Веб-страната на Општина Дебарца повторно активна

По објавата на WebOhrid: „Хакирана веб-страната на Општина Дебарца“, од страна на одговорните за одржувањето на официјалната веб-страна на Општина Дебарца www.debarca.gov.mk, веднаш беше реагирано и страната повторно е вратена во функција. WebOhrid

повеќе...

Хакирана веб-страната на Општина Дебарца

Денес попладне официјалната веб-страна на Општина Дебарца www.debarca.gov.mk беше хакирана. Очигледно, од неодамна пуштената во употреба веб-страна на Општина Дебарца и нејзината присутност во медиумскиот простор предизвика „интерес“ кај хакерите, кои очигледно ја згрешиле адресата, па наместо на некоја српска веб-страна, овде упатиле порака до Србите дека „Косово не е Србија“. Одговорните за одржувањето на официјалната веб-страна на Општина Дебарца, работат на оспособување на страната и нејзино повторно функционирање.

повеќе...

Јавна расправа за Законот за медиуми

Во Собранието на Република Македонија денес се одржа седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија, на чиј дневен ред беше јавната расправа за Законот за медиуми. Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, во воведното обраќање образложи дека законот се однесува на сите медиуми и оти од неговото прво претставување во јавноста досега се направени повеќе измени и дополнувања, по предлог на странските и на домашните експерти, здруженија и асоцијации. Тој се задржа на слободата на изразувањето и правата на новинарите, како едни од најзначајните сегменти од нацрт-текстот…

повеќе...

Кај што има автобуси, има и туристи

Кога ќе погледнете голем број на паркирани автобуси сигурно би помислиле дека во градов почнала нова предизборна кампања и дека тоа се платени политички автобуси полни со партиски војници. Но, овојпат, за среќа не сте во право, ако така помисливте. Вистината, за среќа, е многу порадосна: веќе започнал шпицот на туристичката сезона во Охрид, а сите овие автобуси и многуте илјади возила низ градов се полни со туристи. Нека има полно вакви слики и нека ни трае подолго летото во Охрид! WebOhrid

повеќе...

Капетанот управува и поздравува капетански дури и на копно

Летото е најкреативниот период, иако повеќето луѓе се на одмор. Децата уживаат безгрижно и се најсреќни во близина на родителите, особено крај татковците и нивните вештини во возењето. Објективот на WebOhrid го затекна капетанот на Охридската капетанија Горан Устијаноски како ужива со своите мали капетанчиња, возејќи крај каналот Студенчишта на неговата руска машинерија од минатиот век, поточно моделот ДНЕПР К-650 од времето на СССР. WebOhrid

повеќе...

Многу прашања за нашата иднина лежат одговорени во нашето минато – интервју со Никола Митровиќ

МНОГУ ПРАШАЊА ЗА НАШАТА ИДНИНА ЛЕЖАТ ОДГОВОРЕНИ ВО НАШЕТО МИНАТО (Интервју: М-р Никола Митровиќ, историчар, инспектор во Државниот архив – Охрид) Историјата е најнеисцрпната и најконтроверзната наука преку која историските евидентичари (најчесто победниците) ги запишувале настаните од нивното стојалиште, а уште повеќе водени од нивниот интерес. Државниот архив во Охрид е една физички не многу привлечна зграда, но како јавна установа е полна со историски документи и друга архивска граѓа од која свои мотиви за поинакво, пореално и поверодостојно толкување на историјата гледаат денешните македонски историчари. Овој запис, ова интервју…

повеќе...

Македонија падна на 92 место на ФИФА рејтинг листата

Поразите на Македонија од Шведска и Норвешка во пријателските натпревари резултираа со пад на рејтингот на нашата репрезентација од -14 места. Македонската репрезентација се најде дури на 92 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Од нашата група А, во квалификациите за „Светското првенство Бразил 2014“, Хрватска со пад од -4 места е на 8-то место, Белгија со скок од +2 се најде на 10-то место, Србија со пад од -5 се најде на 41-то место, Велс со пад од -1 се најде на 46-то место, а Шкотска со скок од +24…

повеќе...

Нелегално ја поминал државната граница и вршел незаконит риболов

На 03.07.2013 година во 05:10 часот од страна на УПС од ПС за ГН „Охридско Езеро“, при вршење патролна дејност долж водената граница на Охридското езеро, бил затекнат пловен објект „Томос 4“ управуван од А.Д.(65) од Р.Албанија, кој нелегално ја поминал државната граница и вршел незаконит риболов. Од страна на УПС, со потврда за привремено одземени предмети одземени се пловниот објект, две дрвени весла, едно кепче, една пластична канта за гориво и 21 жила со по 6 блинкери.

повеќе...

Општина Дебарца доби официјална web-страна

Општина Дебарца  доби официјална web-страна која гласи www.debarca.gov.mk. Конечно жителите ќе можат да се информират за случувањата во Oпштината, со кои служби располага Општината како и за тековните активности.

повеќе...

Супер Месечина на небото над Охрид

Синоќа на небото над Охрид можеше да се забележи несекојдневниот феномен, таканаречен Супер Месечина, навидум многу поголема полна Месечина отколку што е вообичаено. Кога патувањето на Месечината е најблиску до Земјата, а притоа се поклопува и полна Месечина, се добива феноменот Супер Месечина. Месечината се најде на најблиска точка од својата орбита до Земјата на оддалеченост од 356.991 километри, што ни изгледа 14% поголема и 30% посјајна. Експертите тврдат дека и покрај некои верувања за природни катастрофи поврзани со Супер Месечината, нема причина за никаква загриженост, бидејќи станува збор само за природен астрономски…

повеќе...