Замаглено огледало на улицата „Св.Кирил и Методиј“

Пред да се искачите или пак на слегување од „Горна Порта“ тука е незгоднот свијок на улицата „Св.Кирил и Методиј“ каде што е потребно исклучително внимавање при разминувањето на возилата. Токму за таа цел е поставено и сообраќајното огледало, но по се изгледа дека тоа не е од корист во овие ладни утра. Имено, поради временските услови, ниската температура и влажноста на воздухот, ова огледало секое утро е замаглено. WebOhrid

повеќе...

Гласајте за WebOhrid за најдобар сајт за 2015 година

WebOhrid и оваа година учествува во трката за избор на најдобар веб сајт во Македонија. Гласањето за најдобар сајт за 2015 година започна oд 24-ти ноември и ќе трае до 9-ти декември. WebOhrid e номиниран во три категории, и тоа: Најдобар сајт за 2015 година, Најдобар дизајн и Најдобар сајт за вести и информации. Вашата поддршка може да ни ја дадете на следниот  → линк ←. Најдобрите веб сајтови за 2015 ќе се прогласат на 14-ти декември 2015 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје. Сајт на годината е манифестација…

повеќе...

Долготраен земјотрес во Грција почувствуван и во Охрид

Утрово во Охрид во 8 часот и 10 минути беше почувствуван долготраен земјотрес со брановидно движење, кој траеше околу 20 секунди. Епицентарот на земјотресот е во Грција, 26 километри западно од Лефкада во Јонското Море на длабочина од 10 километри, со интензитет од 6,5 степени според Рихтер. Според изјавите на жителите од Лефкада, земјотресот бил силен и траел околу една минута. Сеуште нема информации за поголеми материјални штети. WebOhrid

повеќе...

Железарија „Мајсторче“

Железаријата „Мајсторче“ се наоѓа на улица „Питу Гули“ бр.194 во Охрид. Железаријата нуди најквалитетна опрема, професионални машини и алати, опрема за санитарија, водовод, ХТЗ опрема, електрика, бои и лакови, мебел за бањи, туш кабини, вентили, батерии, градинарски славини… Ве очекуваме! За повеќе информации можете да се обратите на: телефон 046/ 611 223 email: sibmile@yahoo.com www.facebook.com/Железарија-Мајсторче

повеќе...

Дрвени гуми!?

Автомобилските гуми речиси е невозможно да се распаднат. Новите технологии го продолжуваат животниот век на гумите, но што е со старите гуми!? Најголем дел од нив завршува во отпад, но тие ослободуваат штетни материи доколку се запалат и дојдат во контакт со почвата и подземните води. Затоа, голем дел од гумите се применуваат како нишалки во училишните дворови, заштита на кајчињата и бродовите на пристаништата, покрај патеките за картинг, покрај огради и.т.н. Природата се бори против најразличниот отпад, па и против гумите. И покрај нивната цврстина, разните временски прилики и…

повеќе...

Застој на сообраќајот пред ЕВН поради скршен ретровизор

Камион оштети ретровизор од паркирано комбе, денес околу 15:30 часот на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид пред влезот на ЕВН.  Возачите на возилата не можеа меѓусебно да се спогодат, па решија да почекаат полицијата да направи официјален записник. За тоа време возилата кои доаѓаа од улицата „Абаз Емин“ беа спречени да поминат и мораа да се враќаат назад по оваа еднонасочна улица. WebOhrid

повеќе...

Солилото „се влева“ во атмосферска канализација не поштедувајќи ги ни автомобилите

Нашите сограѓани се надминаа себеси. Солилото од сирењето завршува во канализација, и тоа во атмосферска! Не пречат ниту автомобилите, а доколку се најдат паркирани над атмосферските шахти, тогаш солило ќе тече и врз нив. Во овој случај, покрај напријатната миризба и неубавата глетка, солилото кое завршило во атмосферската канализација, буквално течело по автомобилот. WebOhrid

повеќе...

Четкар се врати дома

Најпознатиот охридски џез-музичар Владимир Четкар се врати дома. Четкар и неговиот бенд имаа концерт на Гала вечерта „ABLE“ во организација на „Македонија 2025“ која се одржа во Колумбус, Охајо на 26 септември, каде присуствуваа премиерот Никола Груевски и поранешниот (43-от) претседател на САД, Џорџ Буш. Денес можевме да го видиме Четкар во Охрид, како се враќа од неговата турнеја во САД. И покрај тоа што Четкар долги години живее и работи во Њујорк, сепак батериите најдобро се полнат во родниот град, нели!? Добредојде Четкар! WebOhrid

повеќе...

Машинско ставање на грозје? Зошто да не!

Време е за вино. Љубителите на домашно вино знаат дека никаде нема поубаво вино од она што сам ќе го направиш, по свој вкус, од сорта грозје кое сам ќе го избереш. Но, ставањето вино, поточно гречењето на грозјето, знае да биде и тоа како мачно. Затоа, нашиот сограѓанин Насте, се решил за еден ваков вид на бизнис: МАШИНСКО СТАВАЊЕ НА ГРОЗЈЕ од приколка во бочва Цената е 1 денар за килограм грозје, а со оглед на тоа што овој оглас е од типот „скини ливче – земи бројче“, очигледно…

повеќе...

Време е за ајвар

Време е за ајвар. Убавото време во септември секогаш се користи за правење зимници, а најмногу за надалеку прочуениот ајвар. Без оглед на цената на зеленчукот, речиси секоја година ајварот е првото нешто што се приготвува од зимниците. Во Охрид, моменталната цена на пиперките за ајвар изнесува 28 денари за килограм. WebOhrid

повеќе...