И тоалетната хартија на сушење

Лето, туристи, викендаши… Невообичаено полни станови, згради и куќи, а на терасите се суши дури и тоалетна хартија. Можеби звучи како виц, но да не навлегуваме во тоа, кој, каде, како и зошто… Во овој случај, тоалетната хартија чиста и неупотребена е ставена на сушење. WebOhrid

повеќе...

Ех да сум птица, или подобро не !?

Многумина би рекле „Ех да сум птица“. Но дали е така?! Кога ќе поминете на улицата „Даме Груев“ и кога ќе ја видите оваа слика, сигурно ќе се согласите дека и на птиците не им е лесно. WebOhrid

повеќе...

И желките засегнати од состојбата со паркинзите во градот

Оспорен, раскинат или пак Договор во процес на раскинување. Тоа воопшто не им е важно на возачите. Секој гледа да најде сигурно место за паркирање, а секако по можност и бесплатно. Со оглед на тоа дека се наплаќа на паркинзите во централното градско подрачје возачите избегнувајќи ги овие места, најчесто паркираат на поранешниот полигон, односно сега познат како „паркингот кај Европа“. Деновиве објективот на WebOhrid регистрираше една желка која очигледно е засегната од состојбата со паркинзите во градот. WebOhrid

повеќе...

Колумна: екс®Т(ЕР)ремНО

Помина денот Д и следните три дена екстерно тестирање, после многуте турбуленции и превирања, како по печатените така и по електронските медиуми. Голем број забелешки од страна на родителите и просветните работници, а од другата страна објаснувања и смирувања на состојбите дека тестовите се всушност чиста рутина и нема да се некој поголем проблем за учениците. Но дали е навистина така? Всушност на текстов ме наведе мојата 5 годишна ќеркичка со прашањето што е тоа екстерно тестирање. И велам како да ти објаснам кога ни мене не ми е најјасно. Дел…

повеќе...

Охридска супер бабичка

Сигурно се сеќавате на „Супер бабичка“, серијата од 80-те во која главниот лик го толкуваше бабичката која имаше супер-способности. Оваа охридска супер бабичка покажа дека може сама да ја коси тревата и сама да го уредува дворот, и тоа без супер-сили. Доволни се само (хорти)култура, желба и многу љубов. WebOhrid

повеќе...

Каде играат нашите дечиња?

Имаме ли доволно детски паркови во градов каде што може безбедно да си играат нашите малечки?! Можеме ли слободно да ги оставиме и да веруваме дека ништо опасно нема да им се случи?! Според фотографиите не е така, зашто играњето на овие деца во водите на Билјанините извори очигледно е опасност за нив, кои при секое фрлање и шутирање на топката во изворите, мораа од страв да побараат и да ги замолат повозрасните да им ја извадат топката. Сепак, една несакана слика во која децата се изложени на несакана опасност.…

повеќе...

Спајдермен леташе над Охрид

Денес на небото над Охрид имавме една необична, несекојдневна глетка. Имено, еден балон со хелиум, во форма на Спајдермен успеа да се ослободи, и од градскиот плоштад веднаш се издигна на небото над Охрид. Летот на овој стрип-јунак веднаш успеа да го регистрира камерата на WebOhrid.

повеќе...

Јато птици – атракција на небото над Охрид

Нели со доаѓањето на птиците доаѓаше и пролетта!? Навистина, некои птици (ластовичките) оваа година дојдоа заедно со пролетта, но некои дури сега пристигнуваат, како што многумина би рекле „си знаат тие кога да дојдат“. Сведоци сме на големи климатски промени кои се случуваат во природата, а тоа секако влијае и врз живиот свет. Можеби затоа последните години птиците го менуваат „редот на летање“, кој секоја година е различен. Ова јато птици вчера претставуваше вистинска атракција на небото над Охрид. Нашиот фото-објектив го регистрираше како го надлетува градот, менувајќи повеќе интересни…

повеќе...

Средба на ученици од ОУ „Св.Климент Охридски“ со познатиот охридски писател Видое Видически

Денес во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ во Охрид учениците имаа средба со познатиот охридски и македонски писател и поет Видое Видически. На овој начин, учениците  се запознаа со неговиот живот и творештво, целосно посветени на Охрид и охриѓани. „Секое среќавање со младото поколение мене ми чини задоволство. Јас сум среќен и задоволен што бев денеска на оваа средба и се сретнав со ученици кои што покажаа свој интерес за творештвото во областа на литературата“. – изјави за WebOhrid познатиот поет и писател Видое Видически. Ученици од училиштето „Свети Климент…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески се сретна со уредниците на медиумите од Охрид

Во насока на подигнување на транспарентноста и отчетноста на Локалната самоуправа  кон јавноста, како и потребата од подобрување  на комуникацијата помеѓу Локалната самоуправа и МАС медиумите, градоначалникот Никола Бакрачески денеска оствари средба со уредниците на локалните медиуми. „Како Локална самоуправа континуирано ќе работиме на подобрување на протокот на информации и олеснување на  пристапот до нив. Пристапот до информациите е гарант за транспарентност, отвореност, ефикасност на општината и секако гарант за добра соработка со Вас медиумите“, – истакна градоначалникот Бакрачески. На средбата беше истакната потребата од преземање мерки и активности за…

повеќе...