Ќе се уриваат дивоградби во стариот дел, почнувајќи од „Мостот на желбите“

Граѓани кои живеат во Месна Заедница „Стар град“ се пожалија до Општина Охрид дека некој изградил дополнителен крак на „Мостот на желбите“. Кракот не е предвиден во ниту еден план и е дивоградба, исто како и целиот објект кој е наречен „Мост на желбите“.

„Инспекторатот излезе на терен и ќе отпочне со постапка за уривање на нелегално изградениот објект, за кој нема никаква дозвола, а покрај тоа за оваа дивоградба не постои никаков елаборат за сигурност ниту план по кој е граден. Објектот е и опасност за граѓаните бидејќи на него се уриваат камења од карпите под кои е изграден без никаков проект“. – велат од општинскиот Инспекторат.

Од таму најавуваат дека наскоро ќе стартува акција за уривање на повеќе дивоградби на подрачјето на Охрид кои се почнати да се градат по донесувањето на новиот Закон за легализација или пред тоа, а за кои нема поведено постапка за легализирање.