До сабота сончево и многу топло време

Во Македонија денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните делови ќе дува и слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13 до 21 целзиусов степен, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27 односно до 37 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во вторник не очекува сончево и топло, со слаб ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22, а максималните дневни температури ќе се движат од 28 до 38 степени.

Во среда ќе имаме исто така сончево и многу топло време, со слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат до 24, а максималните дневни температури од 29 до 39 степени целзиусови.

Сончево и топло ќе преовладува и во четврток кога максималните дневни температури ќе се движат од до 40 степени. Ќе дува и слаб ветер од променлив правец.

Во петок во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со слаб северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 16 до 24, а максималните дневни температури ќе достигнат до 39 степени. УВ индекс ќе изнесува 9.

Од сабота пак, се очекува промена на временската состојба и пад на температурите.