Здружението „Зраци“ го одбележа Светскиот ден на здравјето

По повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, креативните раце на корисниците на дневниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ЗРАЦИ“ Охрид дизајнираа производи со кои индиректно го промовираа здравиот начин на живот. Поттикнувањето на креативниот дух, размената на техники и искуства, промовирањето на идејата за заедничка акција во насока на подобрување на здравјето и благосостојбата на сите нас беше целта на ваквата активност. Активноста се оствари во соработка со Локалната самоуправа, а во рамките на проектот „Достигнување креативност преку инклузија на младите во општествениот живот“, финансиран…

повеќе...

Црвен крст Охрид со низа активности по повод Светскиот ден на спортот и здравјето

Како дел од активности во здравствено-превентивната дејност, Црвен крст Охрид во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на спортот и Светскиот ден на здравјето, 7-ми април ќе организира низа активности насочени пред се кон подигање на нивото на свест кај населението за практикување на здрави животни навики и правилна грижа за своето здравје. Како поддршка на активностите на Асоцијацијата на спортови СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ, на 6-ти април, по повод светскиот ден за спортот, со почеток во 17:00 часот, во кругот на ОУ „Григор Прличев“, Тимовите за…

повеќе...

Тодоров: Со новиот центар ќе се подобри успешноста на трансплантациите

Трансплантацијата е проект кој сериозно го поддржувам и кој успеавме да го дигнеме на високо ниво од аспект на број на трансплантации, иако пред тоа имаше три, четири или пет трансплантации, сега годишно имаме 40 трансплантации, што значи дека има волја од страна на државата трансплантацијата сериозно да се развива и да се зголемува бројот. Ова го изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека она што многу го загрижува е високиот процент на морталитет. Петнаесет проценти, посочи, е смртноста, а во светски рамки е под еден отсто. Според…

повеќе...

Бесплатни здравствени прегледи на стари лица во Охрид и Дебрца

Денес се заокружуваат активностите кои се реализираа во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица во организација на Црвен крст Охрид. Во тек се бесплатни здравствени прегледи на стари лица во општината Дебрца, кои ги изведува медицински тим на Црвен крст Охрид, кој го сочинуваат лекар-кардиолог од Клиниката за кардиологија во Скопје, лекар-невролог од Здружението „Мозочен удар“ од Охрид и медицинска сестра. Прегледите ќе се изведуваат и во Охрид на плоштадот Крушевска Република (Чинар) денес од 13:00 часот. Покрај едукативните материјали и совети од стручните лица, на старите…

повеќе...

Известување за спроведување на превентивна системска дератизација на подрачјето на Општина Орхид

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл.весник на РМ бр. 66/04,139/08, 99/09 и 149/14) екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид во соработка со Општина Охрид во понеделник, вторник и среда ќе спроведат системска дератизација во стариот дел на градот, населба „Билјанини извори“, „Гоце Делчев“, „Воска“ и „Далјан“ како и по Булевар „Туристичка“, улиците „Питу Гули“,„Железничка“, „Јане Сандански“, „7-ми Ноември“, „Марко Нестороски“, „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Момчило Јорданоски“ и „Прва Македонска Бригада“.

повеќе...

Во Охрид ќе се изврши превентивна системска дератизација

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014), а врз одлука на Советот на општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на општина Охрид како општа противепидемиска мерка, екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид на 23 и 24 септември (среда и четврток) ќе спроведе системска дератизација во стариот дел на градот, населба Билјанини извори, Гоце Делчев, Воска и Даљан како и по улиците Туристичка, Питу Гули, Железничка, Јане Сандански, 7-ми Ноември, Марко Нестороски, Кеј Македонија,…

повеќе...

ЈЗУ Здравствен Дом Охрид започна со примената на петтовалентните вакцини

ЈЗУ Здравствен Дом Охрид започна со примена на петтовалентните вакцини, согласно календарот за имунизација. Шестовалентните вакцини веќе се применуваат од 1.08.2015. Со употреба на петтовалентни и шестовалентни вакцини, бројот на инјектирања во првата година се намалува од 13 на 7, а исто така се намалени и несаканите дејства. Имунизацијата не е проследена со покачена температура, а во ретки случаи може да се појави краткотрајно црвенило и болка.

повеќе...

Побрза исплата на надоместоци за боледувања и породилно отсуство

Проектот „Побрза исплата на надоместоци за боледувања и породилни отсуства“ е дел од програмата на Владата и е во надлежност на Фондот. Денес го промовираме новото софтверско решение со кое комплетно ја дигитализираме работата во делот на исплатата на боледувањата и породилните отсуства, процес кој ни овозможува ефикасна и прецизна обработка на податоците и што е најважно, побрза исплата на средствата по овој основ за нашите осигуреници, истакна директорот на ФЗОМ, д-р Сашо Стефаноски. Ова е уште еден проект со кој ги кратиме бирократските процедури а, директен бенефит од ова…

повеќе...

Нова мерка на МЗ – 20 отсто понизок надомест за приватна специјализација

Сите специјализанти кои во моментот се запишани или во иднина ќе се запишат на приватна специјализација да плаќаат за 20 отсто понизок финансиски надоместок од оној кој досега го плаќале. Ова се предвидува со најновите измени на Законот за здравствена заштита, кои беа разгледани на седница на Владата, а за кои во наредниот период ќе се одржи поширока јавна дебата. Станува збор за нова мерка од која бенефит ќе има поголема група млади луѓе кои во моментот се во тек на специјализација во некоја медицинска област или во иднина ќе…

повеќе...

Авионско запрашување против комарци – пчеларите да ги заштитат пчелите

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид и Дебрца дека на 20-ти август (четврток) во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци. Авионската адултна дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и…

повеќе...