Кинеските туристи најголеми потрошувачи

Кинеските туристи се повеќе патуваат ширум светот, а минатата година најмногу пари потрошиле на патувања во странство, надминувајќи ги Германците и Американците.

Бројот на кинески туристи минатата година надминал 83 милиони, што е драстичен скок во однос на 2000 година, кога таа бројка изнесуваше само 10 милиони, соопштува Светската туристичка организација.

Кинеските туристи во 2012 година во странство потрошиле 102 милијарди долари, тоа е 41% повеќе отколку во 2011. Второто место го делат американските и германските туристи со потрошени 84 милијарди долари.

Поради економската криза, Европјаните се помалку патуваат и трошат во странство.