Палмите заштитени од ниските температури

По препораките кои ги добивме од ЈП „Македонски шуми“, екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ ги заштитија засадените палми со обвиткување на стеблата со јутени вреќи. Со овие активности превентивно ќе се заштитат овие тропски егзотични видови од ниските зимски температури, велат од претпријатието.

повеќе...

Календарски почнува зимата

Рано утрово, календарски започнува зимата, поточно во 5 часот и 48 минути. Истиот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото. Во Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од средата (23.12), денот ќе почне да се зголемува за 2-3 минути дневно, се до 22 јуни 2016 година,…

повеќе...

Првиот снег се очекува кон средината на јануари

Зимата кај нас официјално почнува во вторник, на 22 декември, во 5 часот и 48 минути. Истиот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото. Во Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од средата (23.12), денот ќе почне да се зголемува за 2-3 минути дневно,…

повеќе...

Од 8ми до 11ти декември „Зимски поетски фестивал“ во Скопје

Од утре 8ми до 11ти декември во Скопје ќе се одржува нов Зимски поетски фестивал, во рамките на манифестацијата Струшки вечери на поезијата. Зимскиот поетски фестивал (ЗПФ) е востановен како дел од настојувањата за институцијата Струшки вечери на поезијата за интензивна културна активност на СВП насекаде во земјава и преку целата година. „Во таа насока настаните кои се одржуваа во август неможе да го покријат интересот на целата публика, особено не на академската, која претставува целна публика на Зимскиот фесивал и ќе овозможи нов начин на презентција на поетските вредности…

повеќе...

Во периодот од 15 ноември до 15 март возилата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека, согласно член 361 став (1) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15), моторните возила и мобилните машини кога учествуваат во сообраќај на пат, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи („Службен весник на…

повеќе...

Од 15-ти ноември задолжителна зимска опрема за возилата

Од 15-ти Ноември започнува законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15-ти Март следната година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места. Што се подразбира под зимска опрема можете да прочитате во Правилникот за задолжителна опрема во возилото.

повеќе...

Вечерва започнува зимското сметање на времето

Вечерва, во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, со што и официјално почнува зимското сметање на времето. Денот ќе трае пократко, ќе почне да се стемнува во 16:30. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

повеќе...

Следната недела започнува зимското сметање на времето

Во недела, 25-ти октомври завршува летното и почнува зимското сметање на времето. Во сабота кон недела, во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, со што и официјално почнува зимското мерење на времето. За спанковците тоа е добра вест, бидејќи ќе има еден час повеќе за спиење. За оние кои сакаат активен живот, тоа баш и не е добра вест, бидејќи ќе почне да се стемнува во 16:30, а денот ќе има еден час помалку.

повеќе...

Започна зимскиот распуст за учениците

Од вчера за сите ученици од основните и средните училишта, започна тринеделниот зимски распуст. Учениците ќе се вратат на настава на 20-ти јануари, во вторник, кога почнува второто полугодие.

повеќе...

Следува период на студено време со повремен снег

Од Управа за хидрометеоролошки работи известуваат дека утре попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на студена воздушна маса која брзо ќе се спушта од север со умерен повремено засилен северен ветер, при што ќе има значителна промена на времето со нагло опаѓање на температурата. Врнежите од дожд и снег ќе започнат од запад и северозапад и кон крајот на денот на повеќето пониски места, ќе преминуваат во снег и ќе се формира тенка снежна покривка. На планините врнежите ќе бидат само од снег. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта,…

повеќе...