Монета од 5 центи од 1913 година продадена за 3 милиони долари

Монета од пет американски центи со главата од Кипот на слободата од 1913 година, продадена е на аукција во Чикаго за три милиони долари.

Оваа монета е една од најпознатите ретки кованици во американската нумизматика и постојат само уште 5 вакви во САД.

Американската ковачница ги произвела овие монети во ограничена серија.

Монетата е пронајдена во остатоците од еден автомобил кој учествувал во сообраќајна несреќа во 1962 година.

Рекордот го држи златникот од 20 долари, изработен во 1933 година, кој е продаден за осум милиони долари.