Демократската опозиција на Венецуела е овогодишен добитник на наградата „Сахаров“, која ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата. „Со доделувањето на наградата Сахаров за слобода на мислата на Демократската опозиција во Венецуела, ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка на демократски избраното Национално собрание на Венецуела. Исто така, повикуваме на мирен транзит кон демократијата, која венецуелскиот народ очајно ја посакува“, – истакна претседателот на Европарламентот, Антонио Тајани. „Оваа награда не само што ја признава храбрата борба на Демократската опозиција на Венецуела, туку Европскиот парламент, исто така, сака да му оддаде почит на…
повеќе...Category: Регион/Свет
Светски ден на градовите
Свесни за значењето на основните урбанистички услуги како основа за севкупниот општествен и економски развој, Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата 68/239 од 27 декември 2013 година, го назначи 31 Октомври како Светски ден на градовите, кој започна да се одбележува во 2014 година. Планираната урбанизација драстично го зголемува капацитетот на градовите за да се генерираат вработувањето и благосостојбата, и да се поттикне различноста и социјалната кохезија меѓу различните класи, култури, етнички групи и религии. Градовите создадени со цел да се живее заедно создаваат можности, овозможуваат поврзување и интеракција,…
повеќе...Светски ден на аудиовизуелното наследство
Аудио-визуелните документи, како што се филмовите, радио и телевизиските програми, се наше заедничко наследство и ги содржат основните податоци на 20 и 21 век. Тие помагаат да се одржи на културниот идентитет на еден народ; но безброј документарни богатства се исчезнати од пронаоѓањето на технологиите за слика и звук кои им дозволуваат на народите ширум светот подобро да ги споделат своите искуства, креативност и знаење. Темата за оваа година е: „Откријте, запомнете и споделете“. Генералната конференција на УНЕСКО го одобри одбележувањето на Светскиот ден за аудиовизуелно наследство во 2005 година…
повеќе...МД „Илинден“ – Тирана достави барање до претседателот Илир Мета за ревидирање на Законот за заштита на малцинствата
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана и неговиот огранок за Голо Брдо, доставија барање до албанскиот претседател Илир Мета, во кое се бара согласно неговите уставни надлежности, да го врати во Парламентот на повторно разгледување Законот за заштита на малцинствата. Во барањето се посочува дека Законот, кој е усвоен на 13 октомври 2017 година го сметаат за многу значаен за малцинставата во Република Албанија. Поради тоа не може да се дозволи искривување на вистината со прзинавање на непостоечко бугарско малцнство во областите Преспа, Голо Брдо и Гора, кои се населени со…
повеќе...Ден на Обединетите нации
Денот на Обединетите нации ја одбележува годишнината од 1945 година, од стапувањето на сила на Повелбата на ОН. Обединетите нации официјално се формирани со ратификацијата на овој основачки документ од страна на поголемиот дел од неговите потписници, вклучувајќи ги и петте постојани членки на Советот за безбедност. 24 Октомври се прославува како Ден на Обединетите нации од 1948 година. Во 1971 година, Генералното собрание на Обединетите нации препорача Денот да се почитува како државен празник од страна на земјите-членки. WebOhrid
повеќе...Светски ден за информативен развој
Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година го основа Светскиот ден за информативен развој, за да го привлече вниманието на светот кон развојните проблеми и потребата за зајакнување на меѓународната соработка за нивно решавање (резолуција 3038 (XXVII)). Собранието одлучи дека датумот за овој Ден треба да се совпадне со Денот на Обединетите нации, 24 октомври, кој исто така беше датумот на усвојување во 1970 година, на Меѓународната стратегија за развој на втората Декада за развој на Обединетите нации. Собранието смета дека подобрувањето на ширењето на информациите и мобилизирањето на…
повеќе...Три финалисти за филмската награда „Лукс“
Европскиот парламент и годинава традиционално ќе ја додели наградата „Лукс“ за најдобар европски филм во кој се ставаат на предизвик нашите предрасуди и се покренуваат прашања за европскиот идентитет. Овогодишни финалисти се: „Sámi Blood“, „Western“ и „BPM (Beats per minute)“, филмови со силни ликови кои се борат за својот идентитет. „Sámi Blood“ е филм на шведската режисерка Аманда Кернел, во кој станува збор за 14-годишната девојка Лап, којашто сонувајќи за еден поинаков живот, ја напушта својата заедница, но притоа се соочува со расизам; „Western“ во режија на Германката Валеска Гризебах,…
повеќе...Пакет мерки за безбедносна заштита на граѓаните на ЕУ
Европската комисија предложи пакет оперативни и практични мерки за борба против тероризмот, кои треба да се спроведат во текот на следните 16 месеци за подобра заштита на граѓаните на Европската Унија, со крајна цел обезбедување ефективна и вистинска безбедносна унија. Овие мерки ќе им помогнат на земјите-членки да ги адресираат слабостите изложени од терористичките напади и ќе делуваат на подобрувањето на безбедноста. Пакетот мерки вклучува: Поддршка на земјите членки во заштита на јавните простори; Затворање на просторот во кој терористите можат да работат, со ограничување на пристапот до експлозивни прекурзори…
повеќе...Апел за помош за жртвите на трговија со луѓе
По повод Денот на Европската Унија за борба против трговијата со луѓе, кој се одбележа на 18 октомври, европратениците упатија апел до земјите од ЕУ за подобро спроведување на постојните закони и зголемување на поддршката за жртвите. Според извештајот на Европската комисија, помеѓу 2013 и 2014 година, земјите од ЕУ пријавиле 15.846 жртви на трговија со луѓе, од кои 76% се жени и девојчиња, но се претпоставува дека вистинскиот број на жртви е далеку поголем. Статистиката вели дека две од три (67%) регистрирани жртви биле тргувани за сексуална експлоатација, 21%…
повеќе...Македонка загина на патот Белград-Ниш
Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа која се случи на патот Белград-Ниш кај Умчари. Како што јавуваат српските медиуми, вечерва околу 18:00 часот, автомобил „Ауди А6“ со македонски регистарски ознаки излетал од коловозот, при што загинала една жена, а останатите тројца патници се потешко повредени. Неофицијално, сите лица кои биле во автомобилот се македонски државјани. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Белград. WebOhrid
повеќе...