Од денес кометата Панстарс видлива над Европа

Кометата Панстарс наредните неколку денови ќе биде видлива со голо око. Станува збор за нова комета која до сега не е видена, а за луѓето кои живеат на северната хемисфера од Земјата најсјајна ќе биде од денес до 13 март, а ќе остане видлива до крајот на месецот.

Над Европа, според најавата на астрономите, кометата ќе може најдобро да се види на 12-ти и 13-ти март, кога ќе помине покрај Месечината.

Кометата „PanSTARRS“ на 10-ти март ќе помине на најблиско растојание до Сонцето, на оддалеченост од 45 милиони километри.

Своето име оваа комета го носи по телескопот од Универзитетот на Хаваи, со кој е откриена во 2011 година. Ова е прва комета која ќе биде видлива оваа година, пред долго очекуваната комета ИСОН, која би требало да биде видлива во ноември.