Никој не се рекламира на ‘рѓосано

„Просторот за рекламирање на политичките партии“ во Охрид, беше одреден уште на 22 август. Тоа се тарабите поставени на оградата од ОУ „Григор Прличев“ и тоа е единственото место во Охрид наменето за тоа. Но, до ден денес, на само една недела до одржувањето на Локалните избори, овој простор за политичко рекламирање се уште е празен. Едноставно, политичките партии се рекламираат на големите билборди, но се одлучуваат и за многуте електронски видови на рекламирање. Кој ли би се рекламирал на ‘рѓосано!? WebOhrid

повеќе...

Подводна еко-патрола

За време на снимањето на подводни сцени од  WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња. Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат! А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера… WebOhrid

повеќе...

Охридските сточари бараат да им се исплатат субвенциите за 2016 година

Сточари од Охрид бараат да им се исплатат субвенциите од минатата година, кои требаше да се исплатат до 30.06.2017 година. „Субвенциите за 2016 година завршија со исплата уште на 30 јуни. На сите им се исплатени, освен нас, а други примања немаме, ние зависиме од тие средства. Во текот на месецов не пуштаат од врата на врата и повратен одговор немаме. Добивме неколку телефонски броеви од Платежна агенција од Скопје, никој не ни одговори цел месец. Преку е-маил контактиравме со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој; Министерството за…

повеќе...

Дали Охрид го тресат земјотресни роеви?

Земјотресни роеви е појава кога се случуваат серија земјотреси во одредена локална област во релативно краток временски период. Должината на времето што се користи за дефинирање на ројот се разликува, но може да биде денови, недели или месеци. Тие се разликуваат од типичните земјотреси, по кои следува серија афтер-шокови. При истражувањето на земјотресните роеви, станува очигледно дека ниту еден земјотрес од низата не е главен удар, односно секој нареден е со различен интензитет од претходниот. Директорот на Институтот за земјотресно инженерство, Михаил Гаревски, во изјава за медиумите пред осум месеци,…

повеќе...

Пронајдена и отстранета рибарска мрежа при снимање на сцени од WebOhrid Aquatic

Како што веќе знаете, минатиот викенд WebOhrid започна самостоен проект WebOhrid Aquatic, со кој ве водиме во подводниот свет на Охридското Езеро. Во текот на снимањето на подводните сцени, на потегот помеѓу Десарет и Градиште, пронајдовме и отстранивме рибарска мрежа заплеткана околу карпа, полна со риби во фаза на распаѓање. WebOhrid

повеќе...

WebOhrid Aquatic ве води во подводниот свет на Охридското Езеро

WebOhrid ве води во подводниот свет на Охридското Езеро. Ова лето, со WebOhrid Aquatic, ќе ви доловиме повеќе видеа, кои можете да ги погледнете на нашиот youtube канал: WebOhrid. Бидете дел од оваа летна шема 2017, само на WebOhrid! Следете не! Ваш WebOhrid

повеќе...

Најавена радосната вест за Воскресението Христово

Православните христијани од целиот свет го слават Христовото Воскресение, ден кој што е еден од најголемите христијански празници. Илјадници граѓани, гости и туристи вечерва во сите цркви во Охрид дојдоа да ги слушнат звуците на камбаните кои на полноќ го означија Христовото Воскресение – Велигден. Така беше и во Црквата Св.Никола Долна Влашка Маала, каде што река од православни верници, го дочекаа Христовото Воскресение и со запалени свеќи во рацете, со молитви за здравје и благосостојба, со кршење на велигденските јајца и секако со поздравот Христос Воскресе, Навистина Воскресе. Централната…

повеќе...

Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

По повод најголемиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден, редакцијата на WebOhrid упатува честитки до сите православни христијани, со желба за многу здравје, среќа, љубов, успех, благостојба и спокој во секој дом. Нека ни е честит големиот христијански празник Христово Воскресение – Велигден и За многу години. Христос Воскресе – Навистина Воскресе! WebOhrid

повеќе...

Птиците преселници се враќаат од југ

Пролетта е на прагот. Последните календарски денови од зимата знаат да бидат топли, но и студени. Најдобар знак дека пристигнува пролетта се птиците преселници, кои денес пред зајдисонце надлетаа над Охрид. Со оглед на тоа што вчера беше Летник, празник за кој се верува дека е поврзан со враќањето на птиците од јужните краишта, по се изгледа дека тоа навистина е така. WebOhrid

повеќе...

Уште само два дена за пријавување на Ohrid SUPERSTAR

Oстанаа уште само два дена за пријавување на првото локално Талент шоу за реагионот на Охрид и Струга – Ohrid SUPERSTAR. „Пријавувањето тече во најдобар ред и според нашите очекувања. Во најголем дел се пријавуваат за сегментот на пеење и млади и перспективни бендови. Имаме и пријави за делот со Стенд Ап комедијата. Станува збор за претежно млади лица кои ветуваат добра забава и максимално ќе ја искористат можноста да се претстават пред јавноста. Сите кои се мислат дали да се пријават или не ги охрабруваме и им ветуваме одлично…

повеќе...