е дозволено. Најдобриот пријател на човекот можеме да го видиме насекаде во и околу езерото, без разлика дали се работи за посетени плажи, диви плажи или пак Кејот и пристаништето. WebOhrid
повеќе...Доста беше туризам, време е за земјоделие
Замре „лудилото“ наречено туризам. Со наближувањето на почетокот на учебната година, заминаа туристите, викендашите, сите оние кои секоја година прават гужва во Охрид особено една недела пред и по Илинден. Голем број од нашите сограѓани беа зафатени со туризам, а штом се послободни, време е да се зафатат и со земјоделските работи. WebOhrid
повеќе...