Дедо Мразовци ограбиле златарница во Тирана

Вооружени крадци облечени како Дедо Мразовци ограбиле една златарница во предградието на албанскиот главен град Тирана.

Инцидентот се случил на Бадник (24 декември) во трговскиот центар „Тирана Ист Гејт“, во кој крадците успеале да го поминат обезбедувањето облечени како Дедо Мразовци, иако биле вооружени со два „калашникови“. Тие успеале да одземат накит вреден 410 илјади долари.

Според снимките од безбедносните камери, крадците по влегувањето во златарницата впериле оружје во вработените, а потоа почнале да земаат големи количини на златен накит.

За само две минути тие побегнале и се упатиле кон возилото каде ги чекал уште еден соучесник. Подоцна, автомобилот бил пронајден запален.

Албанската полиција работи на расветлување на случајот.