Колумна: Лојалноста на Египќаните – главен адут за нивна интеграција и колективен просперитет

 Драги мои, Лојалноста на индивидуата, дефинирана како „внатрешна поврзаност“ и изразување на таа поврзаност низ односот кон другата индивидуа, општеството во целина, без разлика на нејзината карактерна црта, таа е или хомогена или е хетерогена, која е ужасно тешко за одржување во живот, имајќи ги во предвид дискурсот на  разлики, помеѓу етникумите, во едно мултиетничко општество, како што е  всушност македонското, иако според мене, токму тие разлики, се клучниот елемент, за развој на функционалната Демократија, и конечно, лојалноста  во суштина претставува израз на дефинирање на  доброволен волјев акт на доверба и почит на институциите на системот и позиционирање на „бранители на ставовите  на заедницата“ и во услови на различни мислења, и ставови на индивидуата, која од своја страна, во услови на „Македонското мултиетничко општество“ припаѓа на одреден  колективитет, кој од своја страна ги дели индивидуите на „ваши“ или „наши“ или конкретно форсирање на колективните права виза ви индивидуалните. Токму тој „феномен“ го ограничува граѓанинот индивидуалец, да се мотивира да придонесе, напредува, самореализира, надградува во интерес на државата, а низ тој процес и самиот себе, што конкретно, овозможува интеграција согласно квалитетот виза ви квантитетот.

 Системот, драги мои, колку и да се трудите да го унапредувате, истиот тој, „крахира“ кога ќе ги ставите на „страна“ одредени квалитетни индивидуалци, граѓани на ова наша држава, единствено поради  некои „проценти“. Ах, тие проценти…

 Од друга страна, ноторен е фактот дека Египќаните во Р.Македонија, демонстрираат безусловна лојалност, ги исполнуваат своите граѓански должности безусловно, плаќаат даноци, ја почитуваат државата, инвестираат во нејзиниот траен мир и благосостојба, иако траен мир има само во услови на хармонизирани односи во исклучиво хомогени општества, додека во хетерогените општества, по правило владее феноменот на „секој против секого“, која го уназадува економскиот, политичкиот, културниот и целокупниот општествен развој.

 Согласно горенаведеното, неминовно се поставува прашањето ШТО ДОБИВААТ ЕГИПЌАНИТЕ ЗА СВОЈАТА ЛОЈАЛНОСТ? 

 Ако го анализираме времето од осамостојувањето на Р.Македонија до денес, ќе наидеме на неминовниот објективен, несубјективачки заклучок, дека Египќаните во Македонија се всушност колективитет кој претрпи и е во фаза на „трпење“ на штети од процесот на  болната транзиција во нашата држава. Но, од друга страна, токму таквата ПОТВРДЕНА ЛОЈАЛНОСТ, е силен аргумент, за да се поклони целосна доверба на околу 25.000 Египќани, сконцентрирани, во Охрид, Ресен, Битола, Струга, Кичево, но и на ниво на Р.Македонија.

 Вината за нивната „ужасно тешка општествено, економска, културолошка, политичка и интегрирачка позиционираност“ делумно е лоцирана и во самиот етникум, длабоко пенетрирани во најдлабоките слоеви на колективитетот. Конкретно „сезонските индивидуалматеријалистички политички емисари“ кои „зрачат“ со својата лицемерна понизност пред сериозните политички фактори, кои ги охрабруваат оние „не наши“ да се прогласат за спасители и најавување на крајот на страдањата на Египќанскиот народ, а нивната крајна цел се само гласовите на Египќаните, за потоа, во и на нивно име, буквално ги „силуваат институциите на системот“ поради остварување на нивните интереси, и пак под превезот „во име на Египќаните“ што дефинитивно ги лоцира Египќаните како „неконкурентни“, „несериозни“ и „незрели“ во процесот на нивната борба за остварување на своите права, кои со Устав им се загарантирани. Драги мои, ова голгота мора да престане. Лојалноста има своја благородна и конструктивна карактеристика, која цена нема. Таа лојалност, не смее да се перцепира како „ХЕНДИКЕП“ или како „невозвратено нешто“ и да се демотивира етникумот. Напротив. Египќаните со својата лојалност, ќе ги „иритираат“ сериозните политички фактори, на кои, припадниците на овој етникум, безрезервно подариле доверба, да се активира во насока на нивна консолидација, по можност на „елегантна“ елиминација на квазиполитичарите, сезонските политичари, кои  потекнуваат од најнеморалниот слој кај Египќанскиот етникум, отргнување на т.н. мисионери од „не нашите“ и конечно, земање под свое на овој ранлив, маргинилизиран етникум, кој буквално има потреба од помош и поддршка на факторите на моќ. Таа взаемна, еднаш воспоставена доверба, треба на ефективен начин да се негува и надградува, а тоа носи резултат, како во процесот на интеграција на Египќаните, така и во насока на подигање на пиедестал на оној кој помогнал во одредено време и на определен пријателски, но и политички одржлив и оправдан метод.

 Токму затоа, лично сум непоправлив оптимист, дека наскоро, ќе се преземе ваков оправдан политички чекор на одреден политички фактор, за поддршка на Египќаните, со што би значело интеграција, и крај на „страдањата“ на овој мирољубив, пријателски настроен, работољубив народ, кој е КРАЈНО ЛОЈАЛЕН НА МАКЕДОНИЈА…

 Со почит, Демир Далип – овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка.

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.