Хрватска официјално 28 членка во ЕУ

Десетици илјади граѓани на плоштадот Бан Јелачиќ го прославија влезот на Хрватска во Европската Унија. Хрватска конечно е 28 полноправна членка на Европската Унија.

Централната прослава започна вчера на пладне во Загреб, а свое обраќање имаа премиерот Зоран Милановиќ и претседателот Иво Јосиповиќ, како и претседателот на ЕУ, Херман ван Ромпуј, претседателот на Евро Парламентот, Мартин Шулц и претседателот на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо.

Влезот на Хрватса во ЕУ точно на полноќ беше означен со спектакуларен огномет.