Апел на „Форца Египќани“, ОПЕМ и Светла Иднина 2009 Охрид

Претседателот на Форца Египќани, г-дин Петрит Хусеин, како потенцијален носител на Независна листа на грагани, Демир Далип и Атеме Арслан, како невладина коалиција, која за приротет им се заштита на основните човекови права и слободи на Египќаните, со оглед на новонастанатите состојби, кои се отсликуваат со невиден притисок врз Египќаните, со посебен акцент во град Охрид, каде неофицијално Египќаните се втори по бројност, од одредени криминогени групи како и силен психолошки притисок од одредени Јавни Претпријатија, каде се вработени голем број Египќани, а истите, мимо нивниот волјев акт, се носат по митинзи, наводни маршеви, а особено, според одредени сознанија, се притиска на нивната слободна волја на гласачко право, па поради тоа се АПЕЛИРА, до сите надлежни органи, согласно нивните надлежности, да се постапи и да се ослободи Египќанскиот етникум од ваквите недемократски постапки.

Исто така, од ова коалиција се наведува дека, Египќаните, иако во континуитет и мошне активно се залагаат да бидат дел од еден поголем политички субјект, да бидат прифатени и на тој начин интегрирани во институциите на системот, за жал, до овој момент, поради непознати нејасни околности, истите не се адекватно третирани и сфатени. 

Поради горенаведеното, активно се размислува да се потпише Меморандум за Соработка помегу Египќаните и партијата на пратеникот Амди Бајрам, Сојуз на Ромите, како парламентарна партија, која би зела одговорност, да ги штити и да се бори за правата на Египќаните, Согласно Уставот на Република Македонија.

Со почит, Петрит Хусеин, Демир Далип и Атеме Арслан.

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.