Индија заплени вооружен американски брод

Индиските власти запленија вооружен брод сопственост на една американска компанија за поморска безбедност. Приведени се 35 лица кои се наоѓале на бродот, поради немање на документација за поседување и носење оружје и муниција во водите на Индија.

Најпрво членовите на екипажот изјавиле дека имаат документација, но откако по запирањето на бродот изминале 24 часа следувало негово запленување. На бродот биле 10 членови на екипажот и 25 вооружени чувари, меѓу кои државјани на Британија, Естонија, Индија и Украина.

На југот од Индија се наоѓа еден од главните поморски патишта за трговија од Азија за Европа, а многу бродови пловат со вооружени чувари како би се одбраниле од пирати. Запленетиот брод, кој плови под знамето на Сиера Леоне, е во сопственост на американска компанија од Вирџинија, која е специјализирана за операции против пирати.