Земјотрес кој траеше десетина секунди вечерва ги вознемири охриѓани во 22:42 часот. Земјотресот е со епицентар во Грција, 37 километри јужно од Битола, а неговиот интензитет изнесуваше 4.1 степен според Рихтер, на длабочина од 2 километри. На овој земјотрес, во 22:39 часот му претходеше послаб земјотрес со епицентар во Македонија, 17 километри југозападно од Битола, чиј интензитет изнесуваше 2.6 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри. WebOhrid
повеќе...Tag: вебохрид
Змија лови риби пред очите на капачите
Водните змии претставуваат составен дел од секој екосистем, па и од екосистемот во и околу Охридското Езеро. Тие можат да се сретнат на диви плажи, плажи со густа вегетација. Често бегаат од капачите и бараат мирно место, како би фатиле некое рипче за да се прехранат. Во овој случај, една змија возбудена со својот улов и брзајќи да го изведе на копно, се појави на една добро посетена охридска плажа. Некои од посетителите на плажата кои за прв пат се соочија со вакво искуство имаа можност да гледаат „Опстанок“ во живо.…
повеќе...Невестинско оро ја блокира улицата „Мирче Ацев“
Најмногу свадби во Охрид се прават кога времето е најжешко, односно среде лето. Речиси и да нема хотел во Охрид во кој нема закажана свадба за време на викендите од мај па се до октомври. Оваа денешна свадба, поточно невестинското оро, за момент го блокира сообраќајот на улицата „Мирче Ацев“. Нека е со среќа! WebOhrid
повеќе...Шумски јагоди – лек од памтивек
Шумските јагоди (Fragaria vesca) се прилично застапени во нашите шуми. Во минатото биле одгледувани во поголема мера, но со тек на време биле заменети со градинарската јагода која дава поголем плод. Но, тој што пробал шумска јагода знае која е разликата помеѓу малечка шумска јагода и голема градинарска јагода. Како црвени жарчиња во шумското зеленило, ова овошје покрај вниманието го поттикнува и апетитот на секој посетител на нашите шуми. Како природен лек шумските јагоди го нормализираат зголемениот крвен притисок, ги намалуваат масните наслаги во крвните садови, го јакнат срцето и…
повеќе...MOTORWEY – македонски автопат
Туристи добредојдовте! Ние знаеме многу странски јазици. Да да, знаеме и англиски! Знаеме и да читаме и да пишуваме, но тоа не го гарантираме и за оние кои ги прават сообраќајните знаци. MOTORWEY – тоа е еден нов збор кој ќе биде во центарот на вниманието на сите оние странски туристи кои возејќи ќе поминат покрај автопатот Кичево-Охрид кој е во фаза на изградба. Грешката не е фатална, поентата се сфаќа, но… важен е впечатокот на прв поглед, зарем не!?! WebOhrid
повеќе...Велосипед на плин или плин на велосипед!?
Сме слушнале за „Супер Бабичка“, но очигледно постои и „Супер Дедо“! Во неговата длабока старост, овој наш сограѓанин вози велосипед на кој има плинска боца која е простум поставена и се разбира добро врзана. Сигурно е лесно човек да се симне со велосипед до бензиските пумпи со празна боца, но за враќање со полна плинска боца, и тоа на угорницата кон Велгошти… е тоа е кондиција! WebOhrid
повеќе...Робот го чува дворот на „Македонски шуми“
Робот кој ѕирка од тревата! Оваа необична глетка може да се забележи поминувајќи покрај дворот од ЈП „Македонски шуми“ ПШС „Галичица“ на улицата „15-ти Корпус“. Станува збор за парче старо железо кое така оставено многу наликува на робот кој ѕирка од тревата. WebOhrid
повеќе...Розов дожд на охридскиот плоштад
Денешниот ветер кој ги „вознемири“ јапонските цреши од плоштадот до пристаништето во Охрид, направи розов „дожд“ од цветови кој претставува вистински феномен. Нашите сограѓани, но и бројните туристи, поминувајќи покрај овие дрвја направија фотографии за спомен од ова романтично попладне во Охрид. WebOhrid
повеќе...Престројување во последен миг
Многу често се случува да се премислиме во последен миг и да се престроиме од една во друга коловозна лента и тоа токму на семафор. Во овој случај, на семафорот кај Охридска банка во Охрид, еден автомобил од Тирана се престрои од една во друга коловозна лента притоа блокирајќи ги и двете. Ваквите ситуации биле и ќе бидат чести, особено во летниот период кога во Охрид се очекуваат многубројни гости од земјава и од соседството кои доаѓаат со свој автомобил. WebOhrid
повеќе...Словенски камп-приколки го „нападнаа“ Охрид
Убавото време во текот на овие празнични денови го користат сите, и граѓаните и туристите. Нашата екипа наиде на група туристи од Словенија, кои со своите камп-приколки го посетија Охрид. Популарните „Кампервани“ за момент беа паркирани на Градскиот плоштад во Охрид, од каде ја продолжија нивната обиколка, разгледувајќи ги убавините на охридско-струшкиот регион и Македонија. WebOhrid
повеќе...