Временските услови и тоа како влијаат врз гумите на возилата. Со оглед на тоа што нема гаража, поаѓајќи од изреката: „Добра гума глава чува!“, сопственикот на ова Југо се решил на ваков начин да ги заштити гумите. WebOhrid
повеќе...Tag: вебохрид
Врнежите продолжуваат – вреќите остануваат!
Сеуште е свежо сеќавањето на обилните врнежи од снег, а особено од дожд, кои предизвикаа поплави низ речиси цела Македонија. Многу наши сограѓани директно се соочија со таква елементарна непогода, а останатите бараа превентивен начин како да се заштитат од надојдените води. Иако имаше период на суво, сончево и стабилно време, оттогаш па се до денес, нашите сограѓани сеуште ги чуваат заштитните насипи. Таков е и овој случај на улицата „Мирче Ацев“, а бидејќи врнежливото време е вообичаено за пролетта, тогаш можно е овие вреќи да останат уште малку подолго.…
повеќе...Бесилка кај „Мини-маркет“
„Мини-маркет“ се издава веќе долго време. Просториите се празни и речиси не привлекуваат никакво внимание… но, тука е еден кабел-бесилка кој многу лесно може да фати за врат некој од случајните минувачи. Доколку оваа „бесилка“ е под напон, тогаш ова претставува спој на класична бесилка и електрична столица, па би се добила електро-бесилка, иновација која можат да ја употребуваат земјите кои сеуште ја применуваат смртната казна. WebOhrid
повеќе...Дрва за огрев пристигнуваат дури и со една коњска сила
По енормно ниските температури во Охрид, особено во текот на изминатиот месец, видно се намалија и залихите на дрва за огрев. Деновиве можеше да се забележи како нашите сограѓани набавуваат повеќе дрва за огрев, а не се бира ниту превозот. Зимата календарски сеуште трае, а убавите сончеви денови се користат за набавка на повеќе дрва за огрев, без разлика дали тие стигнуваат и со една коњска сила. WebOhrid
повеќе...Несреќен пораз за крај за Македонија на Светското првенство во ракомет – Катар 2015
Словенија ја победи Македонија со 30-28 во осминафиналето на Светското првенство во ракомет кое се игра во Катар. Прв напад и први во водство дојдоа нашите ракометари, но Словенците веднаш не само што изедначија туку и ја презедоа иницијативата на овој натпревар. Се играше цврста гол-гол игра, Словенија поведуваше, а Македонија израмнуваше. Македонија на средината од првото полувреме успеа повторно да дојде во водство со резултат 6-7, но Словенија изедначи и повторно дојде до предност од еден гол, а по промашениот пенал од Кире Лазаров, Словенија ја зголеми предноста и…
повеќе...Македонија 26-29 Хрватска
Македонија го претрпе првиот пораз на Светкото ракометно првенство кое се игра во Катар. Нашата репрезентација во цврст натпревар загуби со 26-29 од Хрватска. Добро започна овој натпревар за нашата репрезентација. Македонија го отвори резултатот, играше добро и за брзо време успеа да стигне до 4 голови предност со резултат 9-5. Следуваше тајм-аут за Хрватска после кој противникот успеа да изедначи на 9-9. Следуваше период на гол-гол игра во кој Македонија прва постигнуваше погодок. Сето тоа траеше до последните две минути од првиот дел кога Хрватска успеа да дојде во…
повеќе...Според истражувањата на SBRG геоглифот во Македонија можеби е поврзан со кралско семејство
Мултидисциплинарните студии на геоглифот кој се наоѓа на ридот Канда во Овче Поле, откриваат серија на неверојатни карактеристики на античките структури, вклучувајќи вештачка изградба на ридот за астрономско усогласување со соѕвездието Касиопеја, што може да укажува на врска со македонски член од кралско семејство. Истражувањето беше спроведено од страна на Истражувачката група на СБ (SBRG), меѓународен и интердисциплинарен тим на истражувачи (од Италија, Хрватска, Србија, Финска и Велика Британија), кои ги комбинираа астрономијата, филозофијата, митологијата, математиката и физиката во студијата на древни локалитети и храмови во Европа. SBRG комбинираше повеќе методи, вклучувајќи и…
повеќе...Босна и Херцеговина 22-25 Македонија
Македонската ракометна репрезентација го одигра третиот натпревар на Светското првенство во Катар. Денес нашата репрезентација ја забележа својата трета победа на ова натпреварување, овој пат против Босна и Херцеговина со резултат 22-25. Иако БиХ и Македонија влегоа во овој дуел како „рамо до рамо“ репрезентации, сепак не беше таква сликата на почетокот од натпреварот, особено од лошата игра на Босна и Херцеговина, а за нивниот лош старт доволно зборува и тоа што првиот гол го постигнаа по точно 7 минути игра, додека пак вториот во 11-та минута. Но, за нивна среќа…
повеќе...Иран 31-33 Македонија
Репрезентацијата на Македонија денес ја оствари втората победа во вториот натпревар на Светското првенство во ракомет кое се игра во Катар. Овој пат Македонија го совлада Иран со 33-31. Македонија добро го започна натпреварот, со оглед на тоа што селекторот Обрван се одлучи да стартуваат играчите кои не добија шанса или имаа мала минутажа на првиот натпревар против Тунис. Репрезентацијата на Иран се спротивстави, дојде во водство, но тоа траеше само до средината од првото полувреме. Потоа следуваше рамномерна борба се до финишот од првиот дел кога нашите ракометари ја…
повеќе...Македонија 33-25 Тунис
Македонија стартуваше со победа на Светското првенство во ракомет кое се игра во Катар. Македонската репрезентација одигра одличен натревар и без проблеми го совлада Тунис со резултат 33-25. Иако натпреварот започна со 0-2 предност за Тунис, нашите ракометари успеаа веднаш да воспостават контрола врз играта и веќе кон средината на полувремето имаа предност од 6 голови. Кон крајот на полувремето Тунис успеа минимално да ја намали таа предност и на полувреме се замина со резултат 18-14. Во второто полувреме се играше релативно сличен ракомет како и од средината на првото полувреме,…
повеќе...