Во специјално изработен бункер пронајдени 295 кутии цигари

Регионалниот Центар за Гранични работи Исток и ПС за ГП и ГН Делчево во содејство со царинските службеници од Царинската испостава Делчево, на излез од Р.Македонија на ГП Делчево при вршење на детална контрола на ПМВ „рено лагуна” со делчевски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(28) од Делчево во специјално изработен бункер под задното седиште од возилото, пронајде 295 кутии цигари со македонски бандероли од кои 99 кутии марка “Јорк”, 79 кутии марка “ЛД”, 67 кутии марка “Родео” и 50 кутии марка “Дива слимс”. Возилото и пронајдените цигари во него се одземени и превземени од страна  на Царинската испостава Делчево за понатамошна постапка.