Остатоците од „Коста Конкордија“ ќе бидат отстранети

Остатоците од „Коста Конкордија“ ќе бидат отстранети од островот Џило најкасно до септември, соопшти италијанската агенција за цивилна заштита, ден пред годишнината од бродоломот во кој животот го загубија 32 лица.

Оваа операција ќе биде изведена во периодот од јуни до септември, ако тоа го дозволат временските услови. Досега се одлагаше поради бројните технички проверки, бидејќи никогаш не е извлекуван патнички брод со ваква големина.

Во акцијата учествуваат 400 луѓе кои се специјализирани и работат за американската компанија „Титан“ како и за италијанската „Микопери“.

Операцијата е финансирана од осигурителната компанија „Коста Крочере“, која е најголем европски оператор за крстарења.

Бродот со должина од 290 метри, со тежина двојно поголема од „Титаник“, со 4229 патници од 70 земји, удри во морски гребен во близина на островот Џило и се преврти на страна, ноќта на 13-ти јануари 2012 година.